После ќе си проговорат по нивни и ќе ни донесат нешто за носење, за во зимно време.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа е огништето каде што се вали оган, пече леб, погачи, булиња, се вари манџа, топли вода и каде што во зимните студени дни се греат домашните на пламенот и жарот од сувите дабови и букови дрва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Во зимно време и на ручек се стемнува, вели Манол Форевски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ова ми даде доволен повод да се присетам на некои наши тегоби околу прикажувањето на театарските производи во зимниот период.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се чистеше од сабота на сабота од учениците колективно, а огрев си носеа самите ученици: по една цепаница наутро во зимно време.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беа неколку буки, само неколку високи буки со нивните ветки, испрскани со чести пупки, родени под тоа сонце во зимниот ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)