Ко лице и песната бестрасна беше, но река в кристално корито, чинам, што тече низ песок, гонејќи ја полека-лека жедта на тие што минат.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Го гледам вретенестото тело на жената, толку мамливо, толку свое, како се лизга низ длабочините, во кристалниот простор на преобразбите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но јас сум жив, ќе ја уверува, нашите приказни се во кристалната ваза.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Треба да признаам: мислев на цвеќето во кристалната ваза, на нејзините солзи по мртвата птица.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги затворам очите во сандаков и можам да те видам таму - во сето тоа светкање, во кристалниот лавиринт на бутици, во мирисот на новата облека.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
ЈАКОВ: Во секој ваш збор, во секое ваше движење, како во кристална топка, се гледа сето ваше минато, сегашност и иднина.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)