Беа можни само во исклучителни ситуации.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Акиноските, стриковците и братучедите Максимови, кои дотогаш и не ја напуштаа Потковицата, освен во исклучителни случаи, кога одеа да закопаат некого свој во Битола, или кога одеа во Прилеп или во Битола да оженат или да омажат своја челад, преку Прилеп, Битола и Солун,се раштркаа, во Софија, во Цариград, во Русија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Татко со големо внимание го слушаше својот пријател, кој се чини за прв пат во една голема исповед го ослободуваше тоа што беше длабоко потиснато во душата и можеше да дојде до катарза во исклучителни околности или да остане засекогаш потиснато во него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Освен во исклучителни случаи, по мое барање или по налог на Шефот.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со едната рака Емилија го галеше мачорот Фјодор, а со другата ја стегаше малата торбичка исплетена од сребрени алки, која ја имаше добиено од тетките на подарок и која ја носеше само во исклучителни случаи.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Го запали и малото газјениче, кое многу ретко, во исклучителни случаи се палеше, зашто инаку и немаше потреба, ја стави крај огништето и сета расположлива борина, која служеше за потпалување, а и за осветлување кога по темница требаше да се појде надвор, до стреата или до плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа беше свет на тајни во кој влегувањето беше дозволено само во исклучителни случаи, кога некоја необичност ќе му ги разбрануваше мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Живееше со чувство дека го измамил времето, како да немаше тоа за него граници, како да беше склучил пакт со вечноста!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Аномалијата или чудесијата на напуштањето на врвната позиција на владеењето, како предизвик на нашите константи, на нашиот идентитет, според Емил Сјоран, може да се случи само во исклучителни моменти, за што се восхитуваат филозофите, а се чудат историчарите!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но случајот на владетелот Бургиба како и на многумина други во историјата е сосема спротивен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа го чинеше во исклучителни поводи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXVIII Меѓу две видувања со Јасер Арафат во Картагина добив неочекувано писмо од Мајка. Немаше посебен повод да ми пишува. Тоа го чинеше во исклучителни поводи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
4. Според статистичките податоци, во 2009 година само само 1,6% од деловните субјек- ти имаат 50-249 вработени и само 0,3% имаат над 250 вработени (Државен завод за ста- тистика „Број на активни деловни субјекти, 2009 година“). 136 и елиминирање на штетните последици, како и за безбедно извр- шување на работата преку писмени известувања и упатства, а во исклучителни случаи, кога вработените се изложени на непосредна опасност по нивното здравје или живот, и усно.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И затоа си реши да не се меша премногу во работи што беа во исклучителен домен на Партијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И се отвори небото
како екстаза, луцидна за себе
слепа за сѐ друго!
Човек пред човека не се отвора
на таков начин
ни во исклучителните мигови
на премин од еден во друг
и излез
вон себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во ова време речиси никогаш не одеше дома, освен во исклучителни пригоди.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)