А и самиот уметник допринесол во конфузијата околу неговите дела, изјавувајќи дека интерпретацијата на секое негово дело треба да се смета за интегрален дел од самото дело.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Госпоѓа Мариела знаеше дека упорноста не може да има ефект кај полицајката, дека токму упорноста кај неа го зголемува степенот на недоверливост, па затоа се обиде да ѝ ја предочи занимливата страна на приказната: дека монахињата делувала особено инспиративно за сликарот и дека резултатот бил видлив во креативната содржина на сликите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Почнувајќи од Lost in the Funhouse, проблемите на пишувањето, положбата на писателот во креативниот процес и врските помеѓу стварноста и помнењето се меѓу неговите главни теми; самиот Барт често се појавува како лик во сопствените дела (на пример, во споменатата збирка, во романот Letters, па и во овде објавениот расказ).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ова особено доаѓа до израз во едно писмо што Дишан ѝ го испратил во 1957 на Американската федерација за уметност од Хјустон: „Гледачот го доведува делото во контакт со надворешниот свет преку своето дешифрирање и интерпретирање на неговите внатрешни квалитети и“, вели тој, „допринесува во креативниот чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дишан еднаш рече: „Креативниот чин не го извршува само уметникот, туку и набљудувачот го доведува делото во допир со надворешниот свет одгатнувајќи и интерпретирајќи ги неговите внатрешни вредности и така дава свој придонес во креативниот чин”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)