во (предл.) - илинденски (прид.)

88. И овде Мисирков тргнува од најконкретните примери што ги знаеле и сите негови слушачи на предавањево пред МНЛД: Ниеден Бугарин од Бугарското студентско друштво не замина да зема учество во Илинденското востание, туку само некои членови на ТМОК – Македонци, па дури и Руси, некои од кои и загинаа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Така се правело во Илинденското востание, така и сега се препорачува - одговори мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Подоцна некои од нас тоа и го доживееја кога по години, во една друга прикаска, го кренавме тоа знаме да ни биде челник во Илинденското востание.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)