Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јаничарот, за разлика од језуитот, кој можел да стигне во католичката хиерархија до кардинал, но никогаш и до Папа, можел да се извиши до прв везир, војсководец, паша, но колку што повисоко се искачувал во хиерархијата, во душата чувствувал сѐ поголема празнина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За разлика од мене која што посетував часови по француски јазик во Алиансата Ангела го учеше францускиот јазик во Католичкиот Институт.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Еден ден ми рече: - Софи, јас престанав да ги посетувам часевите по француски јазик во Католичкиот Институт .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Дикинсон очевидно е пасиониран консумент на Досие Х, како и на другата СФ продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И самото лице на Дикинсоновиот вонземјанин веќе е видено во некои филмови (нпр. Communion) коишто очевидно се работени по слични упатства. Alien abduction syndrome помалку е присутен во католичките земји (каде што укажувањето на Девица Марија и понатаму се покажува како проекција на слични неврози), а едновремено портретот на Дикинсон е икона што одговара на едно пробивање на протестантската иконокластична свест.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се воодушевував од возвишената едноставност на тие цркви. И во нив се молев.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таму со задоволство влегував во католичките цркви и катедрали, и иако православен, се молев заедно со католичките верници. Вие сте католик?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се случуваше како дете да влезам во Католичката црква во Скопје, која беше близу до куќата во која беше родена светицата Мајка Тереза и да забележам многумина од сребрарската работилница од источниот дел на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Овојпат таа се предаде без да поставува барања.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нејзиниот нов свршеник, вдовец без деца, со среден живот и решен да се ожени во католичка црква, ја оставил да го чека пред олтарот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)