во (предл.) - надворешен (прид.)

Но таа неуредност, манијакалност - како во надворешниот изглед, така и во уметничкиот настап - само е оклоп зад кој се крие најчувствителен човек.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тие, како и бродот Галеб, Синиот воз, кој јуреше низ главните градови на републиките, кај кои дезинтегративните процеси стануваа блиска реалност, повеќе служеа како декор за да се сведочи за некогашниот авторитет и моќ, отколку како симболи на реалната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Елијас Канети Пролог Има мигови во животот кога долго потиснуваната вистина во себе предизвикана од необични настани силно избива во надворешниот свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Кога оној вториот, со помош на куклата ќе излезе во надворешниот свет, човекот само одеднаш ќе забележи дека настапил моментот кога куклата зборува без било чија помош... dummy, со други зборови оној што го примопредава животот, станува самостоен и способен да дејствува без нечија помош. што мислиш дека ќе направи?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)