во (предл.) - луд (прид.)

Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Страстите пак надвладуваат. Влегувате во лудиот натпревар. Сите возат брзо па и ти самиот го правиш тоа...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седнуваше крај Блосоените врби, гледаше во езерото што белскаше на сонцето, во галебите што гракаа во луда игра, кинеше од врбовите гранчиња, ги навиткуваше на прстот, правеше напрстоци и ја чекаше Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во лудава ноќ песот излезе на песокта Слепецот заскитан во својот неповторлив свет Мирно ја прелистуваше книгата на темнината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)