во (предл.) - германски (прид.)

Толку сум слободен да Ви обрнам внимание, со оглед на моето долгогодишно дејствување во германската јавност и мојата длабока поврзаност со германската музика, на настани што се случуваат во музичкиот живот, а коишто не мораат, по мое мислење, нужно да бидат поврзани со повторното оживување на нашето национално достоинство, кое сите тие го поздравуваме со благодарност и веселба.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што оваа изложба го предизвикува кај сите нас се потресеност и гадење. (...) Но, овие овде прикажани продукти се само дел од сето она што се наоѓа во германските јавни институции.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе го признаам и тоа дека во овие недела учествуваат и германски претставници; но тоа е само доказ колку длабоко овие опасности се вкорениле во германското народно тло и колку, од друга страна, е значајно против нив да се тргне во фронт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Најпосле, истиот збор му одговара и на оној трепет на душата кога се соочува со вистината на љубовта толку јасно изразена во германската изрека: „Liebe ist Heimweh“ (Љубовта е копнеж по родното место, носталгија).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Хрисостом говореше беспрекорен германски јазик и со оглед на држењето, лежерноста и природниот авторитет што зрачеше од великодостојникот, тој факт им остави уште подлабок впечаток, клучен, како што ќе се покаже, за целото нивно присуство на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаете ли дека некои од моите тогашни скромни пријатели станаа многу значајни личности во германската општествена хиерархија, пред сè во Берлин?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го погледна љубопитно владиката: „Кои се луѓето што таму ги познава овој интелигентен јарец?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во Атина од каде што доаѓаше владиката тој беше сведок на вистински драми врзани за прогоните над локалното еврејско население.  Митрополитот имаше време и расположение за сите присутни, но посебно внимание им обрати на посетителите во германски униформи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Разбираше дека во Германија притисокот врз Евреите од шлагер на острастените национал-социјалисти, брзо се преобразуваше во строг марш врз судбините на неаријците врз кои се преземаа актите на сѐ поизразено државно насилие, но не разбираше што Софија има со тоа, особено зашто во германскиот модел меѓу неаријците се подразбираа Бугарите меѓу другите Словени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање...  Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таквите "наопачки" се тешки во германскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сега веќе во вагоните не влегуваат војници во германска облека, туку во партизанска.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кон нас дотрчаа уште двајца од нашите, облечени во германска облека, и соопштија дека сите луѓе од вагоните се симнати за да чекаат друг воз.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зборот „manxome“ во оригиналот, чие „x“ носи богатство на нијанси, сугестии и асоцијации, во германскиот е бледо доловено со „manchsam“, кој, назад во англискиот би го превеле со „maniful“ („множно“).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Истиот ден во германски раце паднале: Крива Паланка, Страцин, Царево Село (Делчево) и Струмица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 7 април германските воени единици продолжиле кон Куманово, а настапувале и кон Царево Село-Штип-Велес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но и покрај жестоките борби островот Крит поднал во германски раце на 2 јуни 1941 година после големи загуби и од грчка и од британска страна.2 По поразот на островот Крит и по повлекувањето на британските единици Велика Британија била исфрлена од Балканскиот Полуостров.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Втората формулација го вклучува контрастот материјално/ нематеријално централен во Германската идеологија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тој Германецот, Ханс. Во германската униформа се неговите синови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој беше фудбалер во германската втора лига, а во својата стара татковина медиумска ѕвезда од втор ешалон.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Раскажете ми уште една приказна, стар пријателe“ рече Филип, облегнувајќи се со сета тежина на лежалката. „Кога сум крај море сакам виски и приказна...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фили Мајлд влезе во германската пивница, каде што во задушливиот полумрак брмчеа дебели муви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Германското kleben (врзување) - на англиското to cleave (раскинување), во германскиот Stumm (нем) - Stimme (глас), итн.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Самото with, кое денес му одговата на нашето (германско) „со“ (mit), изворно значело колку „со“ толку и „без“, како што може да се види од случаите withdraw (повлекување) и withold (задржување). Истата промена ја препознаваме и во германското wider (против) и wieder (заедно со). *
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зар германските лингвисти, кои се мошне познати во светот, не можеле да предложат реформи во тој дух, туку требало да се чека на политичките потези на Вилхем II, да се започне со националистичкиот прогон по француските зборови во германскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Твоето прашање, мој Камилски, логично се поставува: но германските лингвисти и писатели имале толерантен однос кон француските зборови кои се претопувале во германскиот, се случувало и обратното, но тие воопшто не биле поттикнати од никаков лингвистички национализам и шовинизам!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главната теза во дописот на Аполинер беше дека Германците залудно се бореле против француските зборови во германскиот јазик, сметајќи ги за бесполезни паразити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тројцата партизани, облечени во германска униформа, со шмајзери во рацете, се спуштија надолу низ буковата корија кон друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога се приближија, Трајче виде двајца врзани Германци, а по нив одеше Саво и ги спроведуваше со двајцата други партизани облечени во германска униформа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Зар можело точно рускиот претставник во Софија да не знае за тоа?“ - се прашувале во Германското министерство за надворешни работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)