во (предл.) - замрзнат (прид.)

И тие малку оревчиња и лешничиња што ги имаше украдено од комшиката Буба, пропаднаа во замрзнатиот снег.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ќе му ја засечам жилата на челото. Онаа, меѓу очите. Во таа жила 'ртат црни соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ја подигна високо над ушите јаката од шинелот и со рацете длабоко пикнати во џебовите, се сврте, удри со војничкиот чевел на вратата, излезе без збор и зашлапа во замрзнатиот снег.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зачекорил, застанал. Во мрморењето на луѓето можела да се чуе споулавеноста на стравот дека во ваква ноќ, трескава од свој студ, водата се дави во замрзнатите мочуришта и дека земјата, за да не се распука од глад, им ги џвака заспаните жилички на тревите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)