Соколе ја сфати суровоста на овој миг, кога треба да ја испита во најнеобична мерка вистината, која и инаку ја знае.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Цигарите беа мошне квалитетни и добро наполнети, во необична свиленикава хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Телекранот во дневната соба беше поставен од некоја причина во необична позиција.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И сега, по многу години, се најде со Климент Камилски, во необична мисија да ги спасуваат мајчините јазици од опасните османотурцизми?!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во ова пеење различните гласови, кои поаѓаа во различно време, се следеа еден со друг, но никако да се стигнат, како и брановите на синото езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сите знаат дека вообразувањата и самоизмамите се многу честа појава во необичниот свет на затворот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и никогаш во таквите тврдења не смееш да играш на картата на сигурноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татковите книги криеја некаков поредок што беше во необична врска со редот, среќата на нашето семејство.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)