Цела ноќ ветерот завиваше, дождот плискаше и сите тие шумови се плетеа во немирниот сон на момчето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се завива со сѐ што има внатре, но ништо не помага: ѝ се тресе снагата, ѝ штракаат вилиците; од студ се буди; гледа: Бандо во немирниот сон ја исклоцал со нозете покривката од неа и ја оставил гола.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Козар маало тонеше во немирен сон. Сите соништа беа различни, но во сите главни јунаци беа нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)