Тука го запозна и пријателот на својот живот Климент Камилски, кој по робијата во злогласниот јадрански Голи Оток и наводната рехабилитација, по нормализацијата на односите помеѓу Титова Југославија и СССР, во времето на падот на сталинизмот, беше вработен во Архивот, под постојана контрола на режимот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Посебно се смири Татко, кој и онака се расправаше со две инсулински инјекции дневно, а и на Камилски, кој си го носеше од поодамна својот недолечен чир, како последица од годините минати во злогласниот Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Позната не само по својата комбинација на раскош и абјектност туку и по разулавената жестина, како во неколку филмски улоги така и во некои приказни за нејзиниот личен живот, Џоан Крафорд може да симболизира отпор, пргавост, сила, решителност и неумолива волја – (феминистички) дух сјадрен во злогласниот укор што го изрекла пред Одборот на директори на Пепси-кола, кои, по смртта на нејзиниот сопруг, се обиделе да ја истиснат при еден неуспешен обид да ја спречат да го наследи како претседавач на одборот: „Не се заебавајте со мене, дечки!
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поттекстот на Милдред Пирс за она што сега го нарекуваме феминистички гнев помага да се објасни особената привлечност на Џоан Крафорд за нејзините легии обожавателки: таа е добрата девојка, иако смела и лојална, вредна и пристојна, предодредена да се воздигне во светот, но соочена со страшни премрежиња, која – кога е дотерана до точка на пукање – сосема има право да замавне и да му покаже на светот, особено на оние што ги сака и што ја изневериле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Двете сцени од Милдред Пирс и од Најмила мамичке, според ваквото гледиште, го покажуваат зловесниот ужас на женскоста кој ги пробива нормите на пристојното однесување и најпосле се отпушта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Климент Камилски го зазеде своето место на чардакот спроти Татко, опколен од книги седна како некогаш крај својата катедра по педагогија која поради неговите идеи му беше одземена, па беше испратен во злогласниот затвор на Голи Оток во Јадранското Море.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)