- Веќе во десеттиот завлезе, му велам и пак се препотувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Деветти месец веќе излегува, во десетти влегувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога се премина на вино и кога полковниците му одвраќаа на здравицата на кметот, кој при секоја новонаполнета чаша, им наздравуваше, учителот крена чаша, им наздрави и почна: - Селово наше, Езерец, има 180 куќи со 850 жители; формирано е по доаѓањето на Словените во шестиот век, најпрвин како рибарска населба; во деветтиот век е под власт на Бугарија; во десеттиот век влегува во царството на македонскиот цар Самоил; по неговото пропаѓање, во единаесеттиот век потпаѓа под независното Латинско царство што го формираат Крстоносците на одење кон Ерусалим за да го ослободат Божјиот гроб; потоа со ширењето на Второто бугарско царство, пак потпаѓа под него; потоа е во состав на Српската држава; со доаѓањето на Турците, останува пет века под Отоманското царство; по Балканските војни, пак е во состав на Српската држава; од 1915 година пак е под Бугарија; а сега, по пробивањето на Солунскиот фронт, во состав на кралството СХС.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од преносеност (замина деветтиот месец, влезе во десеттиот) кожичката му беше сува, посна, жолтеникава, на места излупена како гуштерче, ноктите на рацете и нозете издолжени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На мојата забелешка на панегиричниот говор на еден од домаќините за Сталин, дека со него како и насекаде во светот е завршено засекогаш, се најдов во монструозна стапица на режимот, чии димензии ми стануваа јасни дури во Атеистичкиот музеј во Скадар, во кој се најдов како во десеттиот круг на Дантеовиот пекол, овојпат поместен на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)