во (предл.) - друг (прид.)

Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едноставно – непостоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Следнот ден веќе бевме во друг град во туѓа земја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога лутината што нѐ обзема е света, покажуваме дека сме подготвени в миг да го голтнеме повикувањето на толеранција и во другиот да го исплукаме она во што навистина сме загрозени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пожарникарот беше одликуван со Витешки крст на Грегоријанскиот ред, зашто не само што го спасил уметничкото дело, туку - според зборовите на Папата - го спасил „симболот на Божјата мајка“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Луѓето во другите држави не се како нас, - зборуваше од кујната - Никој не е како нас.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Избран или именуван функционерот не смее да врши влијание за вработување или унапредување на член на 99 неговото семејство во органот во кој е избран или именуван, или во друг државен орган или ЈП, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал – врз кое врши надзор органот во кој функционерот е избран или именуван (чл. 29, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Винстон продебатира во себе дали да го одликува другарот Огилви со Орден за специјални заслуги: на крајот реши да не го одликува, затоа што тоа би ја наметнало потребата од внесување нови податоци во други документи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу боледував во детството, и мама постојано беше крај мојата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првото што еден во друг си го видоа во очите беше дека двајцата во Бога бараат спасение што, еве, со помошта на златен свети Наум и го најдоа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во мојот кревет, во другата соба, око не можев да затворам од што ја пцуеше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тој момент, гледачот може да забележи дека неговите зборови имаат различно значење во друга реченица.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во таа разоденост и во тој сѐ поблизок и сѐ посрдечен разговор со својот побратим напред тој и не забележа кога ги помина трите огромни долини, што ги знаеше и како се префрлува постојано од една во друга шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ги изми прстите колку што можеше подобро со ладната вода од чешмата и се врати во другата соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И за Татко секоја книга предизвикуваше еден друг сон, кој при читањето можеше или не можеше да продолжи кај читателот или да мине во друга книга на библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отидов во другата држава со стари, извиткани, испукани, згрбавени чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во некои случаи (Nude restau­rant) тоа донесува недостаток на вкус, а во други (The loves of Ondine) Ворхол ста­нува провокативен токму на еден сенза­цио­налистички начин кому неговите рани дела му беа антипод.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што вели Дерида (5 стр. 26): ... différance нема никакво име во нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Водите удираа првин во стените на едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење, некаков потаен говор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еднаш ќе си речам, овој фустан, потоа не тој, во другиот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Она што ми се допаѓа во 39 скалила, тоа се неочекуваните пресврти и оние брзи скокови од една во друга ситуација.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А во другите социјалистички земји каде што сталинизмот остана и по исчезнувањето на Сталин, тој таму се изроди, се оплоди со домашните сеништа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ја напушти родната куќа во Поградец крај Охридското Езеро и ја мина границата со семејството, па се најде на другиот брег, во друга земја, со други луѓе, со друга нафака, никогаш не можел ниту да замисли дека неговата балканска скитија по достигната цел во зенитот на младешката моќ во Цариград, ќе заврши во овој град, кој османските султани по неуспешните походи по европските територии кон Рим, Венеција и Виена, го нарекоа, како можеби нивно последно упориште во Европа, Капија на Ориентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сенките беа во движење, се претопуваа една во друга, се разминуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во едниот тој вели: „Јас сум оној кој среде ноќта брои слогови, а во другиот зборува за себе како за “човек што мавта со единаесетерец“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А тој им велеше: Господар беше и некогаш кога се сметаше дека еден елемент не може по вештачки пат да се претвори во друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А тогаш му предложија и нови функции, во други земји.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во ноќите тие забрзано дишат, или плачат, или се молат иако не знаат кому да му ја упатат молитвата затоа што од Бог се откажале одамна, откако тој се откажал од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Т. Гамкрелиѕе СЕМИОТИКАТА НА ПИСМОТО КАКО СИСТЕМ Разгледувањето на писмото како семиотички систем го поставува истото во низата на други семиотички системи оформени од човекот и ја определува теоријата на писмото како поглавје во општата теорија на знаковите системи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беа дојдени, некои други луѓе во власта кои не почитуваа институционален континуитет како и во други земји во транзиција на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Туку влеваат едни во други и пак се разделуваат, некои невидливи раце како да ги тегнат на разни страни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По извршената операција Јане го легнаа во друга одаја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така патот продолжува, со кратки одмори, кон Париз, и така, додека ја минуваш Еворпа, додека нејзиното срце го сечеш со колаи поминуваш многу државни граници без формалности, без долго и мачно прегледување на патните исправи, без удирање на печати и други формалности, не се лувствуваш дека си минал од една во друга држава, туку како да си минал од еден во друг град на иста земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Привидниот пад на геј-културата, всушност, произлегува од структурни причини што немаат многу врска со сѐ поголемата општествена прифатеност на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беа постојано проникнати едниот во другиот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За нив, љубовта отсекогаш значеше доверба на ед­ниот во другиот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Сфаќам! Разбирам - климнав со главата иако ми се чинеше дека од една слепа улица влегувам во друга, или во трета и тоа уште потемна и понепроодна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ханка со својата ќерка Азра живееше во една од неколкуте трошни куќи начичкани една во друга како печурки меѓу хангарите во индустрискиот дел од градот, на десната страна од населбата Автокоманда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Несомнено, незадоволството се јавило прво во Србија, а потоа и во другите делови на Кралството, за кои пристапувањето на Кралството Југославија значело потчинување на нацистичка Германија и напуштање на српските вековни сојузници Франција и Англија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Кире оди, трчај во другата соба... Земи ја лампата бргу!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Салепџијата, со калаисаниот ѓум во едната рака, а во другата со таблата со шарени филџани, викаше: - Ајде, ајде, салеп! Тазе, тазе салеп!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Загледани една во друга како во себе ние-сонце и месечина, две свилени бубалки, меѓу две голтки траеме и го чекаме - Денот кога на бела основа од подвижни облачиња под перде со тантела и на масичка со жолти шољички за чај како миризливо масло ќе испарува тој ден, првиот ден од Почетокот на нашите животи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа спиште колку што можеше, но Ибраим го извлечка надвор и му го предаде на друг сејмен да го отера во друга одаја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Барањето на тнр. „concordia discors“ е под влијание на магичната филозофија на природата и магичната астрологија, а „discordia concors“ е под влијание на езотеричниот питагоризам кој, како и во други случаи (Зукари), се стопува со неоплатонизмот и (што ќе видиме) со аристотелизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Момчињата одеа некаде – сите различни, а сепак во тоа минување што го гледав, држејќи се за мајчината рака, тие ми заличеа на река од лица кои се претопуваат во други, нови лица – некои од нив ги правеа можеби своите судбински чекори, и сето тоа изгледаше толку неминовно, таа колона што заминува без повраток, неизбежно.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Амбасадорот Диздаревиќ ми остана во сеќавање по својата тивка но продорна моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јован го внесе Толета во другото одајче и таму, почна да го распрашува за вилаетот, за луѓето, за зулумите, додека дојде и тој на ова прашање за некоја парица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Братот лекар сакаше да ме пре­ду­преди, но со сестра ми излезе во друга соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Девојките се прекрстија, момчињата се загледаа еден во друг, а стариот човек со белата коса не го испушти ковчегот, туку проломоти Дине Ковачот го баравте?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Помош не се наоѓа ниту во синонимите во други јазици.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Пред да заминат им рекле дека таму ќе им биде подобро.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Е, помеѓу сите тие имиња поместени во списокот на Борис Степанович не се наоѓало името на генералот Ролан Јаковлевич, бидејќи тој, како и Василиј Јенков се качиле на друг брод и во друг град, ако воопшто се случило да избегаат од Русија со бродови.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потсетуваше на мене по многу работи, само што мене немаше кој да ме види и да ме опише затоа што се удрив во четири часот наутро, на ѕидот оставив цела црвена шлаканица и од еден сон потонав во друг, црвен, тежок, и се разбудив слично како и тој, со некои лекари околу мене и со отворена уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некој е во еден студентски дом, друг во друг, Некој е во приватен стан, некој кај некоја роднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останал сам, никој не му се придружил за враќање. Продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во едната рака имаше јаболко, а со ножето во другата сечеше фелчиња и ги принесуваше в уста.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Ние имавме среќа во некои куќи, а во други имавме само несреќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само ќе си ги собере зраците ќе си ги заташка пегите и ќе прејде во друг дом!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Овде секој секого ебава и секој од секого е ебан,“ го надополни проќелавиот господин со луле во едната и со акт ташна во другата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Токму во таа смисла, Лакан истакнува дека во преминот од еден дискурс (на општествени врски) во друг, секогаш, за еден кус момент се издига „дискурсот на аналитичарот“: целта на тој дискурс е точно да го „произведе“ означителот-господар, а тоа значи, да га направи видлив неговиот „произведен“, вештачки, контингентен карактер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овде е како во друга димензија, а јас сум младенче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но тој не чу и отиде во другата соба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Болниот, на свој начин среќен што најпосле се сетиле и на него, со надеж ја издолжил шијата. Го заборавиле, сега е ноќна загатливост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од Македонија богомилството се проширило и во другите балкански земји кои биле во составот на Самоиловото царство како и во Франција, Италија и др. земји.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Таквиот Македонец обично до стапувањето во српското училиште бил и во бугарско или во грчко или и во едното и во другото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Маките ми продолжуваат во другите музеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Понекогаш тој не си веруваше и на сопствените очи, претпоставуваше дека и тие би го излажале. (Кутриот, во сè се сомневаше - во себе, во другите, во денот, во ноќта, дури и во земјата што ја газеше под себе).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Владетелите кои сакаат да владеат и дури во трансцендентни услови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шатев инсистирал и во едниот и во другиот случај тој да признае дека е член на Организацијата и на нејзиното раководство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Морате да ги пронајдете. ‌Самата итност на вашата желба ве тера да посочите, а и да разјасните (ако не другому, тогаш барем себеси) што е тоа во мажественоста на мажите кои ве палат што толку ве трогнува, какво тоа еротско значење е кодирано во една или во друга отелотворена одлика (наспроти нејзините ситни варијации) и што во неа толку ве вдахновува и ви ја прави толку мамлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од истите оние селани што ги праќаше Толе да разберат што прави тој, тој разбираше што прави Толе во другите осумнаесет села од неговиот мудурлук.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имав впечаток дека тоа е смислено, бидејќи на крајот од филмот, во другата сцена на железничката станица, кога возот се враќа, тоа е само мал бел обичен дим. •Хичкок: „Навистина за првата сцена барав многу црн дим; тоа е една од оние идеи за кои ќе се изнамачите, а тоа нема ни да се забележи; но, ние тука имавме додатна среќа: положбата на сонцето сосема едноставно создаде многу убава сенка на целата станица.” •Тој црн дим може да се преведе како: еве го ѓаволот кој доаѓа во градот. •Хичкок: „Да, секако.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Продолжуваше, осуден на повеќеслоен егзил, да се провлекува по маргините помеѓу двата света, успевајќи длабоко да проникне и во едниот и во другиот, но без да го наложи својот авторитет за тие, докрај, да се дообјаснат и да се дооткријат меѓу себе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
СИТЕ: (се гледаат вчудоневидени една во друга). А...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но битката за власт и различните процеси за нова прерасподелба на овој авторитет претставуваат денес во Русија секојдневна преокупација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постои само во слики, а и тие се претопуваат едни во други.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па и мислите на ибн Тајко да се ослободи од зависноста на еминот, го носеа тој несфатлив белег: ако избега одовде, ако ја промени средината, можеби во друга самиот тој ќе изгледа поинаку? - мислеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сета околина како да беше изместена од својата природност, од својата обичност, па беше оставена во некој друг, непознат крај, во друга средина и други климатски и релјефни услови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Седев на мојот кревет, гледав во празниот кревет на Отла, ги префрлував од една во друга рака работите што таа ми ги имаше оставено: неколку рала гаќи, еден фустан, една сукња, две кошули, чорапи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
боејќи, еритроцити или со нејзината крв до сопственото ослободување ...можеш да си одиш и велам на онаа другата со парченцето памук на показалецот ние остануваме на балот до полноќ можеби со иронична насмевка веќе безгласносе оделува од блескавиот предмет наречен микроскоп во сосема спротивна насока... ...далечините се тука и водите и копното пловечки распрснати сонца пробудени острови гладни што се впиваат едни во други...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Четири сини очи се капеа едни во други.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборувајќи за неостварените книжевни стремежи на својот татко, Борхес во својот “Автобиографски есеј” напиша: “Од времето кога бев момче, кога слепило го снајде мојот татко, премолчено се подразбираше дека јас треба да ја остварам книжевната судбина којашто околностите му ја одрекоа на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беа занесени еден во друг толку многу, што не го ни забележаа редот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дејан го сретнав во дворчето. По два дена од мојот притвор сфатив дека можам да шетам низ тоа дворче заедно со другите мумии од одделот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Доколку работникот кој смета дека трпи вознемирување на работното место, а поради тоа му е нарушена здравствената состојба, има право до завршување на постапката, да биде преместен во друга работна просторија, односно работна средина (чл. 28), додека пак на лицето кое го врши вознемирувањето или го злоупотребува правото на заштита од вознемирување, работодавачот може да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, а ако во рок од 6 месеци повторно изврши вознемирување, може да му го откаже договорот за вработување (чл. 29).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако во „Топкаписи“со секој чекор, од една во друга одаја, се очекува изненадување поради блесокот на драгоценостите и накитите, во европеизираниот дворец - сарај - „Долма Бахче“ фрапира раскошната архитектура од барокот на деветнаесеттиот век, кога сарајот е и граден, полн со едно достоинство, со еден тежок раскош во мебелите, каде што сè е во кристал и позлатено: од креветите на султанот и на првата султанова жена, па до оние столови во собата за ручање, каде што и денес е останато така како што било некогаш, кога во овие огромни простории живееле султаните...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Остануваше надежта во другиот син Сами да појде кон белиот свет во времето кога беше Али Фетхи Окјар амбасадор на Турција во Велика Британија (1933 година).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според термините од нашата претходна класификација, проловите се ниската група: зашто, ропското население од екваторијалните територии, кое постојано преминува од едни раце во други, не е постојан или неопходен дел на структурата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа проклета ноќ баба ѝ ја зела да спие кај неа, бидејќи тогаш сама живеела во друга куќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ова е само дел, имам по цели библиотеки во другите соби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не може да е ова некое пусто место! шета мисла во Чана, а таа мисла е и во главите на другите од вагонот, а веројатно и во главите на другите во другите вагони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Па...“ рекол тој, и веќе биле на фармата, одвај забележувајќи дека минале речиси два километри, загледани еден во друг.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неговото незадоволство од ова дело се должи и на фактот што тоа толку очигледно зависи од идеи претходно развивани во други негови дела, така што во него е неизбежен извесен степен на повторување, постапка од која Дишан се згрозуваше.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Другите, others, во друг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако ме победиш, утре ќе те чека. Ако не, ќе се преселиме во друг град. Во некои други градови.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
При преминувањето од една во друга сала на Куќата на холокаустот тешко е да се сочува рамнодушноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тематиката на „враќањето”, се пренесува низ повеќе мотиви: на моменти таа се поврзува со доживеаната историја, а во други, со елементите на меморијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште повеќе, специјалистите за преведување се користеа со резултатите постигнати во други маргинално сродни области.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали е вистина дека козите ги убиваат масовно, со шмајзери, со топови во другите републики?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
— Ќе го мотам ваха како лисицата шо го мота загарот со пашката! — задоволно Толе им зборуваше на селаните кога преоѓаше од едното во другото Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука беа, покрај Груев, и сите главни војводи и раководители на Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но глеј, и овде на небото, како и на земјата, ќе се појават стари и нови денунцијанти, некогашни пријатели, кои како сведоци ќе дадат докази за мојата ситна, но постојана ,контрабанда на зборови од едни јазици во други.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Не, навистина“ , рекоа. „Нашите џебови се празни.“ „Верувам“ , им призна. „Вашите џебови се празни, а ни моите не пукаат од тежина.“ Наквечерината сееше од сито модар прав, сенките се ширеа и се впиваа една во друга.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А најбитно, а најбитно, на такво место!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој си спомнува како во едното училиште го уверувале дека тој е Грк, во другото – дека е Бугарин, а тука – дека е Србин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И во другите поблиски и подалечни краишта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ќе си дојиш и ти кај мене — си мислеше Толе — токо дури кога ќе ти и понамести коските Раиф ефендија“! — и го сврте разговорот во друг правец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу од тие видеотеки во Сиднеј и во другите геј-урбани средишта досега веќе пропаднале: оној вид на општествено учење што некогаш го крепеле, сега го презеле интернетот и неговите страници за друштвени мрежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како и во другите два цитата, и овој воведува странска - и тоа како - митологија, за да ја поремети логиката, логоцентричната логика, би рекол Дерида, на западниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури ми се чинеше и дека ги разбирам нејзините зборови бидејќи пристигнуваа прилично читливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бидејќи елементарната кинестетичност е условена од природата на медиумот, Ворхоловото сликање на неподвижен објект со неподвижна камера во траење од осум часа може да биде доживеано како исмевање на основните атрибути на филмот, а Empire како најконцептуален филм некогаш снимен, или пак како најдоследно спроведен реализам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И сето тоа за прв пат изгледаше возможно. (...) Божиќното собирање во Централ парк беше прекрасно: илјада клинци шњураа наоколу и делеа цвеќе, палеа мирисливи стапчиња, дуваа, земаа есид, делеа дрога наоколу, ја соблекуваа облеката од себе и се валкаа по земјата, боејќи ги своите тела и лица.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Телето потскокнува, како бафало, со своите 150 килограми. – Ти да си теле, што би правела? - прашува Гаге. – Би скокала – одговара Танче, не подигајќи го погледот од својата дланка во водата околу која се сјатило стадо плашици.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се преправала на жена, на мачка, на јаре и друго.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Братучедите се свртеа еден кон друг, со накривнати глави се подзагледаа се вртеа сѐ додека не ги слепија рамениците свртени со грбовите кон војниците па заодија така стегнати еден во друг надолу по патот како некогаш кога беа деца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во првичното значење во турскиот јазик поимот kudo го забележа како проводаџија, посредување при женидба, но и како никаквец, озборувач, додека во другите балкански јазици значењето се пренесуваше со различни нијанси на дејство на пренесување на лошотии од кодошот за друг човек, најчесто за материјална корист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немаа постојано живеалиште, туку на два, на три дена спиеја и се хранеа во друга куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Особено кога станува збор за преносот на реалии од еден јазик (и пошироко, култура) во друг, што секогаш претставува процес на загуба на определен дел од информацијата и од смислата, стилистиката и т. н.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едната половина на собата обично беше амфетамински параноична и yвереше во другата половина која беше на ЛСД.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Татко ми ме фати за рака и ме внесе во другата соба.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ПРЕЛЕЗ- премин, обично од една нива во друга.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Долу, на плоштадот, црните џуџиња безглаво се движат, се мешаат, упаѓаат еден во друг, се двојат – на точно омеѓениот простор на положената дланка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сека зелка си се тркалаше кон сопствената вистина: една се потсмевнуваше предизвикувачки, друга намигнуваше заводнички, трета не знаеше што сака и сал туку се удираше во другите зелки и им откинуваше по некој лист од судбината - да ги штрекне, море и асолно да ги здоболи а и да им даде на знаење дека и на удолниците правилата пак ги одредуваат најсилните.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имаше моменти кога промената на бога, како во Аја Софија и во други храмови на Балканот, верниците ја чувствуваа и во нивните души.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во училиштето Крсте доби место паралелно со Нешка Рожденжина, само што таа сега седеше во друга редица, во редицата од второ одделение, а наш Крчо седеше во прво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Махмуд Дарвиш, загледан во езерската синевина, во другата земја зад блиската граница, која не се гледаше во синото езеро, тивко рече: - И покрај мојата пасија никогаш не сум помислувал да напишам роман.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашето село немаше доволно паша за повеќе стока, затоа ги тераа овците во друго место како што се Кожуф, Момина Чука, Црвени Брегови и други места.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ХРИСТОВ: Ви благодарам. Повелете во другава соба.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Секој од нас има неброено животи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И во едните и во другите се крие по една селска мешетерка и итроманка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите агрономски студии што почнаа уште пред шестојануарската диктатура, а сега навлегоа во бурното време на Втората светска војна и се преместија во друга престолнина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
СИМКА: (Следена од другарките и мајка и, се повлекува во другата соба, додека другарките ја продолжуваат песната.) Не ли ти велев, девојко, не оди често в комшии, комшии ти се душмани.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Татко, на изненадување на Камилски, пред да го толкува поимот гурбет, се задржа на османизмот srgn, присутен во балканските јазици, со незначителни модификации, но со главно значење на прогонство, односно протерување од земјата: Во времето на османското владеење на Балканскиот Полуостров, но и на сите територии на Империјата, се вршени често принудни, но и доброволни преселби на народи од еден крај во друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во намера да ја оствари оваа цел, изложбата не беше презентирана во линеарен, хронолошки манир, туку беше поделена на тематски сектори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во земјата се рукаше. Се случуваше самоубиствениот синдром, својствен и во други ситуации и кај други балкански народи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Потоа новата гранична линија ја предизвика Отоманското Царство, кога едни ја задржаа старата вера по цена да го минат Јадранското Море и да заминат во други земји, по цена на создавање неколкувековна граница со предците кои останаа во земјата, и по историскиот отпор, голем дел ја прифатија верата на освојувачот, создавајќи нова граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
4 Вашите први две книги Le probleme de la genese dans la philosophie de Husserl (1955 - Проблемот на генезата во филозофијата на Хусерл) и L’origine de la geometrie (1962 - Потеклото на геометријата) зборуваат за Хусерл. Дали уште тогаш имавте некој филозофски проект? 32 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се обидуваше според својата интуиција, која никогаш не го напушташе, да му дава друго, дополнително значење на обичниот природен феномен: долетувањето на галебите, по стотини километри низводен лет, за да стигнат кај други луѓе, во друга земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, дојдоа годините на пубертет, на младешките преокупации, ветровите на животот ме однесоа во други насоки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се обидувам да нудам генетички приказ на сексуалноста, ниту да ги објаснувам што ги тера поединците да бидат геј или стрејт – ниту сексуално ниту културно; попрво, ги испитувам потеклата на културните практики усвоени од тие што, од која било причина, излегуваат геј или стрејт во една или во друга смисла. ‌Згора на тоа, општествените кодови не ги сфаќам како идеи, до кои поединците можат или не можат да се издигнат; не ги доживувам како размисли за полот и за родот кои одделни луѓе можат слободно да ги прифаќаат или да ги отфрлаат – иако, како и многу чувства, тие навистина содржат одредена пропозициска содржина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во 1917, по големиот пожар што предизвика пустош во градот, голем број Евреи биле настрадани и присилени да заминат во други земји, посебно во земјата на Израел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Невообичаено за јуни, почна повторно да врни и олукот на куќата почна да испушта звуци кои што на Александар во друга прилика би му биле пријатни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Виде - невиде сиромајио, го кренал и кошето, та го исфрлил на буниште, и враќајќи се да го земи џигеро, чорбаџиицата го пречекала со две празни стомни да му ји дава да ји залеи со вода: - Стори уште еден завмет, бре чоече, да ми залеиш од чешмана вода, да ако ти дојде некоја иктиза некоаш од домаќино, с¯ ќе ти поможи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се чини дека станува збор за пројава на извесна тенденција, диктирана од религиозно-политичка заднина, а која се однесува на прикривање на зависноста на локалната христијанска култура од грчката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гемиџиите, веројатно со цел да ја прошират својата дејност и во другите градови во Македонија, користејќи ја врската со Делчев и Организацијата, поднеле молба со барање некои од нив да бидат назначени за учители во Штип и во Струмица, но не успеале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со ѓезве кафе во едната рака и слушалката во другата средовечниот капетан само го слушаше својот соговорник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беа неколку татнежи слеани еден во друг.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во моментот кога му го фати погледот, таа погледна во друг правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не шетаа од еден дом во друг такашто, по таа “proшетка”, децата од нашето село и од Букови и не знам колку грчиња, не однесоа во Балатон Алмада.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Оваа појава тешко можеше да се објасни, освен со култната поврзаност на луѓето кон овие зборови кои не сакаа да ги менуваат, покажувајќи одбивност кон латинската генеза на зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се одлучи. Го стави во едно долапче во другата соба која помалку се користеше, па го покри со крпа да не го види никој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако не гинат во бездната, тие сепак минуваат низ смрт – да се премине од брегот на лудилото на брегот на нормалноста, или од брегот на нормалноста на брегот на лудилото, е исто што и да се премине од еден во друг свет. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко, со своето семејство, во куќата крај Езерото, а помладиот брат, сѐ уште неженет, остана да живее со мајка им и со сестрите во другата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа со чашата во едната рака и со цигарата во другата, уживаше во овие два омилени порока.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Паузата зад „повелете?“ беше прекратка, скоро не забележлива, и воопшто не успеав да го стивнам немирот. – Зарем е можно – ме прогонуваше – толку да се преземе мојот лик во друг?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зеде предено во друга боја за да ги ишарам, се сеќавам, од некои стари, расплетени чорапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но дури и со прозната сатира што ми легна во преводот постоеја определени проблеми, со кои се сретнува секој преведувач.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така рабинот веруваше дека градот според кој е именувана неговата синагога, не е нужно да го познава од лично искуство, дури веруваше дека подобро го знае во неговата дијахрониска и внатрешна димензија од списите што ги наоѓаше во својата и во другите библиотеки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како да се наоѓав во друга димензија каде сето тоа е толку неважно, би рекла состојба блиска на бестелесност и никакво чувство за материјалното постоење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи, исто така, не е можно да се тврди строго разликување меѓу теориски, етички и естетски дискурс, бидејќи тие, иако на комплициран начин, би биле преведливи едни во други. Нема инкомпатибилност, нема непреводливост.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И додека Илона им се препушташе на таквите чувства, речиси продолжително со развлеченото Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а нежно ѝ ја легна својата десна рака меѓу нозете на Деница која, чувствувајќи го допирот меѓу благо раширените нозе, се поднамести на столот, подавајќи си го телото нанапред, но само по неколку мига ја префрли левата над десната нога, ги притисна една во друга не дозволувајќи им движење на прстите на својата пријателка, и продолжи да ја шмука јаготката макната во купчето шеќер турен во порцеланска тацна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Треба да оди тука близу, до еврејските канцеларии, каде што го очекуваа неговите уплашени соговорници што, Боже мој, беше поволен предуслов за успешни преговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
8 Во друга смисла, „крајот на историјата” може да се користи и како метафора за ситуацијата во која големите земји (пред сѐ на Запад) бараат начин да одредат долгорочна стратегија во однос на процесите на глобализација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Останува да се види колку тоа се случува и во другите јазички семејства; зашто, иако спротиставените значења би морале изворно да бидат присутни во секоја мисловна човечка раса, не е нужно дека тие секаде, во значењето, се одржале и дека можат да се препознаат.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој кварт е полн со ориенталски специјалитети и затоа овде се доаѓа за да се јаде она што тешко ќе се најде во другите париски квартови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не верувам во приказни и бабини деветини. Верувам во други нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гледавме долго де во едната, де во другата слика, а потоа јас реков дека сите теолози и философи кои ги имав читано, а кои пишувале на таа тема, се сложуваат дека со појавата на христијанството, и идеите за спасот и воскресението, трагичното исчезнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ќе проведува часови и часови на рабинската конференција, а таа не е ни многу подвижна, ниту снаодлива во други места.  Рабинот ги затвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, љубовникот, ако се приближи, може да биди дека од закрилата на тешкото актерство тело ѕирка главичка со зашилени уши на една чивава што се обидува да лае.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оттаму гушнати итавме да се отвориме еден во друг како што се отвора секој сон и како што сите ткајачки ги раздиплуваат своите черги врз кои потскокнуваат големите надежи сеедно што не се гледа баш јасно кој го крка месото, а кој ги глода коските.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Бокалот со вода ѝ ја врати свеста. Ја придрживме за мишки и кроце ја однесовме на креветот во другата соба.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со мотиката во едната рака а во другата со купчето од четири пилиња со нозете нагоре, и во придружба на Тито, отиде зад кокошарникот и многу длабоко ги закопа нивните тела, за да не можат ниту ракунот ни лисицата да ги откопаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Одлично, ќе станеме повитални благодарение на кучето и ќе излеземе од едни рутински практики, влегувајќи во други.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Моравме да се враќаме од училиште право дома и одвоени еден од друг, сѐ до пред спиење, да се занимаваме секој сам во друга соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од неа добив желба да му објаснам дека жената ми е мајка, дека таа во други околности би му помогнала, ако не нему, тогаш барем на некои поубаво облечени луѓе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
9 Целиот процес пред Основниот суд Велес траеше половина година, а воопшто не беше потребно судијата (Ј. Лазаров) да носи првостепена пресуда – бидејќи странките, кон крајот на 2009-та, се договорија спорот да го окончаат на тој начин што тужениот работодавач доброволно ќе и ги исплати неисплатените испратнини за кои е тужен [во висина од 9.185 МКД / околу 150 ЕУР] – сосе парничните трошоци на постапката, без камата, а за возврат тужителката да ја повлече тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бојс, кој не гледа со рамнодушност на фотографијата од фронтот, како во слободен простор меѓу некаква уметничка верзија на „У-87“ и вистинска воена машина, не потпаднал ниту во едната ниту во другата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помалиот брат на татко ни, кој сѐ уште живее во Берлин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги имав скриено во друга јама, та...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пиштолот се врати в џеб, но во другата рака заѕвечка купче клучеви.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Патувања на сказната“ (есеи, 1996); „Да направиме филм, заедно“ (раскази за деца, 1997); „Ars amator-ia“ (раскази, 1998); „Слика тркало“ (хаику, 1998); „Анти-упатства за лична употреба“ (Нешто помеѓу, 1995, 2000); „Постмодерен Вавилон“ (есеи, 2000).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во еден говор во Женева, во јуни 1973 година, тој ќе рече дека од една прашина од поединци, од магма племиња, потплемиња, сите веднати под тежеста на резигнацијата и фатализмот, создаде народ на граѓани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби во друг град, друга улица, на вратата од некое училиште, на родителска средба...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чана не беше нешто што можеш тукутака да ја истуркаш или да ја свртиш, таа ги рашири рацете, ги свитка шепите, едната рака за малку не ја зграпчи Милка оти дробничка како газе од игла топузлијка, а родна се удри со оние две големи топки напред дарени од господ во другата нејзина рака, а богами им се попречи и нејзиниот грлен глас Што сте се раскокодакале бре жени!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не верувам дека проблемот се постава инаку во книжевноста отколку во другите уметности, но, ете, просто немав прилика за книжевноста да ја напишам книгата што сакав. » Книгата што ја напишав не е историја на филозофијата, туку е текст што сакав да го напишам за Фуко, за тоа како јас го доживувам и како му се восхитувам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Старата беговска куќа, градена пред двесте години, во низата други слични куќи крај реката, имаше приземје и кат, со убав издаден чардак, авлија која водеше кон убаво средената бавча со насадени цвеќиња во првиот дел и со зарзават во другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во овој драгоцен труд се паралелно бележени турцизмите и во другите балкански јазици покрај ароманскиот и во новогрчкиот, српскохрватскиот, албанскиот, македонскиот и во бугарскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Војниците бараа некој од возрасните да оди со нив. Се пријавив.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стани жената утрото рано, вџасена му кажала на мажа је и го молила да бегаат од таја куќа и од тој град во друг.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Татко ги истакнуваше зборовите кои со векови опстанале во балканските јазици, не можејќи да бидат истиснати од нови зборови и сметаше дека на листата треба да бидат истакнати тие зборови, што беше во спротивност со првичната концепција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не сакам да пишувам со моливи затоа што многу бргу отапуваат, а потоа буквите ми се слеваат една во друга, се дебелеат и изгледаат како да се неизмиени.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу повеќе во Словенија, Хрватска, отколку во другите држави, а најмалку во Македонија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се соблече до половината и го фрли аливцето врз торбата, па почна да се плиска со ладната вода - од лицето сосе главата, преку вратот и под мишките, до папокот и плеќите - токму како што правеше татко му, и лете и зиме, меѓу еден затвор во еден до друг затвор во друг режим, навидум цврст да издржи трет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И Арсо скршнува во другиот сокак. Тој сокак не оди на крчма туку на друго место. Таму живее учителот. Со него останува повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Егоцентрична река. Упатена накај белото море па она друго и друго сѐ додека не се нурне во овоземниот облик на бескрајот - океанот.  Реката е предолго загледана во својот крај - уточиштето премногу втренчена во преобразбата.  Реката така чека и го дебне мигот на својата смрт - слевањето во другиот.  Од идентитетот ѝ останува само морската струја. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но и обајцата во тоа не беа до крај убедени: Камилски предупредуваше на јаничарството што продолжи во други модифицирани, и не помалку опасни облици на Балканот и во Европа и по неговото крваво задушување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во другиот имала обичај да навраќа кога расположението ќе ѝ било такво. Едо никогаш не сфати какво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За тоа сведочат и големиот број турски заемки со различно значење кои биле преземени во јудеошпанскиот што се говорел во Македонија, но и во другите средини на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да се трага по смислата на неговите книги во неговата библиотека, во нивниот распоред и односи со другите книги, требаше да се трага низ еден лавиринт, за да се најде некаков излез, или влез во друг лавиринт, да се живее само низ утехите на потрагите, да се има спокој на надеж само на крстопатите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Камилски можеше да помине на претставување на новиот турцизам атер, од првично арапско потекло, кој семантички се надоврзуваше на инаетот и севапот, се појавуваше и самостојно во балканските јазици (hairy на новогрчки, hater на романски, hаtr на албански, хатер на српски), со првично значење на турски (hatar) мисла, памет, паметење, прифатен во другите јазици и како милост, љубов, обѕир, добра волја да се направи нешто за некого или за некаква повисока цел, почит, кон Севишниот, кон другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На 6 јануари 1945 во Скопје беше одржан Вториот конгрес на НОМСМ на кој присуствувале преку 1000 делегати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Само на една маса седеа двајца млади луѓе со очајнички изрази на лицата, беа со погледни втренчени еден во друг и со главите виснати над чашките ракија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа можев и да го очекувам, речиси и не можеше да се замисли обновата на некогашната покана на претседателот Бен Али која ми беше упатена во друго време и во други околности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури не ни живее со нив - Борис, Божана и Зоја, а и Кире, неговиот најмал брат, живеат во другиот влез од зградата, а тој, под калето, во незавршената градба наречена Фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зар не го чувствуваш мирисот на липите?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Спокојно ја следеше новонастанатата ситуација, гледајќи ту во едните, ту во другите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се потпрев на дирекот. Си помислив: „Господе, зар и таа?...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
* Под ударот на репресалиите во Солун, па и во други градови, паднал и богатиот слој Македонци од егзархиската средина, коишто немале никаква врска со динамитарите, но многумина од нив ниту со Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оној секако не стаса уште ни да го види откриениот опинок во снегот, сега веќе сиот закопан во јамата, што ја испрета со сите четири нозе, кога сите други наскокаа врз него во еден налет од сите страни, вплетувајќи се во едно жилаво зачекнато клопче, кое почна да се преметнува, пиштејќи со шесте различни, нападнувачки гладни и бранечки молезливи и исплашени процвичувања, уште потесно прежилувајќи ја впиеноста еден во друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Митра и Роса ги најдоа со солзи и стиснати една во друга.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веруваше дека со разумот може да се стигне до разрешување на загатката на постоењето, од која дарвиновата теорија за потеклото на човекот беше само почеток – она што требаше да следува по откритието како настанал човекот, беше – што е човекот, што е она во него што го прави она што е.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се гади од математика и нејзината немоќ да ја пресмета веројатноста да се родев на друго место во друго време, да не бев јас јас, да не ми се гадеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја следевме сите, со еднакво загрижен по­глед, нејзината силуета како навлегува во другата гранична зона.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзините чатални траги – секоја ќе те одведе во друго беспаќе, А ние сеедно се веднеме белки ќе ги откриеме патеките на нејзините бегства.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Говорам вистина. Нѐ чека во другата улица.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во кривичниот процес (кој беше воден пред судскиот совет во состав В.Миновска судија-претседател, С.Михајловска и С.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Петковска – поротници/членови) осудениот управител беше застапуван од својот бранител (адвокат В.Петров), а и оштетениот Јакшиќ имаше свој полномошник (адвокат М.Максимовска) кој, во завршните зборови, предјави имотно-правно побарување во вредност од 3.500.000 МКД (57.375 ЕУР) кое ќе го бара во друга постапка. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, да се направи сосем мал проспект (околу три страници, на сите јазици) - во овој проспект би ги наброиле доблестите на дадаистот: со еден збор, инсигнијата за еден долар или приближно толку во другите валути би ја купувале луѓето од сите земји - чинот на купувањето на оваа инсигнија купувачот би го посветил како дадаист.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Единствено што ѝ остануваше беше болката да ја канализира во еден правец, а таа со учењето да тргне во друг правец.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Коа чул царот оти момчето сакало да излези пред него, со радос беше го примал и се сторило дауџија на царот оти да го клаит во друга одаја, како под затвор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Моите книги, мојата балканска култура, мојата судбина беа прелеани во друг свет, во друг живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пловидба којзнае дали корените на флората се изворите на езерото дали билките ткаат космички страсти во твоите очи или на разбој дали се опоравува љубовта кога едриме дали сме тоа ние изненадени од гостопримството на сонцето дали преоѓаме еден во друг и гинеме ли изненадени не се креваат облаците и нискиот притисок со небото од исти работи боледуваме никогаш нема да го разбереме знакот на пловидбата будни како извори носиме студена струја струја.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со дополнителните измени на чл. 22 и новововедениот ст. 2 од истиот ЗИД се укажа на обврската обезбедувањето на потребата од работници преку јавен оглас задолжитено да се врши со претходно внесување на јавниот оглас во електронскиот систем на АВРМ пред неговото објавување во дневниот печат или во другите средства за јавно информирање печатени или електронски на товар на работодавачот (чл. 3 од ЗИДЗРО/јул.14); в) Измени претрпе и чл. 23 кој го регулира објавувањето на слободни работни места, на кој со новововедените пет става дојде најпрво до регулирање на максималниот временски рок во кој работодавачот може да изврши избор во зависност од вкупниот број на кандидати кои се пријавиле на јавниот оглас за едно работно место и тоа: (1) во рок од 45 дена за пријавени до 200 кандидати; (2) во рок од 90 дена за пријавени 201-500 кандидати и (3) во рок од 120 дена за над 500 пријавени кандидати.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Чекаше еден ден да го стори големиот чекор, да се одвои со своето семејство, во друга куќа, во ветената куќа крај Езерото, но требаше да мине доволно време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Туку, како не се сетив да ја замолам да седне на стариот клавир на Ханс, но во друга прилика сигурно ќе ја чуеш!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вулканот Везув во Италија кога избувна, уништи три града; вулканот Каракату однесе илјадници луѓе; вулканот на Мартиник исто така; та Мајон на Филипините, та Асама во Јапонија, та Калима во Мексико, та Келуд на Јава и другите вулкани во Индонезија и во други земји...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Меѓутоа дека тука сепак има нешто, покажува една фотографија во боја на Dr. Ack­ erman, кадешто неговото лице е маскирано а тој во едната рака држи едно сценарио а во другата кукла.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имаше по неколку генерации кози во едно семејство, со предци во другите војни и несреќи на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали во друг вагон се качи, дали си го смена лицето, формата?...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врвејќи момчето со рибата шарена пред неа, ја видела и го повикала за да му ја купи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во едниот случај, патот води кон вода и треба внимателно да се вози; во другиот, планинската патека е безбедна за козорогот, но не и за јавачот. 192 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зовреа чеканите во тунелите, чеканчињата во бараката, а веќе и фабричните камења затрескаа еден во друг да го сомелат племенитиот метал заради кој во оваа пустелија беше дошле европските лакомци и ја собрале сиромаштијата од разните краишта на Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сè што немаше во другите дуќани, отворени од народната власт како народните магазини, можеше да се најде во наџиџаниот киоск на Курназ, склепан од колонизаторска пилана, пребојадисан со окупаторска краска и подновен со домороден фирнајс - од напрсток до цурак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, да се вратам на мојот Минхен, гледам дека со оваа тема не се согласувате.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури беше во Германија, - продолжи сестрата, но подзастана, - не... во други држави, Марија многу ни помагаше. Ни испраќаше и алишта.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Работата, а веќе гледаш интересот се набива и за околностите во друга држава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Марша и татко му понекогаш ќе му спомнеа за тоа дека неговата мајка е во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Седнавме на долгите тесни клупи, покрај масите кои се протегаа од едниот до другиот крај на просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се кикотеа стуткани една во друга во претсобјето меѓу малата кујна и спалната, додека јахтата рамномерно се нишаше на брановите на езерото, и шепотеа: “Курдоколено ова, Курдоколенко она, Кудоколенко вака, Курдоколенко онака.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но тој на почетокот не можеше да разбере каде и во што целеше Татко при посочувањето на овие две заемки, со сосема различна конотација, но за тоа требаше да се дебатира, откако ќе се исцрпеше сета можна конотација на овие два збора во балканските и во другите европски јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во друг случај, пак, траењето на приправничкиот стаж може и да се скрати, на предлог на одговорното лице – но, најмногу до 1/3 од првобитно одреденото траење (чл. 57, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се закопа Танаил бо гробот што си го имаше направено, но не крај Китан, еден крај друг како што ги закопуваа нивните убиени дедовци и татковци, туку настрана, во друг крај од гробиштата каде што Танаил со време си одбра место.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од овој момент тој за мене веќе не постои и ништо не ме обврзува спрема него, бидејќи тој ја изневери борбата на народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како усвитен метал, дигиталната буква стана правоаголно тело, и тие тела се претопуваа едни во други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека баба ми отиде во другата соба јас – право на гробишта.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во материјалчето за фустан е уд мен, уд сестрата на момчето, во другиот материјал уд братот и снаата, уд најголемиот, во другто е уд руднини на момчето!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- зборот глушец, софтверот ве носи во друг простор кадешто имате цртеж на глушецот и некои елементарни податоци за него; од таму пак можете да се вратите во основниот „расказ”, а можете и да продолжите да okno.mk | Margina #22 [1995] 95 талкате, по волја).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но сега од овој балкански кафез тешко можеше да се излезе, можеше човек само да се префрли во друг кафез, а тоа речиси ќе беше исто како во овој кафез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
— Море, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира, нема други, но овдешните Сефарди на исти заемки во балканските јазици им давале и посебно значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXVIII На положаите над селото и манастирот започна силно пукање; луѓето исплашени истрчуваа надвор и гледаа накај положаите да видат што се случува; најпосле дознаа дека војниците се веселат што ќе си заминат дома, што не дојде до војна; пиеја од чутурките ракија купена од селото и пукаа; се пукаше и од албанската страна, се веселеа и албанските војници што ќе си одат дома; изгледаше дека се натпреваруваа кој повеќе ќе пука или можеби така, со пукање се поздравуваа едни со други; излегуваа и едните и другите од рововите и земјаниците да се видат подобро, да си ги видат униформите, оружјето, да си ја видат радоста што куршумите не си ги вперуваат еден во друг, туку во воздух; се пукаше во бранови или зачестено.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во свеста, не престанав да пластам семожни аргументи за прелевањата на религиите, од една во друга, започнав да верувам во преобраќањата како мостови на вистините, а не како граници помеѓу нив...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
“волчешки” (или, да преминеме во друга приказна, “штурчешки”) архитектонски концепт, наспроти идеолошки доминантните концепти на градење на прасињата и мравките.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но значајното лице, меѓу другото сосема задоволно, од домашните семејни нежности, сметало дека е пристојно за пријателски односи да има пријателка во другиот дел на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фатените премести ги во друг вод. Стоп“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога тој го слушаше Климент Камилски како со одбрани патетични зборови зборува дека постои книга која треба да биде центар на библиотеката во систем околу кој гравитираат значењата на другите книги, како книга во другите книги, тој во себе наоѓаше убедлива потврда за моќта на својата теза за посебноста на секој поредок книги во сечија библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На инаетот, севапот и атерот истакна Камилски би можел да се надоврзе зборот аир, со потекло од турскиот збор hayr, а тој од арапскиот khjr`un.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: II PO.бр. 573/10. 2.  Работникот има право на платено отсуство [„отсуство од работа со надоместок на плата“] во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување (чл. 149, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа не умееше да му каже ни тогаш, по толку време, по речиси цел еден живот зад себе, зошто љубовта за секого од нас се крие токму во еден, а не во друг човек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Несомнено, незадоволството се јавило, прво во Србија, а потоа и во другите делови на Кралството, за кои пристапувањето на Кралството Југославија значело потчинување на нацистичка Германија и напуштање на српските вековни сојузнички Франција и Англија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- кметот стана и влезе во другата одаја каде што беше братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Двете сестри - за в други куќи млади невести веќе заминати.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Саво, кој беше на средината од двата разговорни пара, како џокер се уфрлуваше час во едниот, час во другиот разговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„А пред неколку дена, маж ми со стотина други луѓе го транспотираа во друг логор,“ рече, ја крена едната рака од стомакот, и помина со неа прво по едниот, па по другиот образ, бришејќи ги.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На моменти беше можно дури, омразата да се префрли со свесен чин во еден или во друг правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, залутав во друга приказна. Слободно опомени ме кога ќе се случи тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка ни често знаеше да рече дека треба да гледаме на графчиња...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А брат ѝ тукушто заминал на факултет во друг град, таму се запишал на нешто... што не знаеше да го каже на друг јазик освен на француски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За излегување од дома си даваа знак преку прозорците од нивните куќи кои гледаа еден во друг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Директорот Микнивче вели, дека цените тука се исти, како и во другите кампови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таткото, веруваше во друга врска со клучеви, а тоа беа јазиците, сите јазици на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сè додека телематичката енергија не исчезне во рамнината на тишината наспроти трепкачките команди.¶ okno.mk 33 ДОМ: МРЕЖА ИЛИ ХИЕРАРХИЈА? Manuel de Landa Замислете дека сте добиле работа која од вас бара да се преселите во друг град.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие гласови наоѓале поткрепа во други гласови, според кои тефдердарот му рекол на денот пред Ѓурѓовден на својот готвач-христијанин на 6 мај да не доаѓа на работа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Вети ми,“ рече, „вети ми дека ќе го побараш таму маж ми. Павел Попер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Последната во низата сали е реконструкција на злогласните тушеви во Аушвиц.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можевме по малку да мрдаме со прстите и да се гледаме, едниот Команч во другиот Команч, и двајцата со смртен страв во коските.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чатпат по некоја Толе им разбираше и точно разбра дека се веќе во друга држава, та го потпраша новиот патник што седна до нив и разбра дека навлегле во Србија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се загледал во друга мома.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Несотрена, стрвна стерна стенка под Преспа, пресипана од едната во другата очна длапка.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тромо се влечкаат затворениците - излегуваат и влегуваат, и бараат шегаџии и веселници во другите кауши, да ја убијат здодевноста и тоа неподносливо вгледување во себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе се задржам на ова пред да се вратам на Борхес како човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почна да кочи но колата се излизга и удри во друга, паркирана покрај тротоарот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се вратиле во едни ливаѓе да преноќеваат тамо, чунки видоа еден кираџија кај си пасел коњи, за од нешто страшно да не му бидит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И во едниот и во другиот случај зборот ќе надвладее.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Нарачав четири коли такси: во едната седнав јас, во другата тој, во третата го ставив весникот во кој беа објавени резултатите, во четвртата мистријата и фанглата со кои работев, и им наредив на таксистите да возат, да кружат низ градот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кочо и бабата поминаа во другата соба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Барутот започна Татко којшто означи нова ера во војувањето и во уништувањето на човекот и неговите придобивки, не беше измислен, ниту создаден на Балканот, туку тој, како и многу други смртоносни оружја, беше овде пренесен!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во VPL често си игравме менување во други облици - ракови, газели, ангелчиња со крилја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа навиваше за нивниот нов почеток. За некаде другаде, каде било.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неизоставно така прави и секогаш одново го разгледува со љубов и внимание.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А како ние ќе се сместуваме во другите предмети, кои се во светот? ]е гледаме ли колку шкафот е подолг, поширок и повисок од нас?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Не е за мене?“ викнав. „Зошто - слеп ли сум, сакат?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ако премногу се загледаш во бездната, и бездната ќе се загледа во тебе.“ Фридрих Ниче: Отаде доброто и злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одвреме-навреме ја викаа во другите простории, каде што немаше болни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од Чаплин научивме, вели гаравиот човек со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, дека не сме го чуле Господ кога веќе нè плукнал на врвовите на надежта убаво нè предупредил дека амбисот на себезалажувањето нема дно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не е тешко да се согледа проблемот што тоа го предизвикува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СОЊА: Нешто во другите соби, нешто во подрум.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Само тие биле врска со синот. На гробот не давала ништо друго да порасне, освен цвеќиња.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но, вистина е, и во тоа сѐ повеќе верувам, дека по неговиот пример и јас се упатив во друга насока.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во првиот случај имаме талентиран ум кој мудро се движи кон културна синтеза, а во другиот непромислено дете...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа ми соопшти нешто што направи работите да тргнат во друга насока.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дури таа претресуваше и одеше од местото, каде што беше заробен пленикот на запад, Гоце со пленикот беше на исток.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе години, се документирам во пишувањето и на романот Тврдина од пепел, за кој ќе ви пишувам во друга пригода и очекувам да го завршам идната година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знаеш и сама - тој ќе не чека и во други вакви ноќи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе доаѓаа и сосема малку заминуваа во други затвори, или се враќаа на слобода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нејзините сетива и наговестиле дека сум заљубен во друга.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако тоа што го правам би сакал сумарно да го соберам, би рекол, служејќи се со аналогија, дека се обидувам да пишувам текстови, значи да продуцирам нов контекст каде што нпр. естетскиот и филозофскиот текст би можеле да се преведат едниот во другиот, а притоа да не ја загубат разликата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Најпосле војската се собра во толпа на отстојание пред непријателските војници кои преплашено, стегнати еден во друг се држеа еден со друг цврсто прегрнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И му го зел јагнето во една рака, џигеро во друга, чорбаџијата напре со чибуко в рака, тргнал по сокак за дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Одеднаш јас знам дека овие црни реки, водје што носат бели черепи и мрши на доенчиња треба да стават во друга, поинаква функција.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Другата група на grunge пионерите, можеби порелевантна за суштинското согледување на сцената и нејзината иднина, отиде во друга крајност - вртење кон фолк-country традицијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
С-дур Неколку мига стојат загледани еден во друг, додека таа нежно не ја тргне раката: - Па, раскомотете се.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Но нема да изостави да нагласи дека не бил ослободен од стравот од тоа што тој во други пригоди го нарекувал демонот на Нумидите, овој демон кој ќе ги наведе народите на Картагина на делби, на племенски борби, поради кои Тунижаните ќе бидат губитници по големиот револт на Југурта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дента кога веќе ги подготвуваа куферите за преселување во друга земја, таа одлучи: не смее да одлага.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За во иднина, В И. – која сега работи во друга приватна фирма и која, поради оправданиот сомнеж во партиската блискост на синдикалните лидери, не е член на ниту еден синдикат – вели дека ако се најде во ситуација повторно да ѝ се прекршени работничките права, доколку нема друг начин на справување со бесправното, таа повторно би се впуштила во спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нека дојде, ако е тука, и Пере Тошев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Каде очи гледаат! - одговори полека Прокоп и ја наведна главата, не можејќи од срам да гледа повеќе во Аргира и во другите околу огинот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас, Aehmenia, од Битола, се капам во свети реки, се молам во свети храмови, цел живот излегувам од едно и влегувам во друго ходочастие, штрпкам по некое стракче по камењарите - и тоа е сѐ.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мошне сет за жалене овдеа кутрите селјани, наши бракја, што сет по другите села; фати овдеа селата во Битолска каза, во Прилепско, во Охридско, на многу села из Кучовско, това по Тиквешкото, по Воденско, по Струмишкото и по други кази оште на тамо, както на вамо, по сичките цркви што сет по селата се пеит по грчко: а во гореказаннити кази и во други оште мноооого градови и села из Македонија, нема баре половина грек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чана беше среќна што Митра не ја опсипа со прашања па така и си легнаа, се стиснаа една во друга за секоја на свој начин да го повикува кадрото на Пелагија пред себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Долж целата десна страна беа распоредени три простории: едната беше убаво наместена канцеларија на сопственикот на механичарската работилница „Лихнида“ на Едо Бранов од Охрид, а во другите две соби, во продолжение на канцеларискиот простор, живееја двајцата од вкучно четворицата вработени работници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И главната улица има вакви гостилници и по сè личи дека пачата е солунски специјалитет, зашто, велат, не се приготвува во други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бележи како душата со леснотија се сели во други суштества...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Понекогаш ќе заземеа предизвикувачки став, ќе си ги истегнеа накострешените шии, ќе си ги исчистеа пердувите, долго ќе гледаа еден во друг, но секогаш едниот или другиот ќе се повлечеше назад.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред упатувањето на работниците на работа во странство, работодавачот од странската држава до Министерството за труд и социјална политика е должен да достави на заверка листа на избраните лица кои ќе бидат упатени за извршување на сезонски работи во другата држава. (чл. 3) 67 Закон за упатување на работници од РМ во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, Сл.весник на РМ, 166/12.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Вие не сакате Јана да се вљубува во друг” реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се чувствував крајно слаб како **** Рокет - име на затвор крај Париз (забелешка на преведувачот) Margina #21 [1995] | okno.mk 135 да сум боледувал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тој вакуум едни во други постојат сите преживеани очаи; низ новата болка болат сите претходни; низ мојот сегашен очај ме болеше очајот на моето детство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веруваше дека така ќе биде и овој пат, макар што неговиот живот и неговото судење, на Балканот, беа толку комплексни, комплицирани и извртени, што интуицијата можеше Чапаева да го одвлече во друга насока.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Стопати ти напишав и толку пати се избришав, но тоа беше вентил за мојата душа, исполнета со таква тешка, смртна тага која трае и се прелева од една во друга форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
ФРОСА: (во едната рака носи погача, а во другата го води Танета кој се држи за Спаса.) Добро утро!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во еден миг сум на твоите гради, а веќе во друг, само го барам твојот глас...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога двајцата мажи се доближија до Таки Ников, господинот со долга седа коса врзана во реп, со нотес, во едната, и со врбово гранче во другата рака, го поздрави со „Добар ден, убав ден!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во неговите мисли беше јасно, барем во однос на континуитетот на власта, дека едниот тоталитаризам минува во друг, при што како константна ја насетуваше институцијата на јаничарството и јаничарите, која си имаше своја историја уште од античките времиња на Балканот, првин со македонската фаланга, па Римската Империја, со преторијанската гарда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Настануваат мешавини од кврги, пупки, јазли, полжавски куќички и удови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа практика на промена на начинот најкарактеристично се остварува и има најголемо дејство врз гледачот кога се нагласува, како што обично бидува во бродвејскиот мјузикл, со самата ненадејност на преминувањето од еден начин во друг – на пример, кога исполнителите, кои изговарале обичен дијалог, наеднаш, без претходна оркестарска придружба и без никакво друго предупредување, ќе заорат песна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во едната група беше татко ми Кире а во друга мајка ми Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако претходно се пишувало и се претпоставувало дека “нешто“ се подготвува во Солун и во други градови на Македонија, сепак не се очекувало дека гневот на македонските револуционери ќе се насочи кон динамитни акции директно против европските интереси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од една ноќ се урнав во друга, далеку подлабока, ноќ без месечина, без ѕвезди.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
54. Додека во овој прилог, пишуван пред донесувањето на Мурцштегската програма за реформи во Македонија, Мисирков условно и привремено дури и ја допушта дејноста на постојните црковни организации, во другите прилози во книгата тој е веќе против каква и да е туѓа ” црковно-училишна организација или институција на пропагандите на македонската територија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред мене веќе стои еден човек со чекан во едната рака и со срп во другата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дали само во нејзиниот живот или и во другите животи е така - Марија не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја празнеше и иситнетиот камен го фрлаше во други, одамна истражени јами.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сето тоа стана како на сон: небаре цело време преоѓав од еден сон во друг, ни за миг не будејќи се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Елизе Реклус беше речиси фанатичен противник на инвазијата од англиски зборови во францускиот јазик, но и тој беше свесен за неизбежноста на процесот, кој во некои времиња бил посилен, а во други послаб.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ете така. (Се загледува во друг портрет.) А мадам Вагабундова е многу задоволна, затоа што ја сликам во бел фустан на шпански фон, а не сфаќа колку е тоа страшна тантелена гротеска...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Таму во другион вагон, - покажа со прст Беличот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Милка го покри со дланка едното стапче, се загледа во другите и рече: „Ми останаа уште девет стебла, учителке!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А роднините, тие поблиските, живееја во друг град и така обично, бевме сами.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имам нешто како колиба меѓу Адот и Рајот. Не ме примија ни во едниот ни во другиот, туку ме оставија на средина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој човек, бидејќи ни за себе ни за другиот не е самиот тој, како што ни тој другиот не е самиот тој ни за себе ни за нас - а бидејќи е некој друг за некого друг - ниту се препознава себе си во другиот, ниту другиот во себе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имам уште многу работи да ви кажам за тоа што го прочитав.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Она што допрва треба да се разгледува се посебните општествени фактори што го доведуваат опстанокот на геј-културата во сомнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хегел и Жене едновремено, лице в лице, едниот во другиот и истовремено едниот зад другиот, ако воопшто се можни геометриите на заземање такви положби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тепала, тепала, дури сите погани луѓе и истепала и откоа беа останале чесните, си прешла во друга земја и тамо потепала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Астраганката ја остави дома, за некои други пригоди, за во друго време.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Господе, кажи што ти згрешив... - заолцка повторно Маруш: што лошо сум ти сторил што ова ми го направи... - почна повторно со главата да удира во ковчегот од Висар, но Трајан го крена и го однесе во другата соба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но ноќта фатиле силни ветрови, го распалиле огнот, разлетале пламенчиња нагоре, го потпалиле дрвениот таван, и пламенот се кренал и се пренесол и на покривот, навлегол во другите простории и се раширил на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На фотографијата обајцата молчиме загледани еден во друг и скаменети веќе сами во себеси преповторуваме: Верно, животот, можеби, не беше добар но беше убав...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Преку ѕидовите нивната смеа и викотници одѕвонуваат во другите авлии.  Браќа ѝ, така, пред некој месец ги испратија во Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А таа и шумарот Веселин, засолнувајќи се од дождот, влегоа во лозјето од Цанул и се пикнаа во колибата; внатре најдоа оптегната мечкина кожа, се завиткаа во неа, се впија еден во друг и долго време претаа во кожата како да оживуваше мечката.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа е страшна грешка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со своите акции Сарафов создал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека сѐ што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во тоа време дојде и јавката од еден во друг окоп – Милка да истапи напред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Или барем во друг град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секој од нив се подвојува – еден дел од него, еден дел од неговото Јас, е она кое го создава измечтаениот свет и постои во него, другиот дел од Јас комуницира со стварноста, која за него не постои, и која е само затвор на кој е принуден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што се однесува до случајот со момчето што го фати обезбедувањето во мојот двор, навистина нема што да се објаснува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа мала победа над нејзината голема самота која, потем, ја славевме, со нејзините внуци, во другиот дом, до новото Мајкино заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега зад колата беа две глави на кол. Со љубопитност гледаа една во друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но по извесно време пак истото се случуваше во друга самопослуга.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дојдете, ќе ви раскажам како се сожалив.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можам да поминам низ прозорец без да го отворам, исто како што влегувам од една во друга соба во мојот стан... магија...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пилето го вадеше од супата со изматените јајца, потоа парчињата месо или, во друга варијанта, исечканото месо, го редеше врз поголемата кора во тепсијата, а врз неа, со сукалото, ги положуваше горните кори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој не претчувствуваше ништо и беше со неизменет лик: усните му беа впиени една во друга, сокриваа под катинар збор - остар кристал - долго чуван и никому некажан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Преку значајните движења на виртуелната реалност (врз основа на вртење на главата и придвижување на податочната ракавица) примателот „патува” по четирите соби-светови, од едниот во другиот, ги разгледува симболите во нив и ги испитува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гледал ту во еден ту во друг како низ чадлив превез.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Постојано бараше да се премести во друг шатор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Но општествените значења, како родот и националноста, не се површни: тие се конститутивни за човечкиот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тој убав, со прегради, добро организиран, со фотографија од децата и кредитни картички кои имаат улога: од една вадиш, во друга ставаш и обратно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го напуштаме клубот и одиме во друг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тврдеа дека во христијанството трагичното е поништено: оние кои страдаат или се виновни и казнети со страдања, или пак, ако страдаат без вина, тогаш ќе бидат наградени во задгробниот живот и нивно ќе биде царството небеско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Двајцата, стиснати еден во друг, како сенки се мушнаа меѓу двете бакалници на аголот на Корејска улица и чикмакот што завршуваше со висок ѕид од бетонски тули, и брзо се вратија назад, разделувајќи се со обострано тапкање по рамената.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Проклет да бидам, како да не беше тука, како да живееше во друг свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја чувствував од далечината толку блиска моралната поддршка на Елен Лејбовиц во моменти на дефетизам поради опасноста настаните во Македонија да добијат трагичен епилог како во други поранешни југословенски републики.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По едно време, вратата во која седеа Турците се отвори, и на неа се покажа Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ме поттурнуваат поваму, потаму: од една дупка во друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја замислив како патува со децата во товарниот воз, и додека се така збиени во мракот на вагонот, им раскажува за патувањето што ги чека, им ветува море, игри на песокта и пливање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И дека душава не е птица што ќе се пресели да живее во друг предел...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мислам дека за никого на светот освен лично за себе или за добра работа не би ризикувала да одам да живеам во странство или во друг град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И сега се наоѓаше пред еден нов предизвик поттикнат од судбината на својот мајчин јазик, но во едно друго време и во други услови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во други земји на Исток, наши довчерашни пријатели и браќа, врвните раководства се зафатиле со решавање на проблемот со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа го премести во друго дупче и пак заврте. - Молам! - се слушна во слушалката еден глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Оти во другите деца не ми се гледа?" — се прашаше Нешка, кога влегуваше и фрлаше поглед во училницата, во сите ученици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Богатството на самовилата Еден момент бевме милионери во најтешката валута на светот, во другиот бевме питачи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Раздвижен круг од вода, бран кој успешно ја криеше својата тајност, претворајќи се во тврда, или гасовита форма, преоѓајќи лесно и брзо од еден во друг вид, пред да може човечкото око да ја регистрира таа промена, која, пак, во зависност од притисокот и температурата на воздухот се трансформираше во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Имено, неколку семејства поминале еден ден во друг град, изолирани од било какви масовни медии, додека Хундертвасер со тим yидари ги преуредил фасадите на нивните куќи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сигурно отпатувал некаде, да работи. Во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јавна установа може да основа РМ со средства во државна сопственост како „државна [национална] установа“, општина или градот Скопје со средства во сопственост на општината односно градот Скопје како „општинска јавна установа“ односно јавна установа на град Скопје (чл. 4, ст.1- 2 од ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека во другите куќи преку лето беше врваленка од луѓе, тие двајца беа сами.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во друга земја. Со друга нафака...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Живееја во една од оние улички во кои куќите се толку збутани една во друга, што комшивките знаат што манџа во чија куќа се крчка, кога се подготвува пастел, кога, бурмуелос или алхарос7.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И се знаеше, кога доаѓаше, сите сакавме да ни ја меси питата тикуш, а во други времиња, и питата петаник.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Домашните се повлекоа во другата одаја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Следната година, во деветнаесеттата, кога како бруцош се запишав во Louis-le-Grand, тоа просто беше моето прво патување во животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали е уште дома кај неговите, или пак замина во друга земја?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Но, она што сакав да ти го кажам е дека ова што ти го правиш го гледаме сите ние, моето семејство и целата еврејска заедница на градов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Полињата кои периодично се повторуваат во Метаморфоза, како и во другите негови дела, секако содржат навестувања за бесконечното, меѓутоа постојат некои други негови цртежи каде визиите за бесконечното се уште поделирични.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Цепенко го крена со едната рака и го развеа уште повисоко, во другата му блесна кама и...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Порано тука се учеше на српски. Ако останевте во Војводина сигурно ќе учеше на српски или, не дај боже, да не побегнела мајка ти наваму туку да останела во другата Македонија што е под Грција, ќе мораше на грчки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некои од нив со часови стоеја и гледаа едни во други не поместувајќи се.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, неговата величина беше во друг контекст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојот страв Во друг живот. На некое друго место.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
— Ета правда, вели Маша Русланова, а гласот како да ѝ се претура од една чаша во друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во една или во друга комбинација, овие три супер-држави се во постојана меѓусебна војна и така е во последниве дваесет и пет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фрли ја, вели, големана икона во огнот ѝ се радува затоа што така направиле некаде во други земји...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така здушени, малечката и големата уста, упатувајќи си топли здивуви една во друга, најпосле Пелагија беше совладана од вистински длабок сон.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Му ја вратив јадицата в раце и станав. Тој остана да седи на карпата, неодлучно префрлајќи го конецот од едната рака во другата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оваа кожа е исто­времено удобна и агресивна како и хипостазата на руската свест: тради­ционален занес и мазохизам, русофилско непријателство и лошотија, едното и другото спротиставувајќи се меѓусебно без причина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Темнината ги прелеваше формите од една во друга нејасност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Читав дека во тоа време постоеле, и покрај многубројните даноци, давачки во облик на бакшиш? праша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работи и во други градини за да си го изгледа семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чини дека нашите „префинети“ правници се нечувствителни за социјалните димензии на овој специфичен тип работен договор и, повеќе од сигурно е дека, не прават никакви посебни напори да им олеснат на очајните работници кои се напикани в ќош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пак како пред тоа беа глави на колови, загледани една во друга и сакаа да поговорат за таа земја, сеедно, за таа или за некоја друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сите сликари, навистина, академски или аматерски, особено не оние што сликаат со палета бои во едниот палец, со соодветни четкички во другата рака и со исправен штафелај пред себе, како и секој инструменталист пред својот статив со отворени ноти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На моето чудење му немаше крај кога играчите во бели кошули, земаа еден вид мечеви односно издолжени светли куки, со кои во трансот на играта ги прободуваа образите, некои протнувајќи ги куките од едниот во другиот образ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не зборуваа многу ни во другата просторија во која ги подигна оружјето и униформата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во други делови на светот, степенот 36 Денес, милиони луѓе немаат националност и се без државјанство.43 Според проценките на УНХЦР, во светот има околу 11 милиони луѓе без државјанство.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Агрегатните состојби минуваат една во друга - прамочуриштето станува последна, впрочем и мошне сомнителна, метафора.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дури Толе разговараше во оваа колиба со четниците, Петре се поздравуваше во другата со Дамета Груев, којшто како местен работник и човек им го претставуваше на тие што не го познаваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вратата десно води надвор, левата води во другата соба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се обиде и во други градови. Ништо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот портрет претставен од Антоан Перо беше крајно необичен и впечатлив, пред с затоа што ние ретко можеме да сретнеме, кај еден ист човек, толку исклучителни морални способности кои одат заедно со една извонредна морална и физичка храброст.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа претчувствуваше дека Хелвиг всушност сака да ѝ каже оти ќе патуваат во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бевме толку убаво расположени што по улица одевме гласно кикотејќи се како луди на брашно, се клатевме и секој час се удиравме еден во друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не помала љубов и постојана грижа Мајка внесуваше во одгледувањето на зарзаватот во другиот дел од градината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Рабле и Волтер сакале да ѝ се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во ед­ни­от, ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не, јас тоа не можам да го допуштам... Ќе одам и во другите класи, насекаде ќе наслушнам. 160 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како што вели (Rychlack 1991, стр. 11): „Значењата добро - лошо . . . интрисички навлегуваат едното во другото во своите значења.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се зачудив, бидејќи бев сигурна дека не можеше да ме види зад пердето и влегов во другата соба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Баа, братко, оти да не отцепи!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој, како што пишува и самиот и, како што многупати ми пишуваше и мене, сакаше да се гледа во друга, поинаква позиција, да го гледа светот од точката од која и бог нѐ гледа нас, како што велеше, или пак, што би било најточно, него да го гледаат како мал бог.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа време како намерно да нѐ соочува еден со друг, еден во друг зошто внатре другиот сме го замрзнале, а сега таа негова слика се крши, се двои на два различни лика (уште повеќе ако имаме заедничка фотографија, станува толку видливо дека животот е подолг и посложен од миговите складирани во фотографии).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога ти си бил млад, ние сме живееле на врвовите од дрвјата“, рече барменот, погледнувајќи во другите муштерии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мене и во други околности ми е тешко да пишувам на нова тема, а камо ли овде.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беа цврсти заби, толку цврсти не можат ни да бидат замислени кај еден таков парталав створ, удираа еден во друг во една морничава стрвност, а до него сега беше чујно дури и нивното крцкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А потоа дообјасни: „Мислам, дали планираш нешто слично на онаа твоја замисла за преселбите во други времиња?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, тој наместо да се повлече, тргнал во друга офанзива, па почнал да ги намамува раководните луѓе од студиото на Дизни да работат за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И така одејќи од град на град, дошло дури во царцкио град и тамо веќе беше го допродало сето злато, та беше се сторило прв богат во тој град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Само се претвора од едното во другото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да не се приврзеш за ова езеро кое ги прелива боите една во друга божем небрежно, а безгрешно сѐ до последниот здив - див из-див ај-ај-ај-ај-ај-аја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Скршен од болка и ниско наведнат, го прегази џадето и, гледајќи пред своите нозе, оди накај бараките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мини ја со чунот, ноќе, границата на Езерото, и ете си во другата земја. Ама сега се други времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние стоевме отпростум во собата, неподвижни. Го гледавме танцот на сенките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Молчевме. „Те боли ли нешто?,“ ме праша.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Попрво, семиотските кодови ги сметам за конститутивни за значењата од кои се раѓа поединечниот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Погаништилак и празни верувања, си мисли, но оти сè е безнадежно и оти и ноќва е трудна со неизвесности, и тој е озбемен од тоа Се истава од прозорецот и некое време шета од едните во другите прозорци на одајата, од тие на западниот ѕид, пред кои до пред малку стоеше, до другите на источниот ѕид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Избран или именуван функционер, како и друго службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал не може, во вршењето на својата функција, односно служба, да воспостави деловни односи со правно лице што го основал тој или член на неговото семејство, или во кое одговорното лице е член на неговото семејство, а доколку деловните односи се воспоставени од порано, е должно да се изземе од какво и да било одлучување и за тоа да ја извести Државната комисија (чл. 22, ст.1 од ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Причините на претензиите на Србите и на Бугарите се, се разбира, чисто политички, но освен нив има уште една: македонските наречја стојат едно до друго така блиску, едно во друго се слеваат толку незабележливо што, ако се признае едно од нив за српско или за бугарско, ќе треба да се признаат за такви едно по друго и сите соседни со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Впрочем, и во други градови се случува сите ѕидови да имаат уши. Какви времиња, такви ѕидови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И откако Петре му удрил една убава шлаканица, паднале еден во друг во прегратки и повторно си заживеале како големи пријатели.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ноќта беше стигнала (родила) жената дете машко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја оттурна својата порција настрана, го зеде парчето леб во едната деликатна рака, сирењето во другата и се наднесе над масата за да може да зборува без да вика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа отидов во други служби за да извадам извод од матичната книга на умрените и на венчаните.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со скромност и себезатаеност, сфаќате што сакам да кажам, и по должност, но тоа нашиот разговор веќе го води во други води.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе започнеше голем сон во една татковина, ќе го продолжеше во друга, ќе го завршеше во трета.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И во едната и во другата што ќе прави?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секое претпладне ти пржеше свежи, тукушто купени џигерчиња, заедно ги пеевте „На срце ми лежи“ и „Миле Поп-Јорданов“, те водеше со себе во дуќанот во Чаршијата и додека, со окуларот на десното око, ги испитуваше зголемените механизми на часовниците, ти трчаше околу, од еден дуќан во друг.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја послушал мажот је и уште на часот беше тргнале да бегаат во друг град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веројатно се работи за исти турски заемки кои се преземени и во другите балкански јазици? запраша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, целата мајсторија се состои во онаа средишна буква што, голема и чудна, непрекинато стои, а од неа сите други одат во други насоки, што јасно ќе го покажеме во следниов пример: Gott ist mein Trost (Господ е мојата утеха).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога очите се сини или зелени, тие ја отликуваат планетата Земја. (Кога таа е во ден, кога сите нејзини бои се сини од океаните или зелени од зелените површини, кога ги меша боите, преоѓајќи една во друга, исто како водата во морињата пред одблесокот на сончевите зраци.) Кога очите се кафеаво-зеленикави, тие ја отсликуваат планетата Земја кога таа е на преодот помеѓу денот и ноќта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа бара базична доверба во другите и потпирање врз интегритетот на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ете зошто го зајмат од други, во случајов од жени (или, во други случаи, од благородници).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Братучедите, како незаоран ѕвегар, тргнаа кон портата туркајќи се еден во друг од вџашеност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во едната гајба или црвеноперки, а во другата костреши; освен ако нема уште некоја под тезга, за постојаните муштерии што си порачуваат одвечер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие биле блиски, свртени едни кон други, проникнати едни во други низ разните јазици, различната култура, различните кујни, обичаи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Амбасадорот Амбасадорот во бабината свест добиваше митска моќ, многу повеќе од таа основната, како висок чиновник на една во друга држава, само затоа што веруваше дека нејзиниот полубрат амбасадорот Али Фетхи Окјар ќе ги спаси нејзините синови, ќерки, семејството. Иднината на нејзиното семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во наредните месеци ке се формираат и други културни институции (основан е Македонскиот народен театар (31.I.1945), Драмскиот театар (1946), Театарот на малцинставата, а театри биле формирани и во другите градови во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се забранувало граѓани да земаат учество во прогонувањето и задржувањето на други граѓани, да вршат претреси по куќи, да се собираат во поголеми групи во кафеани и во други центри и со цел да пренесуваат лажни вести и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Всушност тие стигнуваат до последниот вагон, до вагонот на Чана, застануваат, се погледнуваат во чудо една во друга и тргнуваат назад испаничени А нашиот вагон бре Милке кај го однеле!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А потоа, наеднаш, животот излегуваше од нив и тие седеа околу масата гледајќи еден во друг со згаснати очи, како сеништа што бледеат на кукуригањето на петелот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предлогот да се убие Гарванов како одмазда за изгубените 1.000 кг динамит и скратување на можноста гемиџиската акција да се прошири и во други македонски градови бил прогласен за некорисен, бидејќи со тоа не се постигнувало ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие навлегуваат од една во друга димензија, вкрстено, така што ја формираат сега за сега четвртата димензија (1.материја, 2.простор, 2.време, 4.магнетизам). Значи, светов сега е четиридимензионален.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но хетеронормативниов систем може да поднесе одредени помали варијации на сексуалната преференција без да доживее никакви значајни промени на својата основна структура – и без да ја загрози општествената доминантност на единствениот облик на живеење во кој хетеронормативноста го има својот најмоќен и најнаметлив израз. ‌Хетеронормативноста, затоа, може да го преживее крајот на монополот што хетеросексуалноста го има во сексуалниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многумина вриштеа, мислејќи дека нацистот во мојот филм е појак од сите останати.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секој ден пристигаа нови ранети, а оние што заздравуваа ги префрлуваа во други болници, а најчесто во Сук.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Мајка ми не сакаше да ја погребам на гробиштата долу, во градот - објасни Иван. -Далеку биле. Како во друг свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додо, јас и неколцина востаници – тоа бевме нели? – влеговме од одајата во друга одаја, помала, и без двоумење уништивме неколку табли со разнобојни копчиња, преку кои, најверојатно, човечецот во антерија од чоја управувал со механизмот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Уште во 1970-тите години, токму мојата генерација мислеше дека веќе здраво сме ја надминале потребата да бараме геј-значење во главнотековните филмови, во бродвејските мјузикли и во другите главнотековни културни работи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако сака, да патува и во други земји. Сама, или со Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Отидов во друга издавачка куќа со книгата во рака.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Полека ги требев буквите една по една за да напишам стих во празниот простор што треба да личи на лист.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Трпејца Ти доаѓа како да си се преселил во друга скопска населба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Изречувањето на секоја нова и поинаква мисла од оние што дотогаш биле присутни веднаш ќе заземеше место во нејзината насмевка па и во однесувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Барем така, преку рид, преку трап, со пешник леб во едната и парче сирење во другата рака, да се пцуеме, да се караме, а не да пукаме и да се убиваме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Ти и во другите денови си ми крадела, веднаш сите да ми ги вратиш!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не верува Соколе дека во друга би се нашла таква сила да ја растревожи неговата душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Поради турканицата, се разделуваа и пак се бараа за да бидат со можност да се стискаат еден во друг, да се стрват за првата следна прилика.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе бидам твое засолниште. Во друг живот. На друго место.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Луд сум, рече:неговите години како шеесет вагони се удираа една во друга и создаваа неред и неспокојство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си замислувам дека сум пропаднал во Зоната на самракот, гледајќи како реалноста полека почнува да исчезнува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, на „Пигал“, човек, барем оној полн со љубопитност, не дошол да го испитува своето гурманство, туку тој е тука за да го почувствува она што не може да го види во друг дел од Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пиштеа луѓето како полжави на врела ламарина, риеја и се криеја во калта, копаа бразди, се вовлекуваа еден во друг, да се спасат од мечот на свети Архангел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веројатно дека во други термини тоа го правеа и останатите јужно-словенски браќа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во еден град ако продаеше едно парче за илјада грошеи да речиме, во друг - за две илјади; во треќи - за три илјади.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Извини но секој од нас на свој начин си го замислува тоа принудно заминување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И веќе знаеше дека таа го разбира, дека се разбираат, двајцата еден на друг си се две бистри води што се слеваат една во друга.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Човек мора да доживее ужас кога како стар војник од фронтот гледа како се плука и валка германски војник-борец, или кога во други дела овие свињи ја иронизираат германската мајка како напалена курва или пражена чиешто лице одразува ступидна глупост...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Станува значи збор за инаков простор, инаква читачка навика, инаква егзегеза. 36 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да го докажеме тоа, не е потребно да се избере некоја суспенз-сцена; „хичкоковскиот” стил ќе се препознае дури и во сцена со разговор меѓу две личности, едноставно по драмскиот квалитет на кадрирањето, по вистински единствениот начин да ги раздели погледите, да ги поедностави движењата, да воведе тишина во текот на дијалогот, по вештината да создаде чувство меѓу публиката дека една од двете личности доминира над другата (или дека е заљубена во другата, или љубоморна на другата), да сугерира, надвор од дијалогот, точна драмска атмосфера, и најпосле, по уметноста да нè води од една кон друга емоција, според својата сопствена интуиција.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе нафрлаше во почетокот на зимата, а потоа во другите зимски месеци одвај дали ќе побелеше земјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се барам себе, но во друг. Кога ќе го најдам другиот ќе се најдам и јас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И да не продолжиш да ја запишуваш, посветувајќи и се целосно!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја прочитав првата книшка во мојот живот и како да се најдов во друг свет, со други луѓе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
До престанок на работниот однос на вработен во јавно претпријатие со статус на давател на јавна услуга може да дојде во четири случаи и тоа: (1) со спогодба; (2) по барање на работникот; (3) по сила на закон и (4) во други случаи предвидени со овој закон и колективен договор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога излегуваше, Билјана која цело време плачеше во другата соба, му рече на лекарот: - Јас сум крива што ѝ купив...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
СТОЈЧЕ: (Штом стрико Кољо влегува, го зема тефтерот од Јордана и го носи во другата соба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Повеќето од тамошните типови беа кул - и освен вообичаените шеги и хистеричната насмевка ништо не се случуваше - но Ингрид Суперстар постојано одеше пред огледалото, го прекриваше лицето со рацете и почнуваше да халуцинира, и тогаш потполно откачуваше и почнуваше да плаче и да зборува „толку сум грозна”, и тогаш сите ги вадеа своите курови и зборуваа од стомак, за да изгледа дека не зборуваат тие туку знааете веќе кој, и тогаш ја тераа да зборува со „нив” - тоа секогаш ѝ го поправаше расположението - но тоа ѝ го привлекуваше вниманието само неколку моменти и тогаш мораа да смислуваат нешто ново - изгледаа како куп очајни бебиситери кои безуспешно се обидуваа да го утешат расплаканото дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од едни гробишта идеме, во други влегуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се плетат една во друга, играат, проклетниците, по ѕидовите на старата и мрачна европска архитектура.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
НОЌ Краста и Тики со кола се возат низ градот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За Мајка, ова неколкудневно патување беше еден цел мал живот којшто таа имагинарно си го прошируваше во други простори, го продолжуваше отаде неговото збид­ну­вање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Емоционалната интелигенција ќе ни помогне правилно да го интерпретираме тоа што срцето сака да ни го каже, да ги следиме реалните сонови, желби и потреби за де не отидеме во погрешни правци, мислите да не запловуваат во други надреални места, зошто тоа не е и нема да биде стварност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„И сега ти е сеедно?” „За што?“ ја праша, собирајќи ги веѓите една во друга и за прв пат погледнувајќи ја в очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Исто така, тој беше должен да плати и паушал за судски трошоци во износ од 2.500 МКД, како и да му ги надомести процесните трошоци на оштетениот, во висина од 23.400 МКД (385 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Летајќи на „слепо“, со лошо научени лекции, ја префрлаат ноќта од еден театар во друг, па публиката се чуди зошто е така ниско приземјена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се присетив на земањето мерка, на обѕидувањето, на заробувањето или преселувањето на здивот и животот од еден во друг створ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На небото, над градот, се протнаа двата сиви облаци еден во друг, носејќи го во себе потенцијалното семе на дождот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Демонстрациите што уследиле како резултат на пристапувањето на Кралството Југославија биле организирани од страна на српските опозициски политички партии кои соработувале со Британската разузнавачка служба СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таму застанаа некаде, меѓу некои обраснати ѕидишта, офицерите се сретнаа со други офицери после што војниците направија обрач околу зелената ограда на некоја неголемка ливада сред која беа наседнати и некако забиени еден во друг цела толпа од околу сто и педесет мажи од најмали до најстари, немоќни старци со кечиња, забрадени или небричени, со испиени лица како да гладуваат, со пропаднати очи и со веднати глави и замислени лица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сето тоа време, имало големи промени од еден тип на свесност во друг.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На една од средето и ја поткрена главата и ја потштипна по црвениот образ; на друга во другата редица и ја разбушави косата; третата ја фати со двата прста за срменото коланче и ја позаниша, а последното, најмладото од сите го плесна по образите со двете раце и му го поткрена брадулето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како каде. Бев во другите, повеќе или помалку козарски републики.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На ти и тебе, бре ајдамак, да пораснеш голем!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А тоа што во другите населби листовите за сарма се оловни е затоа што...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Претпоставувам дека една состојба се менува во друга, што спречува острината да отапи поради страдањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Гледаа еден во друг, со доближени лица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа расмеаност, во моментот кога им сретнаа и скоро заварија погледите еден во друг меѓусебно продирајќи се, особено откако и тој просто ѝ се израдува, таа нејзина расмеаност како да црпеше сок од некаде длабоко во нејзиното торзо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во едната Петра, а во другата таа и Митра.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби е во право, ние би сакале да нè однесе на некое од тие прочуени места во други држави, каде што се собираат најголемите филмски ѕвезди, за да ги видиме во живо, како што таа ги гледа, ама и во Битола не беше лошо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И подоцна – куќата што воздивнува, луѓето од Шумшул- град и џуџестиот Жеро Жерав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таа нуди отуѓен светоглед кон интензивната емоција што – за разлика од судот на мојот стрејт-другар кој го спепели Сон за страст – не е ниту скептичен ниту редуктивен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште пофрапантна неспособност Хамидовата полиција покажала подоцна, кога низ сите страни се ширеле гласови, а некои европски весници ја објавиле веста, дека македонските револуционери подготвувале напади врз разни значајни установи во Солун и во други градови во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најпосле се создадоа услови Пелагија да ѝ го даде поклонот, една прекрасна азмајникава басма за фустан и едно брошче со две бели срца на црна основа навлезени едно во друго.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Касарните биле жестоко бомбардирани, опожарени, загинале илјадници јаничари, други илјадници биле убиени во другите делови на империјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сликата е направена рано наутро; сонцето тукушто е изгреано; расцутените костени фрлаат сенка на патот кон полето; мајка му во едната рака држи срп, а во другата го држи Богдана за рака; таа е облечена во вет забан, ветва кошула и опинци на нозете; забрадена е со марама; лицето ѝ е предвремено овенато, ожебавено, со модри траги што времето и животот ги оставиле; очите без сјај, без радост; устата збигорена, без насмевка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Луѓето во другите делови на светот - Индија, Јужна Америка, Русија - имаат пристап до сè што правиме ние.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тетка Рајна, секако, намерно излезе во другата соба и брзо потоа го викна и татко ми таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сите мои белешки, корисни адреси на лица и фирми, каде што можеше да се инвестира, да се одржуваат и прошират старите пријателства завршија како куп безвредни, пожолтени ливчиња, feuilles mortes, како што би се рекло на француски јазик, коишто времето ги ослободи од првичното значење. Се помирив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа повторно настапи една сиромаштија. Затоа моравме, откако ќе ги завршевме нашите работи, да одиме во друго село за да прашиме афион.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама, запомни го и овој мој совет: кога ќе сакаш врз некого да се потпреш и да го употребиш, немој да го земаш на ум само она што го знаеш за него од порано: човекот може се изменил: зашто телото на синот човечки се менува постојано, небаре од една состојба во друга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако Борхес стана култен лик за Фуко, Дерида или Ролан Барт, тоа е токму поради систематската маргиналност којашто овде ја анализирав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури подоцна, без команда, командирот се сврте назад кон заодената чета, па војниците, од неочекуваност, се натуркаа еден во друг од позади.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Речиси ги гледав усните на Катерина како се движеа таму, во другата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако тужителот во тужбата не ја назначи вредноста на спорот, судот ќе постапи согласно со закон- ските правила за „неуреден поднесок“ (чл. 176, ст.2 и ст. 4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се знаеме јас и ти од некое друго време.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Како лилјак се удира звукот во едниот па во другиот брег од клисурата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Се раздвижуваат, се преливаат една во друга и пак се раздвојуваат. Чудесна игра на светлината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во деновите кои се прелеваа еден во друг чекорев по улиците, со наведнат поглед со каков што чекорат осамените, небаре мислат дека изродство од светот им е втиснато во зениците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се отворија два дуќани, тукуречи крчми и, едните, националните, влегуваат во едната, а либералните, во другата. Крв ќе падне“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очигледно е дека аналогни тенденции се пројавуваат и во другите системи на писмо, настанати во христијанската ера, конкретно, во старословенскиот свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На волците не им требаше многу време и за да наскокаат и за да се вплетат еден во друг, насобирајќи се во својата жилава топка, што отскокнуваше, прштеше, цвичеше и крцкаше со забите, неразделно вчекнати околу голите коски на смртта, како во својата единствена и неизбежна патека кон сите идни вакви ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бевме веќе готови да излеземе од куќата, го подготвувавме стадото и нешто друго што имаше останато во куќата кога дојде Цале Ангеловски кој ни паѓаше некој роднина, но не знам што, и му вели на татко ми ...а бре Митре да не си полудел, кај ќе оставиш татковство и ќе одиш во друга земја?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
ИСЧЕЗНУВАЊЕ НА ПРИВАТНОТО “ЈАС” Во електронскиот поредок, информациите и содржините, не само што се движат од еден приватен простор во друг, туку патуваат низ цела мрежа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бидејќи сестрата Писи била непосредно до настанот и временски и просторно, нејзиното пишување може да се смета за поверодостојно од било кои други што за тоа чуле од друго место и во друго време.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Надзорот служи за да се одржат границите преку дефинирање на основите за исклучување и вклучување.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Неколку моменти подоцна Аугуст го повикаа во другата соба за Прва помош, каде една друга девојка лежи на креветот, овојпат држејќи се за работникот на Црвениот крст како да се бори за живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко често запираше крај големите сенки на Аја Софија и разлетаните гулаби, небаре во отсутната молитва на минливоста да ги разлачи составните делови на измешаната балканска судбина, на неговиот албански и другите балкански народи: народи првин многубошци, па пагани, рисјани, муслимани, Евреи, преобраќани од една во друга вера и на крајот атеисти, апсолутни атеисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но толку очајнички посакувам овој сензибилитет да вплови и во другите области, како што се компјутерите. ñЗначи, како еден Африканец, или Бразилијанец, или некој друг, го ослободува компјутерот?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тогаш, границата помеѓу двете „братски земји“, кои ги поврзуваше мостот на сталинизмот, не беше вардена како во други времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Давид во повеќе интервјуа изјави дека Monty Cantsin стигнал во Портланд, додавајќи дека има повеќе Monty Cantsin и во Унгарија, Јапонија и во другите земји и дека сите изведуваат еден голем симултан концерт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Барем триесетина луѓе што Винстон лично ги познаваше, не сметајќи ги неговите родители, беа исчезнале во една или во друга прилика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Исто како што можеш да учествуваш во геј-културата без да бидеш хомосексуалец, така можеш да учествуваш во хетеронормативноста без да бидеш стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“Бев во Кореа,” рече тој откако едно од телата се распадна од невнимателното носење, „можам да разберам момци да пукаат едни во други убивајќи се, ама ова - “ ја заниша главата. „Исусе Христе.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Примерите како: „Ајде чедо, ајде синко, стани, со рано пат си фани, крени клепки недоспани“ и слични, ќе се повторуваат често, и во други раскази, но тие примери, кои повеќето ќе ги врзуваат за поетскиот впечаток, се површни, и не секогаш успешни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа Камилски забележа дека поврзаните капиџици можеле да обединат цело маало, од еден во друг двор, без да се излегува на улица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До експлозии дојде и во другите дворови, и во другите улици. Несвесно, госпоѓа Морис вресна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одвратна! И еве се селам! Се отплеткувам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На една голема станица, што му кажаа на Толета дека се викала Ниш, Толе и Митра требаше да слезат за да се качат во друг вагон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преминавме во друг, поубав ресторан - исто така; во трет - исто така: се натрескавме до немајкаде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сепак сфаќаше - беше богат. Ги впи усните една во друга и со сета сила ја повлече вратата на касата. Остро крцкање запара по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се грижеле за дробовите и за ноздрите во кои се таложела камена прашина; се чувал видот - понекогаш невидливи парченца камен се забуцувале во очите како раски и се носеле под клепките со денови, секако додека ноќните солзи не ќе ги исцеделе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И таму се сретнавме со многу наши популарни артисти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Разменивме неколку збора. Сега судбината ме донесе пред неговиот брат, во друга, обврзна функција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
-Ах! Добога, Клеманс! Ме слушаш ли! Крв му ебем! Ќе легнеш ли, да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сето тоа изгледаше како една журка да упаѓа во друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Екнуваше пукот со часови, ги решетеа прозорците, го корнеа малтерот и сè повеќе се стеснуваше обрачот околу училиштето; се префрлуваше учителот со жена му и син му од едно ќоше на друго, од една просторија во друга и се засолнуваше од куршумите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти ме знаеш: од празно не пијам... (Стојче и го однесува пагурчето на Рајна во другата соба и пак се враќа).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Толку беа внесени еден во друг, (или мракот го создаваше тој привид), па на Анастасија ѝ се причинуваше дека настојуваат да ја испијат еден од друг сета слобода за која веруваат дека им припаѓа, дека ја поседуваат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беа занесени еден во друг толку многу, што не го ни забележаа редот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со тоа модерното општество го продолжува тоа чувство на зависност до возрасното доба, се појавува кај луѓето кои во други околности би морале секако да ги ограничат своите слободи во своите лични области - ограничувања што се иманентни на самата човекова положба - со развивањето на своите раководни и деловни компетенции, со развивањето на скалесто поставените нарцистички состојби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истата закана која постои и во Татарската пустина на Дино Бузати и која ја сретнуваме во други дела за автократските режими...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето беа во другиот шатор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ама во некој поглед бев подобро.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заошто така да је напраиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таму постои силно ционистичко движење кое очекува да го посведочи засновувањето на нашиот дом во Земјата на Израел”.  Му се слушаат чекори во ходникот, па сепак не сака да го прекине текот на пријатните сеќавања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Зборуваш македонски? - Лафам, ама не многу гласно зашчо се ушче има руфјани...2 – рече тивко и погледна на масата во другиот крај на кефеаната. – Туа о леринцко помногу се лафи... и се пее...македонцки...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, ако се исклучат најјужните околии коишто биле населени со грчко или со турско население, во другите делови на Македонија грчката „сила“ ја сочинувало, главно, македонското и влашкото население, кое ја признавало Цариградската патријаршија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сѐ беше подредено на проблемот на желудникот... зарем не, на тоа се сеќавам, на едно нешто: само еден излог навечер беше осветлен со гас, затоа што во другиот немаше ништо, само едниот од двата излози беше осветлен, бидејќи другиот беше празен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Двата записа се разликуваа само во дребулии: уводните стихови во двата записа имаа различно „јас“; во едниот случај тоа беше царот Соломон, а во другиот – царот Дариј; во нашиот препис го немаше зборот „жена“, со кој започнуваше пак текстот кај Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Методија Гришкоски, кој во сè дотогаш беше прв и со најласкава карактеристика во друг случај да го убиеше не би прифатил таква улога, но сега тој се согласи од подла, гнасна побуда.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Велат дека повеќе се заработува отколку во другите гурбети.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како што еден облак заспива во другиот така јас во тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Го бараа по станот и кога го немаше во другите соби и бањата, се сетија дека е под масата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
На почетокот влеговме со јасно одредена цел, сигурни во себе, моќни, но и со сомнеж едни во други.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Затоа и помислив дека тајната што се обидувам да ја разјаснам потсетува на раката на давеник која откако се кренала над водата и успеала уште еднаш да зафати од воздухот, за жал не е во состојба да ја принесе таа скапоценост до устата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакам да кажам дека писателот мора да биде подготвен да преживее нееднаква изведба, што може да биде погубно во другите професии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Врви мравјата работа околу нив. Лозјето се спушта благо надолу, и ако гледа подолго човек по вршките на лозите, што преминуваат натаму во другите лозја, му се чини како едно зелено мирно заталасано море да го дели од полето и од градот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На рана возраст во животот, во кои и да е миг кога стануваме силно свесни за своите желби, геј-мажите откриваат дека повеќето човечки суштества што нѐ привлекуваат ни најмалку не се заинтересирани за сексуална врска со нас, дека не ги привлекуваме и дека не може да ги привлекуваме и дека некои од нив самиот факт за нашата желба ги грози.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Болно стенкање ја исполи собата кога неговата имагинација сето тоа го пренесе во другиот кревет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уверен дека и во едната и во другата - во крајна линија ќе се загрозеше семејниот идентитет, ќе се обезличеше засекогаш, макар што тоа не се случи во долгиот петвековен период на Отоманската Империја, тој, следејќи ја природната парадигма, на сè уште незавршениот пат на јагулите - беше решен да се определи конечно за патот кон Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А романот излезе во печат дури потоа, со друго име за Паца и во друг град.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веселост - Најчесто означува промена Детство - Човекова возраст, во која тој на една здодевност во друга. си игра со кукли.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие, си велам секогаш кога се молам во други храмови, му се посветени на истиот Бог на кој му се молел и нашиот Спасител.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Водите нѐ смирија. Нѐ облагородија. Во спокој, заеднички, верувавме во Бога и во другите!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој свиок, веднаш ќе видиме, ќе донесе промена во дескрипцијата: „Водите удираа првин во стените од едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во друг дел на градот се наоѓа куќата во која беше прифатена Дитта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот. ‌За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбра сѐ што стана во дните по нападот, но не го сожали Мисирлијата, попот, даскалот и другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Тоа беше Киш - се насмеа Надица кога ѝ кажав за телефонскиот повик. – Чудно ти е?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си ги гледам рацете: крвта ми капе од едната дланка во другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговиот пример е инспиративен за тоа дека, и покрај самобендисаноста и ароганцијата на своите „газди“, работникот не треба да се демотивира и треба да биде упорен во барањето на правдата низ правосудните лавиринти. 1.  Интервјуто го водеше Стефан Бошковски, на 4.III.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Жените ќе се здобијат со големи права, непознати и незамисливи во другите арапски земји. Полигамијата бидува забранета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Посебно незаборавно ми е она кога тој излезе од олтарот гологлав и облечен во онаа широка црвеникава мантија целата извезена со сребро и нашарена со жолти шари, со отворена книга во едната рака и со расчадената кадилница во другата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Куќата ѝ се пустосала, раскуќила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
136. Таа задача би можело да ја исполни западнобугарското или шопско наречје, да не беше малку распространето и со многубројни оригинални особености што се немаат во другите наречја во Бугарија, Тракија и Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така ја викаа и во другите чети.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имаше невидлива нитка - премин од едната во другата душа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Преминувањата од една група во друга се далеку помалубројни отколку во капитализмот, или дури и во прединдустриската ера.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Легнуваа на кожни постеќии и се впиваа еден во друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оној кој не сакаше да влезе во едната или во другата дружина - остануваше на празната страна...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Со поп е крстен, со поп и ќе го закопаме”, рече мирно тој, ама се слушна дури и во другото маало.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Романот Бунар од Димитар Башевски на планот на формата е беспрекорно конструиран, речиси геометриски, како низа од хомологии, од совпадливи ликови и случувања кои се огледуваат едно во друго, и како збир од дихотомии во кој се спротивставени историјата - митското, циклично време; колективното, несвесно - индивидуалното, цивилизациско; машко (Симон) - женско (Агна); вековен семеен судир (Симон и Владе); субјективното (животопис) и објективното (историски документи); бунар - водовод; современост - минато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговото надворешно однесување е одбрамбен систем којшто е аналоген на безбројните отвори кон подземните премини за кои човек си замислува дека ќе го воведат во подземната цитадела, но тие водат во други насоки или не водат никаде.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И местото на Одборот ќе треба да се префрли во друга куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дедо попот и Даскалот ја погледнаа прво срната, па се погледнаа еден во друг вџашени, не знаејќи што да мислат ни што да речат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Неговите мисли го враќаат назад, во неговите млади години, во други светови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Остатокот од пешникот ѝ го подаде на Мара и потоа тројцата засркаа од гравот, држејќи ги во едната рака коматот леб, во другата лажицата. Братучедите лакомо јадеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лесно минуваа од еден во друг идентитет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нему му е умот во друга севда зададен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За Татко, социјализмот беше голема, благородна идеја за социјална, праведна разврска на противречностите во животот на луѓето, во сите времиња, но тој стравуваше од злоупотребата на големите идеи на големите филосо­фи, во други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од облачето се исцедија неколку капки. Излезе сонцето и си го завитка облачето околу глава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се стискавме еден во друг слушајќи си ги биењата на срцата што ќе ни ги разнесеа градите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога напролет сиот народ ќе жугнел по полето, по нивичките, по лозјата, таа ќе го земела дикелот во една градинка да посади малку пченка, компири; во друга оградка ќе посеела малку пченичка, 'рж за да си ја прехрани душичката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој страхуваше дека последиците од „двоверството” односно „јаничарството” на Балканот можат да бидат најжестоки, пожестоки од тие што ги познава историјата во другите делови од светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И во зградава ги има. И во другиве влезови. Ќе имаш многу другари.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Истото го направи и во другиот дел каде што ја имаше сместено Митра, а со помошта на момите на Роса, го дотераа и нивниот брлог.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стаписано застанаа и зачудено се погледнаа еден во друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми намести во друга соба...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Демонстрациите19 што уследиле како резултат на пристапувањето на Кралството Југославија биле организирани од страна на српските опозициски политички партии, кои соработувале со Британската разузнавачка служба СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вандализмот на рускиот уметник Александар Бренер на почетокот на оваа година во Стеделијк музејот кога тој со спреј нацрта зелен долар врз 52 okno.mk сликата „Белиот крст на сиво“ (1920-27) од Малевич, ми изгледаше како необичен и бесцелен чин на насилство, со единствена цел да се привлече вниманието на медиумите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние се приближивме уште повеќе, стискајќи се еден во друг како некои преплашени добичиња.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Командантот влезе во бункерот и му нареди на Киро да премине во другиот бункер и да го преземе тешкиот митралез.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговиот имот се простира во други подрачја и во друго јаве.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Неколку дена потоа се породи Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Малиот гледаше ту во едниот, ту во другиот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Штом е крај нив, тој се претвора во друга личност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И она што го облекуваат и тоа како го 58 Margina #10 [1995] | okno.mk поминуваат времето? (...) Дали се револуционерни и во други погледи?  Б: (...) Многу од нив сега се.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Корисно е во овој контекст да се потсетиме на нашиот заклучок од претходно дека „женственоста“ во машката геј-култура, по правило, е заменски идентитет: таа е идентитет што се користи наместо и како замена за облик на постоење што геј-мажите не можат да го добијат – односно, барем не толку лесно – во сопствените личности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седат сите околу масата, за децата, се разбира, нема место, тие се во другата одајка, го гледаат и го слушаат Димостена, а тој го држи лицето како кадро што почнало да се губи од хартијата и ги пушта своите така да се рече излитени зборови, кажувајќи за затворскиот живот и тоа го поминува само со десетина во кои се нагнетени пет шест и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ако не почнеше Војната полицијата ќе го расветлеше случајот. Ќе го казнеше злосторникот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За жал и во вашиов како и во други случаи заслепеноста се јавувала како придружник на злото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како најкарактеристична заемка го истакна зборот сој, со значење род, племе, потекло, сорта (од турскиот збор soy); лагаб, прекар, односно фамилијарно име, со потекло од арапскиот збор lgab; арка, грб, протекција (во преносна смисла), заштита, со честа употреба во балканските јазици (турски arka); евлад, чедо, дете (од арапски evld), дост, пријател (персиски dost), душман, непријател, противник (од персиски dmen),на новогрчки dusmanis, во иста форма и во другите балкански јазици; асија, крвен непријател, од арапски si; кардаш, брат, другар, од турски karda; јаран, пријател и другар, но и љубовник, еквивалентен збор на оваа турска заемка би бил зборот побратим, како и посестрима; јолдаш, и овој збор се употребува со значење на другар, сопатник, пријател, од турски jolda Камилски внимателно и трпеливо го следеше Татковото реферирање на турските заемки за коишто беше задолжен, очекувајќи да ги назначи неподобните, но неговиот избор како да одеше во обратна насока.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не еднаш на митинзите во Софија и во другите градишта се имаат примано резолуции со излагања на нуждите на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги чекам болничарите да ме пренесат во друга соба, но ги нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Раиз, човекот со кралско име, врсникот на Бургиба, си го заокружил денот со изгревот и залезот на сонцето во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, сѐ се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми се бега некаде, барам во друга земја да ме префрлат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Интерпретирај се себе си на друг начин, во друг склад од контексот кој бил досегашен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
69 Закон за упатување на работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи (И.К.)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Промислувајќи, исто така, за граничните вредности на извесни уметнички гранки ќе увидиме дека тие се флуидни и се преливаат една во друга како чудни алхемиски тинктури кои во експериментот се интегрираат со ритуалните текстови (формули, мантри, магични беседи...).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бах успева пред носот на слушателот да изврши модулација (промена на тоналитетот) и неговиот канон завршува така што безболно се надоврзува на почетокот, но во друг тоналитет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Еј, Спиро“, се сврте кон мене со тил. „Ти си носел со кираџии железо од овој крај. Далеку ли сме од селото на свети Гаврил Лесновски?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но сега е четврток, ова е станицата Шемен Вер, надвор се спушта вечерта, треба нешто да се смисли, можеби дури и не делува премногу неверојатно тоа што во другиот воз, тоа што во четвртиот вагон, тоа што Мари-Клод е на седиштето крај прозорецот, тоа што и самата здогледа и што се исправа испуштајќи крик кој 64 никој освен мене не може да го чуе така среде лице, среде таа трка за да скокнам во преполнетиот воз буткајќи ги патниците што негодуваат, шепотејќи ги извинувањата кои ниту некој ги очекува ниту ги прима, стоејќи наспроти двојната клупа заземена од нозе и чадор и пакети, која ја зазема Мари-Клод со својот сив капут покрај прозорецот, црниот прамен при наглото тргнување н возот малку се затресува како што се тресат и нејзините раце иако се ставени врз бедрата додека го упатуваат тој повик што нема име, кој е само тоа што токму ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како примателот се среќава со ова уметничко дело?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го чул говорот на Сотира и, место да оди во другиот дуќан, застанал однадвор на пенџера, со мустачињата напред и со забите стегнати под поткренатите бузи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, се надевам дека тоа задоволство ќе ми го пружите во друга прилика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко ја насети дилемата на Камилски, на моменти како да беа еден во друг, еден за друг, никако еден без друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Расказ е, почеток на расказ е“, му се спротиставив на соседот, пензионираниот професор по литература кој живееше во истата зграда во која живеев и јас, само во друг влез.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој и на сегашните јужнословенски јазици не гледа како на три целини, точно разграничени, туку како на синџир дробни наречја што се слеваат едно во друго, како што влегуваат колцата во синџирот од една страна во едното соседно, а од друга страна – во другото соседно колце.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А потоа Земјаните отидоа да живеат во друга галаксија, за да побегнат од болеста што ни ја донесоа самите, откако го ограбија нашиот свет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Женственоста“ е средство преку кое геј-мажите можат да заземат конкретен, нестандарден, антисоцијален начин на суштествување, чувствување и однесување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се изврши дефинирање на тоа што се подразбира под објавување на јавен оглас – „секое јавно објавување на потребата на работодавачот од работник, за пополнување на слободно работно место, без оглед на тоа дали огласот се објавува во дневен печат или во други средства за јавно информирање, печатени или електронски. 18
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Губејќи ја својата прва Татковина, тој добро знаеше дека нема докрај да биде прифатен во другата, а уште помалку, во третата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се чувствуваше слаб и немоќен за да може болката повторно да се бори со множеството детали, со нештата што требаше да се координираат, една работа да се вклопи во друга, прво ова да се направи, а потоа другото да следува, целата конструкциска скица да напредува со точен редослед, и соодветниот човек и соодветниот материјал да бидат на соодветното место и соодветното време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овде може да се пазари, да се наддава или да се дава помалку а што, на пример, не е допуштено во другите трговски центри, ниту во големите стоковни куќи „Лафает“, во базарот „Отел д вил“, во „Паризуник“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Простаци! Луѓе без манири и обврски!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Види Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance, in Global Surveillance and Policing: Borders,” Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 13. 56 David Lyon, “The Border is Everywhere: ID cards, surveillance and the other,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Se- curity, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 67. 43 „Спротивно на трендот од последните неколку децении, многу општествени граници се сега потешки за преминување – било да станува збор за влегување во друга земја, соседство или зграда, барањето на емиграциски статус или статус на азилант или информации – додека некои лични граници се полесни за преминување како резултат на новите закони како што е Patriot Act“.57 Всушност, токму личните граници стануваат попропустливи, а не општествените, што има негативен ефект врз човековите права.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не можејќи да најде, му идеше помислата да се врати најпосле дома в село, да заврши со овој скитнички живот што го започнаа со Којо Пипилето, работејќи најпрво како ѕидарски работници во родното село, па и во соседниот град, па во други градови, оддалечувајќи се сѐ повеќе од родното место, како реки што одат во спротивен правец.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
-„Зошто Јас, зошто боли толку многу, зошто секој збор ме повредува, зошто секоја насмевка ми е толку туѓа, зошто е толку тешко да заборавам?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако заведувањето игра на картата на претчувствување на она што во другиот останува вечно тајно за него самиот, на она што никогаш нема да го дознаам за него и што сепак ме влече како тајна, тогаш веќе не останува многу слободен простор за заведување, бидејќи денес другиот веќе нема многу тајни ни за самиот себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
-Влатко воздивна, небаре се издишува ритмично, запаѓајќи во некаков сон... - идиличен пејсаж - акварел со сино - зелени нијанси, што се прелеваат една во друга... тоа прелевање Влатко го чувствува така што го слуша како некакво бранување, како реката што се бранува низ каменото корито... на брегот на реката ја довтасува Јана, ја довтасува зашто таа таму запира, седнува, си ги собува патиките и гласно смеејќи се шлапка со босите стапала.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не заборавајте, трите конфесии со кои го вкоренуваа народот во историјата беа и три јасни можности за негова постепена асимилација, исчезнување од историјата, претопување во други народи...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Триманова, која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и која сега работи во друга приватна добростоечка фирма во малопродажба – вели дека, во иднина, пак би тужела доколку и биде повредено некое законски гарантирано право од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така задуман, или одвеан, еден ден забележав како претрча или прелета од едното во другото ќоше на одајчето, од едниот во другиот агол на окото, мало, црно глувче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Повеќе ме загрижува претурањето од еден сад во друг на она што еднаш веќе било налеано, бидејќи претурањето збунува, или во најмала рака укажува на замешаност на повеќе интереси.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И во другите републики. – Што се случува таму?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откога ќе го видат лошото во другите луѓе, тогаш ќе го видат и кај себе, па им заблагодаруваат што им помогнале.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Челичните заби се вклештија еден во друг, се стиснаа како ѕверска челуст, и тој, Стојан Ванков, се исправи со суво шушкање во душникот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека не ги фатија едниот од нив во друг арамилак...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зад него, за миг се најде келнерот Велко, држејќи го во едната рака коланот со сабјата, а во другата капата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чекори внимателно доктор Сашко Кедев како кога се влегува од една во друга празнина откако ќе се почувствува моќта на возвишеното.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Грдан се врати со една чинија во едната и две виљушки во другата рака, Горда ги симна нозете од масичката за да отстапи место за салатата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
...се набљудуваме еден во друг ја храниме жедта сѐ повторно се враќа сé повторно бега утрата ги засолнуваат крвавите траги во зеницата ја потиснуваат вистината на ноќта под погледот добро утро убав ден им отпоздравуваме на соседите мило мое ги гушкаме децата ќе ти се јавам им телефонираме на оние од кои не бараме премногу вратите се отвараат и затвараат куќите повторно градат повторно уриваат... ...дојди ми го извикуваш името змиите се множат толку брзо секој миг отровот ќе се разлие зарем тоа го сакаш да умрам за обајцата отфрлена осрамотена дојди татко си ми и љубовник спој се со мене заштити ме дојди ќе газиме по змиските глави ќе го минеме очајот без да погледаме надолу ќе се разбудиме во истата постела и нашите облеки расфрлени околу...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога едно движење во едни места се распространувало со убедување, а во други со сила, може ли да се нарече општо?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто она што го овозможува иронијата, во согласност со прагматиката на кампот, е можноста да се доживува театралноста на семејниот живот истовремено и како ужасна и како урнебесна, без притоа едната димензија на тие театралности да се асимилира во другата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Доцните, доцните... – го дочекува возбудено г-н И. г-нот А. пред влезната врата на својот стан: ...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа почесто и подолго загледување еден во друг им премина во игра, им прави задоволство, но им внесува и немир.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само енергијата почнувам да ја концентрирам на друго место. Во друг правец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во едниот дисаг беше ги одвоил авалеџијата череците, двачереци, грошеви, алтилаци и други ситни пари, а во другиот само белите меџудии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Такви зборови патуваа и престојуваа, заминуваа и се забораваа и во другите балкански и медитерански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја мајкатата? Се думаш да не е случајно Коледе со декрет преместено од петти јануари во друг термин?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мајка му брзо стана и отрча во другата соба. Застана до прозорот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За тоа време ние одамна ќе можевме да отидеме во друг град, друга земја, на друга планета.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Турските власти, под изговор дека тие биле почеток на слични акции во други македонски градови, како и сигнал за востание, а користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле репресалиите да ги прошират и надвор од Солун, со цел да ја обезглават Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но едновремено додека се задлабочував во читањето и во други осаменички нешта, живеев, би рекол, на посебен, паралелен начин, со живот на еден млад мангуп, во својата “тајфа” која повеќе се интересираше за фудбал и излети отколку за некакво проучување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој автор има само една книга во која го крие својот основен код, а во другите можеби станува епигон на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе влезе во нова улица, како човекот со кучешката замка в раце што влага од еден ден во друг.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стопанскиот живот во Македонија бил потчинет на сите закономерности што владееле и во другите делови на Империјата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Реалното време на филмот, или како што Ворхол го нарекува „протекување на времето во внатрешноста на кадарот“ и во овој, како и во други случаи, се покажа како неиздржлива постапка за гледачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И навистина, човек што првпат стапува во овој град, веќе има за него определен критериум и бара да види во нег оповеќе отколку во другите градови и многу тешко му паѓа ако претрпи и најмали разочарувања од било каква глетка или панорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веруваше дека кога се совладува границата со минување од еден во друг јазик, се совладува и границата помеѓу две земји, два народа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
При крајот на овојата „беседа", се ослободи и погледна во публиката од еден ред во друг и стигна со очите до третиот каде што стоеја Бојана, Достите и до нив малата Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мигот како мала, скротена, интимна вечност на двајца трајно вљубени еден во друг, но без да си го кажат тоа, никогаш, еден на друг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доктор Гете ни рече дека Клара е преместена во друга соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Мамо“, ја допрев по малку време „а што било потоа со тоа дете?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Овде како да завлегуваш во друга земја, која се разликува од југот на Белгија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тој момент јас бев заљубена во друг.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Помагајте, се гушам. Не сакам да гледам, не сакам да примам, во друг простор бегам, во друга приказна за душа.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
За да му дојде умот, почесто го затвораа во една од собите во куќата, но тоа го челичеше и му ги изоструваше сетилата: се допираше со ушите до ѕидот за да слуша што зборуваат за него во другата соба: дали со ова затворање само ќе го заплашат како другпат или подолго ќе го заджат без леб и вода; дали некој од неговите домашни се сожалува на него и дали заради него пак почнуваат да се караат меѓу себе како што обично правеа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ниту во едниот, ниту во другиот џеб немаше ништо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Токму тука, во оваа проекција, во ова претворање на една форма во друга, имаме една дефиниција на механизмот на метафората.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во другото раче нежно го држи букетчето со жолтите јаглики.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да ја пренасочам виулицата во друг правец.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мојот живот, бидејќи се случува во другиот, станува тајна за себе самиот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќе се најдеме пак и во наредниот. Во друг живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури и на таа височина, на место проверено од Летка во други прилики, беше исто толку непријатно, колку горешто толку и спарно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прво побара работа во неговото училиште па во другите, но никаде не го примаа или пак му го одлагаа одговорот додека тој не сфатеше дека е негативен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Спрема ова што пишуваше во писмото и од она што го разбра од разговорот меѓу татко му и Марша, тој навистина има уште една мајка, во друга држава...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оној големион, што игра шах во моментов со стариот во другата соба, но и она малото, што, пак, се посеало во матката од ќерка ѝ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А сега, овој Рус, со чудна судбина во егзил, слична на неговата, му го доближуваше Езерото, од кое Татко сакаше да се оддалечи, следејќи го патот на јагулите... VII Спасените јагули, напати сплотени едни во други, напати во колона, водени од силниот инстинкт, спасувајќи се од семожните стапици од природата и луѓето, го продолжуваа вечниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во другиот агол се наоѓаше една мала полица за книги и Винстон веќе тргна кон неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По долго гледање еден во друг душмански, зад кучето замјаукаа неколку мачиња барајќи ја мајка си, и душкајќи по нејзината миризба.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не знам кога една строфа се менува во друга.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Среќен ден!“ на Таки му се обрати проќелавиот господин со луле во едната и со акт ташна во другата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Почнувајќи да ја пишувам мојата балканска сага по педесеттата година од животот, имав постојано чувство дека беше доцна да ја остварам пишувачката мисија, каква што ја замислував низ балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден во друг еден без друг малку да сме Едно да сме Сѐ ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наставниците како да чувствуваа дека не сум толку концентрирана како во другите денови воопшто не ме прашаа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кметскиот замина ослободен во другата соба, а по него сѐ така наежен, стресен од пијанството, се спушти господинот и отаде пак се чуја караници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе ви пишувам и во друга пригода за објавувањето на оваа и другите книги кај Фајар...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А јас ќе лежев тука, со широко отворените очи и ќе треперев, а Мама во другата соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Имаше недофатлива нитка, таинствен мост што овозможуваше премин од едната во другата душа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, потоа трикот е да се одржи неизвесноста на тие поими, да не се дозволи „несообразноста со родовата улога“ и „родовата нетипичност“ да се израмнат направо и симплистички со „женственост“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ние, деца­та, со Мајка, си чекавме крај прагот, секој со една света книга во едната рака, а со торбичка, во другата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како номад на секои две три години се селеше во друг град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така настанува матежината. А во таквата матежина единствените добитници се криволовците“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со едната рака во џебот и со парче леб со џем во другата, Џулија шеташе низ собата, погледнувајќи незаинтересирано на полицата со книгите, предлагајќи го најдобриот начин како да се поправи масата на расклопување, спуштајќи се во излижаната фотелја за да провери дали е удобна и разгледувајќи го бесмислениот часовник со бројчаник само на дванаесет часови со еден вид толерантен потсмев.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе лежам на твојот кревет. Сега ползам под него. Се кријам. Подмолно.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
„Универзуми во кои не само што станале љубовници, туку и се венчале, во некои случаи среќно, во други не.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Едната нога во едната, а другата во другата бразда. И свиткан напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Овој е преполн со разврат и црвени светла. Во друг живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Во осаменоста постојат многу врати. И тие за жал водат само од една во друга, поголема осаменост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си реков, сигурно е во друга просторија, на друг преглед. За миг, се смирив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоше не седи далеку. Веднаш во другата улица.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вообичаено ознаките за деловите на телото ретко се случува да се од странско потекло, но сепак Татко најде необично голем број како во својот албански мајчин јазик, така и во македонскиот мајчин јазик на Климент Камилски, како и во другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Не разбрав што е примитивец, ама знаев дека е нешто неубаво за мене и токму кога сакав да му се нафрлам, чичко ми нè крена двајцата, едниот во едната, другиот во другата рака и рече: - Ајде сега да ве видам јунаци!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Слична била ситуацијата и во другите краеви во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги гледа колите низ прозорецот (’ко-ко’), мобилниот ѕвони во другата просторија, за миг го оставаш, и додека се враќаш замислуваш дека го нема, дека се наведнал и паднал, и дека ти ќе бидеш виновна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Или во друг случај, би требало да има чудовиште на чело на земјата (од видот на Енвер Хоџа, Чаушеску, Милошевиќ итн.) и тогаш да го проектираат писателот пред сцената како порt-парол, во извесна смисла, на жртвите на чудовиштето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Иако спротивставени, имаше силни реакции и во другите кругови: италијанскиот скулптор Giacomo Manzu бараше смртна казна, додека пак една швајцарска група уметници го поздрави чинот како трансгресивен уметнички перформанс и сакаше да го номинира Тот за Златен лав на Венецијанското биенале.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали е така и во другите краишта на Грција?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа ќе придонесе духот на конверзиите да се пренесе и во другите области на животот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Не би можела таму мирно да спијам“, ми се жалеше кога ми покажа каде сака да биде погребана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одат од една улица во друга и стасуваат до Кучешкиот пансион.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Откако сувариите влегоа во другата одаја, Гоце остана сам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога видов спискав, а бидејќи мажот ми спиеше во другата соба а со мене спиеше свекрва ми, таа ме предупреди да не пуштам глас и ми нареди: Ти не го налегна, тоа така си умре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како и да е, Giancarlo Politi, главен уредник на Flash Art, ги гледа работите во друга светлина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се буди. Станува. Ја фаќа мајка за рака и заедно одат во другата одаја. И тука е топло.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Како што можете да видите, MacGuffin е всушност баш ништо.” MacGuffin значи одговара точно на она што во Лакановата теорија настапува како objet petit a, објект - причина за желбата, што само претставува „позитивизација на ништожноста”: чисто причинување, чијашто „реалност” е само во интерсубјективноста, во тоа што го поттикнува случувањето меѓу субјектите, празно место што делува како причина за желбата и е како такво ретроактивно воспоставено од желбата. (Кога сме веќе кај тоа, таа темелна логика на MacGuffin доаѓа уште појасно до израз во друга верзија на истата приказна: „Што има во пакетот на полицата?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во миговите на најголемо задоволство ги заривавме забите еден во друг.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За Борис Биџов се кажа дека е на горната плоча во другиот влез, каде што се сместил и Коста Ципата со својот накот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со измената и дополнувањето на ЗВОСН од декември 2008 година, пак, беше укината одредбата според која, во случај на невработеност, можат да бидат осигурени и државјаните на Република Македонија на работа во друга држава, кои по своето враќање во нашата земја не можат да ги остварат правата во случај на невработеност по друга основа (чл. 3, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Влегувам во едната куќа — полно, влегувам во другата — не можеш да се провреш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Возот зад мене збифташе со здив на рането животно, а јас во обете раце држев патнички торби – во една книга, а во другата чиста облека.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Понатаму, и во другите денови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако ѝ се поверува на последната прикаска како на неоспорна вистина, случајот со коњот што љубел вино е сосема поинаков, речиси дури и понеобичен отколку во другите раскажувања.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можев да оддолеам на таа заразна смеа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За нивниот вид никогаш не размислувам како да е жив, туку како целиот да се состои од оние мртви бубачки на нашиот тепих, сите новозагинати создадени со дејството на некоја таинствена животинска трага - можеби таа прашина во која понекогаш лежат - којашто лебдее во воздухот, којашто преку ноќ зацврснува и спонтано преминува од една телесна форма во друга, како што бил случајот со ларвите пред научното доба.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера  – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се премине растојанието меѓу двете села, односно да се влезе од едното во другото село, потребни се специјални ч...., коишто можат да се купат во една продавница во селото Р........
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Ако ја прифатиме постапката на нашава колешка, во иднина, охрабрена од денешнава подршка, да ли нема да се случи таа да се обиде да наѕирне и во другите уште поинтимни катчиња на нашите потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тешко дека и во едниот и во другиот случај двете доблести ќе се совпаднат во истото лице.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој во други дела или фрагменти од тие дела, одделно од „Логиката“, го сфаќа или го присвојува Хегел, тој никојпат не го разбрал.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Со тоа се отвора можност кон системот на писмо да се примени низа од оперативни поими, кои се разработени во други семиотички дисциплини, и пред сѐ, во науката за јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сигурно сонувам, си помисли бабата Петра обидувајќи се да ја заврти својата голема снага во друга положба и при тоа ја поткрева главата сакајќи да се увери дека сите се околу неа, особено внучињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Одеше од една земја во друга, вртеше по светот со љубопитноста што го влечеше сè понатаму и понатаму...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На крстопатот за Серез се свртува во друг правец за Кавала, а токму оттука почнуваат и најострите и најнепрегледните свиоци на оваа магистрала, каде што возењето претставува вистински ризик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Многупати, потајно се надеваше дека ќе се јави потреба Хелвиг повторно да отпатува во друга држава по работа. Како порано.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Или, во друг случај, од конзулатот на друга земја во своето долго, долго писмо бара инфор­мации за дејствувањето на некои терористички организации, однапред уживајќи во реакциите на заведените и во нивните пресериозни, бирократски одговори. Dr. Ackerman се труди и своите постојани познаници и партнери да ги изненади со секогаш ново лице.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во оние правени 1967. и подоцна Ворхол конечно ја изневери својата естетика: сите по Де­вој­ките од челзи се работени во боја, а класичната монтажа стана вообичаена постапка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто: ние, го прашав. Зашто сме двајца, одговори и погледот го сврти во другиот крај на лакот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Може да изгледа дека си го ограничувам концепцискиот модел на површни појави, на етикети или знаци или категории или идеологии, избегнувајќи ги длабоките, внатрешни процеси преку кои се формира и се ориентира поединечниот субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не бев примен во претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немај гајле, ми вели Влашето мене и зеде од коњот една вреќа струнено, ги пикна двата краја од газерот еден во друг, направи ќулавка, ја стави преку глава и заринка во снегот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Многу е полесно да се преведе еден текст напишан на секојдневен јазик, бидијќи на секој збор или израз од едниот јазик, обично може да му се најде соодветниот (со слично значење) во другиот јазик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во шаторот настапи некоја турканица, се крена врева после што истрчаа војници заоблечени и недооблечени, некои со пушки, некои со шлемови, се растрчаа во неодредени правци не знаејќи што се случува, а братучедите се тутнаа еден во друг и само се вртеа на сите страни неодлепувајќи се еден од друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога заврши со монтирањето на машините, Хелвиг ѝ покажа телеграма од фабриката, дека треба веднаш да заминат во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе бевме како два потока кои се влеваат еден во друг за да создадат трет, кој би бил „ние”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По десетина дена го преместија во друга соба, а потоа го префрлија во воената болница во Тирана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имајќи ја предвид специфичноста на фактите и природата на наводите во ваков тип на случаи (...), во практиката би било многу тешко жалителите да докажат дека имало дискриминација, без преминување на товарот на докажување“ (Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, „Основните граѓански и политички права и слободи“, 2014, стр. 44) 81 91 за заштита на учесниците во постапката за заштита од вознемирување на работно место и (7) не го премести привремено вработениот во друга работна просторија или работна средина.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Откако сите се сложија дека „мозокот” му припаѓа, токму на татко ми, како глава на куќата, како наш стопан, но и човек кој имаше склучено најмногу работни договори за оваа година, тој со победнички израз на лицето, со мозочето во едната рака и со жолтата кумановска во другата, го посоли добро и во еден здив и залак, го стрпа во неговата уста од која вирееа тазе направените вилици, скапо платени со зделките кои го беа фаворизирале неговиот бизнис годинава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но, понекогаш смртта си иде како природен крај на еден голем и страдален живот чија мисија се преточува во друг живот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Преминуваа од една шума во друга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бележи како душата со леснотија се сели во други суштества: калинки, полжави, јајца, афион, бубачки и особено во ...птици.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поднаѕрува во другата соба: горат свеќи и мајка му тихо липа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но него го копкаше да дознае што се случува во другите „козарски републики” на Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сепак, не забораваме дека во оваа опчинувачка, загадочна формула на опстанокот, луѓето-змии не ја поседуваат само моќта да се преобразат од еден во друг прекрасен облик на животот, туку и чудесната дарба да се вратат од конечната бездна откаде што повратокот нема за оние чиј единствен лик е човечкиот, дури и за чудотворците како веќе спомнатиот Асклепиј, кого гневниот Зевсов гром го спржи токму затоа што се осмелил да воскреснува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чита некоја книга чијшто наслов Милчо не може да го види затоа што ја држи книгата свиткана во една рака за да може сладоледот да го држи во другата рака, и сè така лижнува: подиставајќи го јазикот и вовлекувајќи го во устата; задлабена во книгата, сè тоа несвесно ги чини; ако ѝ капне сладоледот на раката, таа и раката ја лизнува; ако ѝ капне на голите колена, таа и нив ги лизнува не оставајќи капката да ѝ се разлие.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Играта требаше да го исцели Рајнер, но тој остануваше подалеку од другите деца, подалеку од сѐ на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Извади под црната престилка три стуткани банки и една по една ги премести од едната рака во другата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се отшетав со книгата во едната, и чашката виски во другата рака.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во куќата крај брегот на Езерото, под Италијанците, живеевме ние, со вас, а во другата куќа, под Грците, беше баба ви, со вашиот чичко и неговото семејство, со нив беа и вашите тетки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бидејќи е, како што е, постојано место на мелодрама, семејството практично налага да го гледаме од иронично гледиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаеше дека тој дел од духовниот живот на ќерка му е важен како религијата во другите семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Треба да се помириме со тоа дека смртта не е премин од еден вид на постоење во друг, туку прекин на постоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислев на сево ова во мојата дупка, додека мајка ми и Витрив се маткаа во другата соба.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше јасно како ден: водата во мојата соба ја грееле, прегревале, а во другите соби не можеше да се замисли топла вода.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, во тие натчовечки нагризувања на студените одаи, човекот и каменот сраснувале еден во друг: за дел топлина карпите им подарувале на луѓето студенило што ќе го носат во своето месо додека се живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа нова кујќа е една долга барака во која се чувала стока: во еден дел свињи, во друг краби, а имало и дел за коњи кои служеле за орање и влечење запреги.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ние не можеме ни во спор да влеземе зашто овие две реплики одат една во друга: додека јас ја зговарам мојата реплика, тој ја изговара својата и тие, двете спротивни реплики, влегуваат една во друга како две сламки една во друга и не се знае ни дали воопшто има спор а камо ли во што тој се состои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Лежеше настрана, со едното око скриено, а во другото се отсликуваа нејзината збунетост и нејзиното страдање.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ние, претворањето на енергијата од еден во друг вид го нарекуваме умирање.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Твојот најголем кошмар. Најголем страв пријателе. Дали се одрекуваш од Сатаната?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Како целина, народот е многу необразован и некултурен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај отиде водата, си мислам и ја гледам во друга бразда.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Често пак од еден народ историските прилики бараат или корено изменување на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг правец, или го загрозуваат него со полно уништожување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Потоа... потоа... ништо...“ одговори мама, „семејството се пресели во друг град и не знам што станало со него.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Денес сигурно знам дека таа вокација во мене ја поттикнал мојот татко затоа што самиот сакал да биде писател, но судбината го одвела во друга насока: стана адвокат и професор по психологија...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци" останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговите сеќавања, како и секоја современа концептуална уметност, кај него предизвикуваа цела редица сетила и чувства на едно ниво, но и се множеа во други, несвесни асоцијации.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
1. Со ЗРО (1993) се избриша изречната одредба на ЗРО на СРМ (1990) која, кај општите услови за вработување, прецизираше дека корисник на лична пензија не може да заснова работен однос (чл. 3, ЗРО/90); а, исто така, беше избришана и одредбата која предвидуваше заштита на работодавачот од т.н. нелојална конкуренција којашто би се предизвикала ако работник, кој има посебни знаења од областа на технологијата и производството или, пак, ако располага со извесна деловна тајна, истовремено, би работел и во друга организација (чл. 4, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бевме во една заедничка меѓузона, заедничка татковина помеѓу Европа и Балканот, но никогаш целосно ниту во едната ниту во другата...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Гласот твој, вели, го пренесуваат од една соба во друга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се заколнав никогаш веќе да не земам никаква дрога.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа јас верувам дека таа моја вокација е одговор на татковото наметнување.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А тој, даскалот де, конакуваше во една куќа, ама секои три дена се хранеше во друга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Работат по повеќе часови отколку некои други, во други фирми, но и редовно земаат плата. Фала му на господа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко ми, во други времиња, од старите книги, собирани од сите страни на Балканот и од другите земји, ни пренесуваше дека речиси сите народи на Балканот својот живот им го должат на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш садриазамот се подисправи во седлото на коњот и со слободната рака, во другата, во десната, го држеше јатаганот, го извика кај себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Слушај ме – нежно, но заповеднички ми се обрати Игбал. – Ние во Индија веруваме во реинкарнација, а тоа значи во живот по смртта, во друг облик.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
4.30 Се наоѓам во друг клуб. Повторно свират Primal Scream.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но спомнативе виденија што напати се појавуваат и во другите краишта на земјата, сепак се само сенки од сонот, или пренесен сон во чудесната кутија на денот со задача да вознемири а напати и да поттикне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш прибеснуваат на видело страстите, коишто очигледно неуспешно сме се обидувале да ги урочиме со благозвучни зборови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отпрвин не сакаше да слуша за што зборуваат жените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Трчаше старата Депа која беше како бабица во селото, де во една куќа, де во друга, де кај една жена, де кај друга, им помагаше да им се смират болките, да се породат полесно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А, пак, кога за утврдување на составот на судот, правото на изјавување ревизија и во други случаи предвидени во ЗПП е меродавна вредноста на предметот на спорот, како таква се зема предвид само вредноста на главното барање; додека каматите, парничните трошоци, договорната казна и другите споредни барања не се земаат предвид, ако не го сочинуваат главното барање (чл. 28, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Луѓето, брзајќи по работа, ме подбуткуваа, а јас зјапав од излог до излог, претрчував од една во друга улица и, најпосле, се најдов во центарот - на она место, од каде што се делат сите патишта за сите квартови на милионскиот Франкфурт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сплотени еден во друг се лизгаа гушнати од зелените брегови кон својата заедничка цел.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И пак нешто раскажуваше за Кратово и за топилниците на сребро, дури и повеќе, и за некоја жена што тој можел да ја поведе со себе ако во Кукулино не го чекале дечињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден е саатот насабајле! Ах! Ебате беља!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бидејќи комплетната еквивалентност (во смисла на синонимност или еднообразност) не може да биде замена за која и да е од неговите категории, Јакобсон изјавува дека сета поетска уметност, според тоа, е технички непреведлива: Можно е само креативно транспонирање: или интралингвално транспонирање - од еден поетски облик во друг, или интерлингвално транспонирање - од еден јазик во друг, или конечно, интерсемиотичко транспонирање - од еден систем на знаци во друг, на пример, од вербална уметност во музика, танц, филм или слика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Забраната на дроги доведува до огромен број убиства и кражби во големите градови затоа што создава црн пазар на кој завојуваните дилери им наметнуваат сѐ поголеми цени на уживателите, кои пак од своја страна крадат за да можат да ги задоволат своите навики.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од една, во друга Македонија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едниот од двајцата мажи, кои пред малку влегоа во дворот на ресторанот “Кај Таки”, беше висок, со долга седа коса назад врзана во реп, со нотес, во едната, и со штотуку скинато гранче од врбата, во другата рака, вториот проќелав, во кремаст костум со кафеави риги, со луле во едната и со акт ташна во другата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ова е епохална анализа на улогата на „акустичниот” глас во Хичкоковите и во другите филмови (пред сè, Тестаментот на Др.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така пред ,небескиот трибунал ќе морам да си се бранам сам, како што тоа го чинев кога пишував на земјата на двата јазика на мојот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секако - од Отец Симеон научи да ја сака само ноќта. „А ти, Мануш?“ Отец Симеон со едно око погледна во другиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
"Овие парчиња треба да сет алтан - си рекло со умот момчето - јас треба да одам во друг град за да прашам колку пари чинат и да 'и продаам поскапо за да не се излажам; оти чоек што се лажит, за страмота јет от тие што го лажат.# Си го зело момчето златото и тргнало од град на град да одит и да го продаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И сакам да станам и да тргнам пеш преку свет, преку ридови и долини, да стигнам во друго место, да спијам во друга куќа, со друти луѓе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во едниот кат спијат Митре и Мара, а во другиот Анѓеле и Ката полуоблечени.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Шестата категорија припаѓа на учениците и јадната студентарија кои трошејќи 20 години од својот живот образувајќи се и финасирајќи го лешинарското општество на крај завршуваат како нус производ или поточно речено суровина за извоз во другите држави.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во едната рака држи одрана кокошка, во другата бокал со крв.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Обично спиев крај мажот... скаменета... чекајќи тишината да завладее со куќата, тој да заспие, и тогаш драмата на нивното минување ме фаќаше, до таа мера сосема ме обземаше што, кога најпосле ќе заспиев, само минував од еден сон во друг ни најмалку не губејќи ги сликовитоста или континуитетот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Металните луѓе, метална сперма во едниот и метално сеќавање во другиот миг, ќе го викаат мајка.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така толку ќе си ги разранеше рацете што стануваше бесен. Ѝ викаше да внимава...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во вообичаеното време за легнување, ќе ја бакнеше и одеше да спие во друга соба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Господ би знаел. Кога вчера се симнавме во другиот град Смит рече дека во изминатите десетина илјади години на Марс немало живот.“ „Замисли.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Капките се лееја една во друга и образуваа матна баричка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Висините не се работи за допаѓање или недопаѓање (ви раскажував за дијаграмот што Шилингер го постави на својот Ѕид под таванот: сите табели, ориентални и западни, кои воопшто се користат, секоја во друга боја, се поставени наспроти една црна табела, таква каква би била да е физички основана во низата од аликвотни тонови), освен за музичарите кои се во тек; соочени со навиките, што да правиме?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но ние веќе знаеме ако таа е неименлива, дека тоа не е привремено така, затоа што нашиот јазик сѐ уште не го пронашол или попримил ова име, или затоа што би требало да го пронајдеме во друг јазик, вон конечниот систем на нашиот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од луѓето наеднаш стана и отиде во другата соба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Добро, доста е.“ И пак не ме погледна. „Ноќва спиј во друга куќа и не доаѓај кај нас.Никогаш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислеше и во другите времиња да си го промени името, ама сетики одложуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со стотици години тие зборови патувале од еден јазик во друг, одржувале јазично братство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Косите ни растеа и се преплетуваа една во друга. Се родивме од булки.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Сѐ е толку младо, кревко, крцкаво, зелено и во други бои.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сенките беа во движење, се претопуваа една во друга, се разминуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И куцајќи, поблед од светец, отиде да побара во другата соба вино. Тоа беше сѐ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лесните се тешко нашминкани, а на тешките отпосле им се гледа шминката.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Исто така со тунели поврзете ги и резервните ровови за да можете лесно да се префрлувате од едни во други.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Понатака ја разгранија работата и во друг правец...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе кажеш дека сум само твоја. Во друг живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Мојата помисла за жал залута во друг правец.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бесот премина во другите кауши. Кој, кого и зошто удираше во темнината? Глигор и Арсо тоа не можеа да го сфатат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас подзастанав, но сѐ уште не погледнував ниту во едниот, ниту во другиот. Насетив што ќе биде, но требаше да се воздржам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој утврди дека со исто или слично значење се употребува зборот комшии пенџере (од турски соmu penceresi), запирајќи потоа на: пенџер, пенџера, пенџер, прозорец (од персиски pencere), заемка мошне присутна во балканските јазици, посебно во книжевните текстови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше нејзиниот тесен премин во другиот свет, си помислив!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Она што јас го нарекувам деконструкција може, се разбира, да произведе правила, постапки, техники, но во суштина земена таа не е метода и не е научна критика, бидејќи методата е техника на прашања или лектири, која без оглед на идиоматските карактеристики треба да биде повторлива во други врски.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Луѓето со такво Јас живеат среде стварноста, ама гледаат, чувствуваат, мислат некоја друга стварност, некоја своја не-стварност, и кога стварноста им се обраќа ним, тие луѓе знаците и пораките на стварноста, уште пред да ги примат, ги трансформираат во поинакви знаци, во други пораки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А знаеш ли зошто во други земји и други краишта гробовите зборуваат?.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прегледот содржи: податоци за пријави и одјави од осигурување; податоци за пензиски стаж; податоци за периоди на осигурување; податоци за часови на работа, односно осигурување; податоци за плати, односно основици на осигурување; податоци за стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење, податоци за навршени периоди на осигурување навршени во друга држава.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Следните промени во оваа област дојдоа со рогацијата од февруари 2014 година со додавање на два нови става кои пропишуваа дека „преместувањето на странци кои веќе имаат засновано работен однос кај правен субјект во Република Македонија од еден правен субјект во друг правен субјект, нема да се поврзува со пазарот на трудот“, а дозволите за вработување на преместените работници се издаваат без да бидат исполенти посебните услови утврдени во овој закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Уште превивки“, пак побара, и пак бело и црвено; и пак низ клучалката на вратата со ѕвонењето на олуците се пробиваше времето и удираше тапо - капка по капка, со ретки удари на смалаксан пулс, на преслабо срце. * Пак беа во другата соба, тие двајца и тој, мрачниот победник во оваа ноќ, тој, полн со нешто што боли и што пее во зглобовите на рацете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А многу си ги чекаа жените и децата кои им беа во други држави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А неговите зборови дека секој човек треба да се труди да има што помалку тегобност на овој свет, во миговите на тегобност кои ги преживувавме моите сестри и јас, ми звучеа како потсмев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Лежевме на големиот кревет на кој некогаш спиеја моите родители, и гледавме една во друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали верувате во нешто – Верувам! Доколку верувате во што Или во кого верувате? - во Исуса? - Бог да чува! - во Маркса? - Ни помисла! - во друг? - Ни на сон!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Така настанал сурггунот, како турска варијанта на западниот поим на егзилот, односно прогонството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој не се решаваше да се пресели таму, во неговата земја, засекогаш да се насели во друг град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се посомневале во некој селанец од Крупиште и од она друго село преку реката но се покажало дека тие луѓе имаат сведоци со кои заедно ловеле, во друг атар.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја слушав во тие ноќи Клара како забрзано дише, како плаче, ја слушав како се моли иако не знае кому да ја упати молитвата затоа што од Бог се откажала одамна, откако тој се откажал од неа, ја слушав Клара како ја прекинува молбата, и како престанува со плачењето, ги шмркнува мрсулите и се издишува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали затоа што се случуваше во друга држава? Нема врска.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А, впрочем, еден ироничен однос, т. е. односот кон драмата на гледач што е истовремено и внесен во неа и оттргнат од неа – во случајов, особениот однос на геј-гледачот кон женската мелодрама – може да биде најдобрата, можеби најдобрата возможна одбрана од задушната емоционална клаустрофобија на семејниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во раскошните Версајски дворци, кои фрапираат и по грандиозноста и по својата монументалност, чичеронот нè водеше многу брзо од еден на друг кат, од една во друга сала и, од сето она што го гледавме, во свеста остануваше само мислата дека еден ден ќе можеш да кажеш, ако запраша некој, дека си бил во Париз, и си го видел и Версај. Ништо повеќе од тоа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Говореше за успешните зафати на угледната асоцијација во Босна, со надеж дека таа ќе се прошири и во другите краишта од орустошената поранешна Југославија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се отвара врата во длабочината. Излегува Јаков, гол до појас, приватно се однесува, со едната рака се одшминкува, во другата носи текст. Пауза. Полека се упатува кон просцениумот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сонцето не затече вгледани еден во друг. И одеднаш тишината ја развеа лаеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Појадуваме и вечераме редовно. Сите во јамата, бездруго и оние горе, имаме своја дрвена паница.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Не го кажувате тоа од срце. Или, како што обично велиме, не го зборувате она што го мислите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И еден ден кога веќе Толе толку се осмели, та дури и му порачаа на Арслана да му го остави и Витолиште како што му ги остави сите други села, Арслан се навреди и реши да испрати една потера со Расимчауш на чело, барем да го подзбрка Толета ако веќе куршум не го фаќа да го отепа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свиткани на четири, едниот крај пикнат во другиот и адреса. Само име на селото...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но за тоа можеби во друга пригода.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Каква игра на случајот, блиските Врионовци, по мајкина линија и блиските Окијаревци, по таткова линија ги зближуваше пријателство, за кое дознав многу, многу години подоцна, за што ќе ви пишувам во друга пригода.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се чинеше дека птицата не е свесна за нејзината близина и продолжи да трепери пиејќи од чашката на цвеќето и, пред да го брцне клунот во друга чашка, паузира неколку секунди во воздухот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
(Сигурно, возможно е да се обопшти овој феномен на луѓе што не се геј- мажи, бидејќи сите во еден или во друг миг почувствувале дека голем број од гламурозните по кои желувале се над нив, недостапни, па дури и дека чувствувале одбивност; но барем хетеросексуалците не чувствуваат дека предметите на нивната љубов им се категорично недостижни, бидејќи спаѓаат во погрешниот пол, што е токму она што го доживуваат геј- мажите).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но и таа знаеше: ако Иван се сретне со него, ќе прснат искри, ќе загризе гаменот во тврдото, младо месо Иваново, не ќе загризат еден во друг, потем и едниот и другиот ќе речат - да ја оставиме таа Јана и да појдеме по други врвици, а таа тогаш не ќе може ни без едниот ни без другиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И така дојде повторно, на друг начин и во други димензии времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што размислувањето не му беше упатено на Сокола Мечевски, тој направи обид да одговори, но еланот на Татковата мисла продолжи: - Зар секој од нас, на Балканот, колега, во суштината, во своите архетипски корени, не носи две и повеќе религии, често прелеани една во друга, со верници кои, понекогаш, им се подоследни на обичаите и на верувањата од првата вера, од праверата, отколку на оние од втората, од третата?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зашто иднината на геј-културата навистина изгледа обвиена во магла, а многу гласови веќе го имаат најавено нејзиниот непосреден пад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму тогаш капетанот Мрвичиќ, со рацето стегнати една во друга на грбот и налутено подведнат, уште погласно повтори: „Глуви!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Праќаат вагон со стотина деца во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние одевме еден по еден во другата соба да плачеме, малку. Да не нѐ види.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како што се селат луѓето од еден во друг предел, така и зборовите се движат од еден јазик во друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лисјата на дрвјата го почнуваат својот внатрешен немир; избувнуваат, пламнуваат и гаснат во севозможни бои; капат и ги покриваат двете патеки што водат до куќата на брегот: едната се витка по брегот спирално криејќи се меѓу дрвјата, а другата искршена како недоотворено мајсторско метро, се крева нагоре од едната страна во ци-цак; птиците црцорат, прпкаат низ крошните, ги ронат лисјата обземени од возбуда на своето скоро заминување во други краишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ваквото храбро втрчување на Јана од една во друга ситуација го забележав уште онаа вечер кај нив дома и тоа повеќепати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Такви луѓе среќавал и во другите затвори. И секогаш тие се едни исти: одмаздољубиви. Глигор не ги поднесуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден од нив рече: - Што не отвориш, бре ѓаур?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во декември 2008, согласно измените во другите закони, се промени критериумот за исплата на средствата од просечни плати во просечни нето плати и се прецизира дека под „плати“, кај претходно наведеното утврдување на висината на доделените средства според бројот на вра- ботени, се подразбираат просечни нето плати исплатени за претход- ната година пред поднесување на барањето (чл. 1, ЗИДЗВИЛ/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се сетив на нејзините зборови со кои ми ги опишуваше погубувањата во другите логори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Загледани еден во друг направија по еден внимателен чекор напред, па уште по еден и уште по еден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Првин османските султани, кога стапувале на престолот, но и во други пригоди, им давале добар бакшиш на воените лица (јаничарите, спахиите...), улемите и на видни чиновници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така е љубов, ден те сака, ќе ти прави веѓи, ќе те љуби, а утре во друга ќе се заљуби и нејзе ќе и се колне и ќе и прави метании, а тебе не ќе те погледнува.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
10. ОД ОВАА КОЖА НЕ СЕ ВЛЕГУВА ВО ДРУГА - така ќе е, веројатно, сѐ до часот смртен, нацртај си ги, затоа, своите девет круга и со Данте појди си од цртеж во цртеж...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Бргу, како стрели се провреа низ коридорите натискани со патници, од еден вагон во друг.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Преминот од едниот во другиот дел од градот е особено доживување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едно утро ѝ кажав на Ева дека сите старици од нашата барака ќе бидеме одведени во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откога ја наполни до пола вреќата со компири, зема брашно од ноќвите во другата вреќа ја наполни до пола, па така натоварен полека тргна кон групата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така и сторив. Го зедов ќесето со старите чевли и излегов на главната улица, меѓу непознати минувачи, во друг град и туѓа земја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Никогаш не ќе може да помисли дека „многуте“ реки се само водите на Јантра, која во едни делови на градот тече на север а во други на југ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зборот зандана од персискиот збор zendan поминал како zindan во турскиот јазик, а потоа се проширил во другите балкански јазици, во албанскиот како zindan, во бугарскиот како зандан, во ароманскиот како zindane, во македонскиот како зандана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На свое лично ниво во однос на тоа секој е искусен; ако говориме за нивото на колективните идентитети, можеме да се сетиме дека во Европа, и не само кај нас, веќе подолго време, а особено по падот на Берлинскиот ѕид, течат толерантни кампањи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па сепак, тоа што ќе отпатуваат во друга држава, во друг град, ќе биде некаква промена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да се смири времето, брановите, па границата, ако не беше скината долгата сајла, да се врати на старото место и да се појават белите гумени или метални балони, врз кои најчесто запираа уморните галеби летајќи од едната во другата земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Овде секој секого ебава,“ рече господинот со долга седа коса врзана во реп, кој во едната рака држеше нотес, а во другата врбово гранче.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И станувам свесна дека реченицата ја изговорив природно, не мислејќи, дека мојот теле-мозок почна на сите работи на овој свет да им ја дава истата тежина или леснотија, секому право на истите секунди, секому својот sound-bite, во еден кадар некој ждере хамбургер, во друг некој умира...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Солун може најдобро да се почувствува кога се скита бесцелно низ него, од улица во улица, од сокак во сокак, од излог до излог, од еден во друг крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Живееше во друг град и поради своите обврски многу ретко наминуваше и кога мама беше жива.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Години со ред, со него доаѓаше и Јон, единственото машко дете на млекарот, кое со тек на време почна сѐ поредовно да го заменува татка си, сѐ додека, не стави и самиот каскет на глава и не почна, место татка си, самиот редовно да го разнесува млекото.  Никој не знае кога Јон и Рашела се загледаа еден во друг, важно тоа се случи и сите го знаевме, особено по руменилото болснато на образите на Рашела, која од тремот, сета збунета, влегуваше во одаите со лонецот пресно млеко во рацете.  Така ние почнавме да се потсмеваме еден со друг кога ќе ја видевме Рашела како, во првата квечерина, внимателно загледана во огледалото, ја зачешлува густата црна коса, пред доаѓањето на Јон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Светлина што е убава, а убава е затоа што е убава во исто време во сите свои делови, затоа што е убава секогаш во исти односи и на ист начин, затоа што ниту настанува ниту исчезнува, ниту се зголемува ниту се смалува; затоа што не е во еден дел убава а во друг грда, ниту пак во едно време убава а во друго грда, ниту пак по однос на една ствар е грда а по однос на друга убава, ниту пак на едно место е убава а на друго грда, ниту пак за едни е убава а за други грда, туку сама по себе е убава сега, секогаш и во вечни векови, секогаш сама на себе подобна по форма, светлина што во себе го носи изворот на убавината: светлина, музика и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Побарај го по десниот брег на Црна, тој јави се на левиот; прејди му на левиот — тој кажи се на десниот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во едната рака носи дрвено троножно столче, а во другата книга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За мојата италијанска евазија ќе ви пишувам во друга пригода...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш Фоте, од необјаснети и необјасниви причини, стекна извесна доверба во Боге повеќе одошто во другите лекари.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако некој сака да студира медицина, право или инженерство, мора да замине во друга држава на студии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Погледите на двајцата им беа потонати еден во друг со чувство на нуркање во топли лековити водје.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но оние што се соседни во еден јазик не мора да се соседни и во друг.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Краста во едната рака го држи воланот, а во другата телефонот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Анатема
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Зигмунд ми кажа дека Фридрих Рихтер ѝ давал часови по цртање во другите денови, затоа што Сара Ауербах имала тешкотии во одењето, а нашите часови по цртање повеќе беа игра, брканица, криенка-миженка, а помалку совладување на цртачката вештина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од еден крај на градот во друг, дури и на стадион не можеш да ги најдеш, а не пак на театар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За едно друштво да може да учествува во распределба на квотата на работници треба до Министерството за труд и социјална политика да достави барање од трговското друштво, документ за регистрирана дејност во Централниот регистар на РМ или документ за тековна состојба на правното лице, потоа документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво од кои најмалку десет работници да биле во работен однос на неопределено време најмалку 6 месеци пред пријавување на трговското друштво на јавниот повик, образец М1 и М2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави и одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото издадено од Агенцијата за вработување на РМ, потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, потврда од надлежен суд дека не е отворена стечајна постапка и потврда од Централниот регистар на РМ дека не е поведена постапка за ликвидација. (чл. 5) Трговското друштво кое добило право на упатување е должно пред упатување на работниците во другата држава за работа по конкретен проект да достави до министерството надлежно за работите од областа на трудот: барање за добивање на согласност за упатување на работници кон кои приложува договор за работа со фирма од друга држава за конкретен објект со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо, меѓусебен договор кој мора да биде потпишан од работодавачот и работникот со кој се регулираат правата обврските и одговорностите на работодавачот и работниците кои се упатуваат на привремена работа во друга држава кои по правило треба да се исти како и на работниците во тоа друштво во земјата и список на работници кои ги упатува на работа со назначување на датумот од кога се во работен однос. (чл. 15) Со законот е превидено дека корисникот на правото на упатување е должен да ги почитува одредбите од договорот или спогодбата за 78 упатување како и општите прописи за работните односи во врска со испраќањето на работниците во друга држава. (чл. 18) Корисникот кој има право на упатување на работниците е должен писмено да го извести Министерството за труд и социјална политика за датата за започнување на користењето на ова право.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За да ги маскираат и да ги заметнат трагите насочувајќи ја потерата на друга страна, Гоце нареди да се фрли појасот на Назлам-бег во друг правец, а тие тргнаа по друг.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Молчев и го гледав човекот пред мене, седнат на столицата со двете дланки споени една во друга и пикнати меѓу нозете подолу од скутот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ни ја покажува празната торба, се кикоти и го снемува лизгајќи се по зидот на кој се потпираше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кого мислат да го излажат тие со статиите во ,Право’ и во другите весници оти Македонците ја сакаат Македонија за Македонците?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сестрата на мајка ми, нашата тетка, остана со нас неколку дена, но, мораше да си оди, бидејќи живееше во друг град.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Макар што тоа никогаш не го формулирала експлицитно ниту тогаш, ниту во другите свои писма, што Ти ги испраќала с до 24 декември 2002, кога соопштува дека повеќе нема да се јавува, туку Те остава под закрила на твојот имагинарен ангел чувар... оваа внимателна читателка на Твоето книжевно писмо целосно е убедена дека тебе те создала и те промовирала во писател токму силната љубов на Твоите родители, под чија сигурност и закрила живееш и сега, години по нивната смрт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во другата улица изби од земја неподвижен столб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поезијата - и литературата впрочем - така се разбираат не толку како средства да се изразат искуства, туку како занаетчиски творби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Возвишеното одушевување за коешто све­дочи таа слика вооп­што не губи ништо со фактот дека ние сега знаеме на кој начин тие настани биле манипулирани (во крајна ли­нија, тие имаа врска со ударот на тајната комунистичка по­ лиција, Секуритате, против са­ма­та себе, против својот сопствен означител; т.е. стариот апарат пре­ живеа менувајќи ја својата сим­бо­личка обле­ка): за нас како и за најголемиот дел од учесниците, се­то тоа стана видливо дури на­кнадно, но она навистина важно во тоа е што масите во Букурешт ја „доживуваа“ таа ситуација „отворена“, дека учествуваа во единствена меѓусостојба на премин од еден дискурс (на општествени врски) во друг, кога за еден краток, минлив час, стана видлива празнината во големиот Друг, во симболичкиот поредок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се откажав од помислата да влезам и во друг диско-клуб, зашто барав многу чист воздух кој го имаше во изобилство крај брегот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па се одеше во друга крајност.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Протегнувајте се, велат некои од нас - впрочем, стариот Зорба исто така ги протег­нува своите категории во друга насока, кога допушта една папаја поетички да ја претставува целата класа Папаи, како меѓу поединечните примероци од секој вид да нема разлики - помеѓу Џо Папаја и Фред Папаја, на пример, да не ги споменуваме Фред и Гледис - кои во некои случаи се исто толку важни како и нивните линеовски сличности.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се сеќаваше уште на зборовите на Игор Лозински, кои речиси за душа му се залепија, му беа блиски небаре се работеше за неговиот живот: ,,Ние силно страдавме, можеби страдањето во извесна смисла е слабост, но во друга возвишена смисла е храброст.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поминаа и есента и зимата, а потоа, како и секоја пролет, на балконот изнесов два стола.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сето ова ги легитимира различните концепции во пристапот кон светскиот расказ, што пак се одразува врз самата продукција, преводот и приопштувањето на расказите од една во друга јазична средина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нему му беше јасно дека на Балканот при секое излегување од еден лавиринт го очекува влегување во друг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа може да се однесува на нејзиниот безобразен наслов, кој ако се комплетира, би гласел “Tu m’emerdes” (во слободен превод: “досаден си како пролив”).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Одгледуваше кромид, лук, морков, целер, магдонос, дури и по некој страк бамји и модри патлиџани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со неа се поттикнува криминалот и во другите земји, доведува до појава на мафијашки организации, па дури и терористички акции кои ја загрозуваат нестабилната цивилна власт во сиромашните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Никој не знае кај замина, вели Огнен Ѓорго, може пак да се вратил во Америка, или во друга земја може да се вратил.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојдоа војници и нѐ воведоа во трпезаријата, во другиот дел од бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не е во собата во која помина години?,“ прашав, а доктор Гете само одмавна со раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едноставно речено, навреме скршнуваа во друг сокак.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кози впрегнати во мали колички кои носеа бомби од еден во друг ров за време на Првата светска војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Установа се основа заради вршење на дејност во областа на образованието, науката, културата, здравството, социјалната заштита, детската заштита, заштита на лица со интелектуална или телесна попреченост, како и во други дејности кои со закон се утврдени како јавна услуга (чл. 6, ст.1 од ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Половината од „Халите“ се веќе урнати и се преселени во други слични многу помодерни постојки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сфаќате, можете да го натерате да гледа во една работа, во друга работа - и без зборови можете да го изразите неговото течение на мислите, текот на споредувањето - што и да направите, уживате потполна слобода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најпосле Англичанецот доби инструкции од својата влада да не инсистира на измени на Протоколот од 1913 година за да не се создадат други гранични проблеми меѓу двете држави во други реони за кои постои заинтересираност меѓу двете страни, а со тоа уште повеќе да се усложни и влоши ситуацијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мајка, и во оваа, како и во други немирни Таткови ноќи, око не склопи, а ако ненадејно ја совладеше сонот, таа повторно, и во сонот, беше тука, до Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога Рабле и Волтер сакале да и се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во едниот ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во секоја сала серија витрини, човечки кукли, звуци и ликови ги оживуваат корењата на анти-семитската омраза и го следат нивниот поход на патот до истребувањето и кон Конечното ослободување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ко сезонско овошје час го има час го нема... и повторно се појавува но во друг облик.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во еден кош в'на од пред печес години се пилеле глувци, во друг кош се мачиле мачки, во трет се окучила кучката и така Пиловиот земник станал: глувчарник, мачкарчик и кучкарник и еден ден не е чудно кога ќе му и подјадат ушите на сете Пиловци, — одговори потсмешливо Доста, не кажувајќи и на Митра и сега што мисли да прави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Без да сакаат, тие се најдоа в очи загледани еден во друг по што, додека така се гледаа, срцата им зачукаа во склад со чукањето на срцето на светецот и при што тој виде каква жена е таа, а таа виде каков маж е овој намерник, пред нејзините очи токму сега кога срцето ѝ чукаше во склад со срцето на светецот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сите ги прегледуваа пушките и пиштолите скриени од очите на Суља зад големите карпи, држејќи цела редица врски со очите еден во друг.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не зборувам за тебе Те имам заборавено на друго место Во друг час Но таму животот зависеше од ковачите На соништата А ним никој не им посвети ни шугава песна.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Самата сум била глумица во филмот „Раѓање во седум минути“, во кои сум раскажала два кумановски вица, и во друг филм, кој се случи како песна во свесност, без трошка страв и болка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Е бе Марк, Марк. (Пауза) Ајде поздравете се, ракувајте се. (Им ги зема рацете. Им ги става една во друга. Русинот и Американецот се ракуваат.) Така. Секогаш така да правите. А не војни.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Главната при­влечност на оваа серија на Хичкокови филмови е во самото патување, зашто јунакот во диво темпо паѓа од една ситуација во друга и доживува цела низа од трагикомични авантури (“Саботер” е најслабиот од серијата токму затоа што тој елемент во него е најзастапен); така, во сите три филма од серијата ја пронаоѓаме варијацијата на истата тема: јунакот во бегство пред злосторниците непредвидливо се наоѓа пред 32 Margina #21 [1995] | okno.mk наивното граѓанство, што од него очекува јавен настап и во момент, тој мора да се сети на решението: како најдобро да го при­добие очекувањето на публиката; честопати го решава истото и пред прогонувачите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие се потргнуваат од него и се стискаат една во друга.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Гого и жена му под око се погледнаа, речиси напоречки, сомневајќи се еден во друг дека секој од нив извршил влијание или притисок врз изборот на своите миленици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во изминативе три децении имаше огромна преобразба на материјалната основа на геј-живеењето во САД, како и во други велеградски средишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Точно е и тоа дека нашите македонски судии 6 – „многупочитуваните“ членови на благородната каста на clarissimi et amplissimi viri (Кикерон), како да се заразија од вирусот на граѓанското студенило (Т.Адорно), па не сосем ја сфаќаат сериозноста на проблемите на 5.  Цит. сп.Рајнхард Цимерман: Облигационо право – Римски основи на граѓанската традиција; Просветно дело АД; Скопје, 2009; стр. 349.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој беше тишлер, се викаше Заре, одеше во другите села да работи, а жена му сама ќе родеше детенце а тоа набргу ќе умреше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Симулацијата на, да речеме, програмот за процесирање на текст (кој се извршува на Macintosh) на IBM машина би се состоела од систем на податочни структури 90 Margina #3 [1994] | okno.mk и алгоритми кои го моделираат однесувањето на таа машина: тоа е софтверска имплементација на еден компјутер во друг.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не сум јас, човек, Ритон, вљубен во друг човек, туку човек вљубен во авантурата, која што никој друг не беше во состојба самиот да ја изведе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа може да биде во смисла на „Преминување на девица во невеста“ (наслов на една од сликите на Дишан, ... „наслов кој не претставува губиток на невиноста туку пред сѐ премин од еден лик во друг... дијалекталното сфаќање на именката “passage”, поврзано со преобразбата, има длабоко значење за Дишан“), или тоа може да значи исчезнување или смрт на семејството.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По оваа грешка Јана влета во друга.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нешто потоа, седеа на една маса на тротоарот и пак пиеја кафе, Едо пластичната кеса со телефонскиот именик од Сан Диего и кесата со блокот, пикнати една во друга, ги имаше ставено на масата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За примерено да им се пристапи на социо-политичките или социо-историските прашања во врска со литературата (Која е улогата на литера­турата?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Карл не можеше да поверува дека мајка му, што е во друга држава толку долго, толку години е болна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го видов, верно беше мал по своите димензии, но вакви мали прозорци има и во други градови и места во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако не верувате, немоќно додава човекот со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, прочепкајте низ животот ене на оној онде, Чарли Чаплин, видете колку му е тажна насмевката на постерот пред влезот на кафулето, во таа насмевка се стуткани сите наши мечти што никако да узреат уште од пред да го гледаме Големиот диктатор.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Заздивани, се најдоа во некој дол фрлени од некоја сила еден во друг; преплашени сами од себе, јурнаа по долот надолу како кон излез.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Опкружена од по некој внуци и правноци, затоа што голем дел од нејзините деца биле ќерки кои се омажиле во други места, а нејзините синови починале релативно млади.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во криковите на тие ноќи кои се прелеваат едни во други и се нижат во години, има луѓе кои остануваат неми, кои копнеат по тишина, кои сакаат само едно малечко парче од овој свет во кој би можеле безбедно да ја свијат главата и да преноќат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
24. ИАКО ТИ ГОРЧИ, ТИ РЕЧИ ГО СЛАТКО - црвенее потцртувано и во тестаменти и во други пораки до синот од татко, а всушност е издишка, на душата вентил...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И кога стаса до крајот на животните и луѓето, се сврти и погледна во друг правец, гледаше како нешто да загубил и не знае каде да го пронајде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пред него беше една средена собичка три на три метра, во едниот агол беше дрвеното самоделско  легло, во другиот гореше големата печка, над неа граот беше зоврен, до прозорецот беше масичката, а на ѕидот од дебели греди висеше неговата пушка, фенерчето и уште неколку листа хартија, од кои едно беше минатогодишен календар со ливчиња што се откинуваат секој ден, на кој стоеја сите ливчиња неоткинати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тие беа преимену- вани во „Начини за престанување на важноста на договорот за вработување“ и беа проширени на седум случаи: (1) со изминување на времето за коешто договорот бил склучен; (2) со смрт на работ- никот или на работодавачот-физичко лице; (3) поради престанување на работодавачот, согласно со закон – пр. стечај, ликвидација и сл.; (4) со спогодбено раскинување – по пат на писмена спогодба; (5) со врачување на писмен отказ, даден од страна на работодавачот – пора- ди лични причини, причини на вина или деловни причини (т.е. заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични про- мени); или, пак, оставка дадена од страна на работникот; (6) со судска пресуда и (7) во други случаи утврдени со закон – како, на пример, трајно губење на работната способност; исполнување услови за доби- вање старосна пензија и др. (чл. 62, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На добрата забава и во добрата дрег-претстава идеално ќе има и убави младичи и кампести кралици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе им отвориш и ќе ги внесеш во другата одаја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Притоа би се обидел да покажам дека аргументациските постапки строго се одржуваат, се разбира во друг контекст, со други правила што јас ги произведувам, што ги предлагам, што не можат лесно да се дешифрираат, но кои постојат. okno.mk | Margina #1 [1994] 63
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ретко може во друг град да се сретне толку големо богаство на стиови на куќи, како во Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Господине ...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На сите им студи, вели, некои собрани во купче се пикаат еден во друг и се тресат, се пореваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите четворица молчеа, не гледаа еден во друг.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Запаѓам од една неволја во друга, уште поголема.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почнаа во темнината да се стискаат еден во друг и да држат отстојание од другите колку што можеа, додека во еден момент не им тргна по рака да бидат поведени заедно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во меѓувреме, оние двајца селани, некако збрани еден во друг, вчудовидено го гледаа човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако дојде редот пак да ни солите памет од преку граница, тогаш ќе се прашаме! — одговори еден од Борисовите четници и помина во другиот табор, инстинктивно чувствувајќи кој е со народот, а кој против него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка на патот го бараше просторот каде што пред многу, многу години, тогаш во обратен правец, со едно прастаро вовче кое исчезна со тесната пруга, со Татко и со нас децата патуваше кон Скопје, крај реката Вардар каде што останавме засекогаш, во друга земја, со друг народ и дел од нашиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Интерактивните медии се идеални за преплетување на работи што во друг случај никогаш не би можеле да ги имате во ист контекст или секвенца. OГЛО: Како ја претставивте годината 1956 и кршењето на револуцијата? IГЛЕ: Има секвенца со книги на оваа тема.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Татко ми, целиот завиткан во завои, не можеше да си ја сврти муцката, се душеше во чиревите, ама сепак добро ја слушаше мајка ми низ катовите, како дига џева од една соба во друга, со ногата што ѝ се влечкаше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас во тоа време бев познат по тоа што со себе, посебно на журките, носев најмалку по дваесетина луѓе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не кажа ни зошто изутрината Дачо го фрли појадокот, ни зошто Дачо бараше да го напушти шаторот на Ранч и да се премести во друг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Бев збунет. Другите времиња беа нејзина опсесија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рече: “Вашиот живот штотуку се сврте во друга насока...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И во едниот и во другиот случај станува збор за рушење на цивилизациската норма, за еден неисториски unico ratio чиишто носители, во обата овие екстремни случаи, се едни исти луѓе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека се враќаше со два бајати ѓеврека во едната и свеж весник во другата рака, Боге си го замислуваше генералот како сега распиштолен под чадор за сонце му прави друштво на пријателот во разгорување на скарата и подлетнува накај жените пред да натегне од пивското шише во кое има капнато некоја голтка коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го знам нивното маало, зашто навратував кај мајка му и носев алишта за теснења, поправки и поткусувања и како што ќе влезев во маалото ќе ме пречекаа исти гласови на две жени што везден се довикуваа: - Сара! - ќе викнеше едната - Што е Бела? - ќе прашаше другата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неколкумина Турци се проврткаа, му ги врзаа вилиците и палците на нозете еден за друг, а рацете му ги положија на мевот, па откако прошепотија неколку џенази според коранот, се тргнаа во другите одаи да каснат нешто од тоа што го беа донесле комшиските жени, зашто во куќата на мртовецот не смееше да се готви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Свртуваме во друга уличка, а на средината гледаме лежат жена и девојче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Макар разделени од судбината, нико­гаш не престануваа да се имаат еден во друг и во среќните и во трагичните мигови на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не реков ништо, само влегов во другата соба каде што ги приготвував уроците.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Следеше дали ќе дојде во другите куќи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас со страв погледнав во другите деца а тие само неколку бисквитчиња во раце, па ми беше незгодно да го примам пакетчето, зашто имаше сигурно три килограми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така, со овој закон е предвидено дека за да може да биде упатен еден работник за извршување на градежни и други сезонски работи во други држави, во случај кога упатувањето се врши преку проектни договори потребно е да има склучен договор помеѓу РМ и земјата во која работникот ќе ги извршува работите како и договор за вработување склучен помеѓу работодавачот кој го ангажира работникот и самиот работник. (чл. 2) Упатувањето на работниците се врши така што работодавачот којшто има потреба да ангажира работници претходно доставува конкретна потреба од работници до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со цел да се следи начинот на кој трговското друштво го врши упатувањето на работниците, корисникот е должен на секои три месеци да доставува до надлежното министерство прегледи односно листи за упатените работници. (чл. 19) Доколку по пат на контрола се утврди дека дека корисникот на правото на упатување им отстапувал дел или целото право на упатување на друго трговско друштво, или вработува повеќе работници од бројот од бројот што му е доделен, вработува работници спротивно на законот или на работникот не му ја исплатува платата што е предвидена во претходно склучените договори како и во други случаи кога постапува спротивно на законот, договор или спогодба, Државниот инспекторат за труд ја информира Комисијата за распределба на квота за упатување на работници за изведување на проектни договори, која пак донесува одлука за исклучување на тоа друштво од правото на упатување на работниците во рок од три години. (чл. 21) ЗАКОН ЗА АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА Законот за агенциите за привремени вработувања е донесен во 2006 година68 и истиот беше предмет и на првиот дел од оваа трудовоправна анализа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)