во (предл.) - брачен (прид.)

Кога се видов идиот, веќе бев во цивилно одело, лежев дома во брачниот кревет покрај мојата животна сопатничка и беше касно за промени на неславното минатото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Извесни свињарии во брачниот живот се неизбежни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Доколку едниот партнер не остварува приходи, хомосексуалното домаќинство нема право на намалување на данокот - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку живеат во брачна заедница.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Поради сево ова, на многумина хетеросексуалци што се дават во брачните води хомосексуалниот мерак по брак им изгледа како ставање трн во здрава нога.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Една мајка со ужаснување ја погледна неговата, кога тој, додуша сосема свесно, на двете кукли кои некој ги беше ставил во брачен кревет, како да се маж и жена, им додаде уште една, речиси андрогина, целата искубана и рамна, поставувајќи ја опчекорена над ’машкото’.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Листајќи ги биографиите на историските големци, прочитав дека и најголемите имиња во историјата на уметноста беше биле влезени во брачни заедници, па некои дури и со истиот пол.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ВАСИЛКА: (оди во брачната соба, ги извикува Антица и Николаќија и ги донесува пред кумот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оттаму се смее мојата сестра со искрена и добронамерна смеа, ако токму неа, не успеав да ја врзам во брачни врски, како ни себе си; за неа само еден Господ знае зошто, за себе знам: имав добар избраник, немав асална цасаментера, не бидува сам да си шадхан за себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И за нив и за себе...  Доцна вечерта, некаде по девет часот, допирајќи се со лактите и одвреме-навреме, кога завлегуваа во мракот на сокакот и фаќајќи се дискретно за рака, Јехуда Давидовиќ ја допратуваше Алегра кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многу творечки идеи, зачнати на кафеанска маса (не во брачна постела), си нашле утеха во празните чаши.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)