Наместо да водиме борба со емоциите на лутина, гнев, омраза во најразлични форми треба од најлошите работи да го извлечеме најдоброто.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Внатре, Велветите свиреа толку лудо и гласно, што престанав да се прашувам колку изнесува таа бука во децибели.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас, како и обично, сето тоа го гледав од балконот, или го одработував својот дел зад проекторот пуштајќи ги филмовите како Harlot, The Shoplifter, Couch, Banana, Blow job, Sleep, Empire, Kiss, Whips, Face, и тоа сè во најразлични бои.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го замислуваше во најразлични варијанти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Извршителите на крвната одмазда беа ликвидирани без судски процеси, станувајќи дел од трајното жртвување на Балканот во најразлични облици...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во собата имаше земјен под на кој имаше черги во најразлични живи бои.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во ваквото (типично постоунволско читање), пресудниот праг се преминува кога Веда ѝ вели на Милдред, со измешани пакост, провокација, агресија, инсинуација и заводливост: „Сигурно ли сакаш да слушнеш? [Милдред: „Сакам“.] Еве, тогаш, ќе ти кажам“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Следователното признание на Веда Милдред го дочекува со еднаква искреност, во оној нејзин сјајно кампски одговор (што може да се повторува и преизведува во најразлични околности): „Веда, стварно како првпат во животов да те гледам вистински и евтина си и ужасна си“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, привлечноста на овие сцени за геј-мажите произлегува од нивното лично препознавање на вртоглавата, силна смелост на онаа шеметна решителност кога најпосле ќе се наканите да го изустите она што толку долго ви се собирало внатре.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Вистинска будалетинка сум, нели?“ Јас не одговарав, само се смеев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се свртев и се засмеав – за нозете му се имаа припиено тесните розеви панталони, кошулата беше во најразлични бои, а над сериозното лице со брада и наочари се издигаше капа со два портокалови израстока, кои завршуваа со зелени туфни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Својствата на музиката
му се спротивставува
на календарското време
и начин на живеење;
сѐ подредува на себеси;
од еден и еден прави
еден човек;
не ја злоупотребува искреноста;
ја ублажува сличноста
меѓу несреќата и страста;
ја збогатува крвната слика
на емоциите;
луѓето ги дели по слухот;
процес е кој трае
без оглед на злосторствата
исчезнувањата, паѓањата
во неа емигрираат
немуштиот јазик
и душите
потребни ѝ се помошни средства
луѓе и тишина;
се нуди
во најразлични изведби;
предизвикува природни феномени
затемнување на сонцето
на љубовта, рамноденица
труење со хармонија
музиката е без предрасуди
не озборува, не осудува
избезумува
те заведува, те заведува
и кога си во нејзини раце
те остава сам, со себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Перверзно вжарени боски на едно место
возбудлива комбинација на црвено со зелено
во најразлични нијанси кои
ни име немаат, ама постојат
гледај!
и одблесоци од сонце
вжештен зрак
и инстинктивен страв
пред вишокот
Господи.
Грешен зачеток: моќта на јазикот
Јазикот е створен од фигури
- живи и мртви.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со намалувањето на продажбата и лошото раководење настанаа услови за влошување на работната атмосфера и условите за работа, како и нередовност на платите и нивно исплаќање во најразлични производи од компании кои своите обврски ги подмируваа со компензација т.е. взаемно пребивање на побарувањата или нивно намирување во натурален облик.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот Љ Х од Велес (сега 50-годишен) беше во стален работен однос во АД „Киро Ќучук“ – една од велешките големи компании од градежниот сектор, со над 800 вработени кои, во транзицијата, неуспешно се трансформираа од страна на локални моќници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имаше остварен работен стаж од 28 години во истото ова претпријатие, кадешто работеше како комерцијалист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Од сето тоа произлегува“, вели Кауфман „дека средната прилагоденост во најразлични спарени системи се наоѓа околу фазниот премин меѓу редот и хаосот.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)