- Сум се нажалила, бабо мила, дека судено ми било да не си го доиграм првото моминско оро на Велигден... и тате си замина... ама и момчето од Јошевци - што сум го сонила - нели ти кажував, бабо мила, си замина, оф си замина - офна Ѕвезда и сета се згуши во бабиниот скут.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ќе му пеам песни навечер:
Циц, циц козици
Што пострале петлици
Во бабини дворои
Баба ќе и соберит,
И ќе си и нанижит
Та ќе си и продаит
На пазар на терзии
Многу пари ќе земит
До три аспри црвени.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Ех, во бабините кажувања волчицата ги бранела волчињата - чедата свои - од човекот - ѕвер, ловџијата кој тргнал да ги убие.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)