Паднале 100.000 луѓе, чии коски се закопани под овој голем споменик, чија грандиозност ја надополнуваат огромните димензии на неговата заокруженост во заградениот простор на слободното поле.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа што вујко ми не ме прашуваше дали сум гладен или каде сум цел ден не ми паѓаше тешко, туку кога од првиот сон ќе се разбудев од некои нозе што поминуваа покрај мојата глава и влегуваа во заграденото од одајчето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Така пливаа заедно, како спитомени делфини во заграден кафез, повеќе испуштајќи извици одошто разменувајќи зборови. - Уф! - се издува Грдан на брегот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)