Камилски ја разбра алузијата преку оваа француска изрека од една фарса (од времето на Рабле), дека треба да се вратат на приоритетната работа, се насмеа и во весел тон продолжи: Во право си, пријателе, зборови многу, а време малку!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој збор има своја историја, своја судбина...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Другите деца веќе се беа придружиле кон своите мајки и татковци и во весел разговор и честитање ја напуштаа искитената сала.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа го дофаќа во веселиот хаос неговиот глас, шумот од неговите забрзани чекори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во последниот дел од ревијата моделите носеа отворени лежерни фустани со тенки бретели, истакнат струк и широк пад, или гол грб со тесна долга сукња но во весели, шарени дезени: „Флорида“ (акварелни цветови), “Гранд При“ (цртани цветови), споени птици во стил на Ешер во црвено/светло сива нијанса, со лудо поставени вистински цветови/камелии над косата и мрежа која паѓа над очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како да бараа во веселиот израз на лицето на ќерката, одговор на прашањето - што е тоа што така одненадеж ја доведе во мајкиното огниште? Сама, без мажот, со малиот син.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Чудо: кадифени мечиња, во весела игра над мермерите, во близината на брегот крај кој шумоли морето и радосно кричат галеби... Цви гледа низ прозорецот од нивниот салон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И така во весел разговор стасавме до нашата зграда. Се разделивме.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)