Се плашеше скришум, длабоко во себе, Татко да не ја оплоди мислата за јагулите со друг, со трет, па да се најдат во непредвидливи тешкотии.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како да се криеше дамна исчезнатото време во заемката која жилаво се одржуваше во новиот јазик и покрај сите можни погроми, јазични чистења, пуризми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дали се наследува овој Мајкин јазик, дали се учи и дали се доучува во непредвидливите меандри на минливоста на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во оваа медитеранска земја вистински катарзираше со години пластената историја, за потем да се разлее во непредвидливи настани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секој збор одвлекуваше во непредвидлива семантичка стапица, од која не можеше да се излезе лесно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)