Шифра: Господарот на камшиците", гласеше огласот кој го испрати по СМС во неделниот додаток на весникот кој редовно го купуваше и го читаше оптегнат на троседот во пижами и влечки, додека жена му трчаше по децата, готвеше и пеглаше.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Излегува дека во Скопје сум пристигнал исто во неделен ден.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Чудесно во неделната отпочинка во сопствената соба- оаза е ретка можноста повторно да трагаме по нашите фиоки, книги, по себе во топлите отисоци на предметите и чувствата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)