Тоа беше јасно сведоштво дека Татко сè повеќе се внесуваше во актуелните состојби, во времето кога дојде до забрана на чување на козите од селаните, за да се создаде во градовите силна работничка класа, која би го обезбедила прогресот и би го стасала Западот, а се оддалечуваше од утописката замисла да го следи патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А на оние, кои како мојот пријател Бодријар, велат дека оваа војна всушност и не се случи, им одговарам: оваа војна можеби не се случи во актуелниот глобален простор, но се случи во глобалното време.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Една убава, млада жена, менаџер на проектот, образложено ги потенцираше стратегијата и целите на нивната хуманитарна дејност, а јас се зачитав во записот на Коцевски за старите еснафи, за абаџиите, гајдарџиите, бешчиите, брдарите, демирџиите, екмеџиите...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Беше очигледно дека нашата преписка влегуваше во нова фаза, која ја диктираа настаните во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нејзини главни ориентири во актуелните настани беа информациите кои ги добиваше од централните европски медиуми, проникнувањето во тогашната политика на Европската унија и САД на Балканот, во тоа време, посебно во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Але Пале во актуелниот скопски жаргон е прекарот за „Александар Палас“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)