На некое повисоко драмско ниво сè се брише, речиси секој има двојно лице, како во, на пример, највеличественото дело на маниризмот (освен “Хамлет”, се разбира), “Мера за мера”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А само во најуспешните, можеме да го чуеме одекот на поезијата под соспите на вистинската проза, или одѕвонот на приказната во нешто што е само поетски спомен за неа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тескобноста и интелектуализмот - сосема автентичната тескобност на опстојувањето но и разиграно-очајничка склоност или очајнички-разиграна склоност таа angos- cia (тескоба, мака, тага, јад, мора) некако да се надмине - двете склоности водат во опасност од расцепување на свеста. (...) Ако пак споредуваме со нашиот век, можеме да речеме дека во најуспешните криминалистички романи поезијата на бесмислата често изнедадува, тоа е “meravi- glia” за интелектот, средство за возбудување на сетилата, за фантазијата пејсаж со “монструми”, а за разумот “inganno” (мамка).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)