во (предл.) - џамија (имн.)

По пладневната молитва во џамијата, во вакафската просторија, дојде имамот да види што се случува со сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој знаеше дека некои од сиџилите завршиле во разни вакафи, во џамии, и дека, по падот на Империјата, тие и понатаму ќе служат, и без нивните протагонисти, одамна исчезнати...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И измет - помагање, слугување, грижа имам - муслимански свештеник. Духовно лице коешто ги извршува религиозните чинови и раководи со задолжителните молитви во џамијата ифрит - јад, грижа, лутина
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пашата тогај дваесет дена не си го испи кафето под охридскиот чинар ниту со пријатели се собра на разговор, ниту жена погали во харемот, ниту в џамија влезе, ниту пак хазна отвори да слага нов намет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пашата не беше уште ни пристигнат во Ресен, а таму веќе трепереа во смртен страв, собраните во џамијата преспански аги и бегови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кратко им рече пашата во џамијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас не одам ниту в црква, ниту в џамија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И, така стана, мене ме однесоа во Битола, ме пееја оџи во џамија и ме прекрстија, ми ставија име Али Ахмед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Четирите медали - да се прекрстиш во џамија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ајде, башлама сутане бирда јапмајнз муабет за ова!“ Сигурен дека ибн Пајко нема избор, освен, чувај боже, зашто нема челад што да го жали па да си го одземе животот, обесен на некоја куќна греда, Мехмед-паша, во присуство на навиот кадија Махмут-бег, ги викна своите двајца хазнадари, Дилавер-ага и аџи-Ризван, и им нареди да приберат и стокмат ситнеж, зашто приквечер, по икиндијата, со ибн Пајко ќе се појде во џамијата овој таму да се турчи, а тој, како валија, сака притоа да се расфрлаат пари по калдрмата каде што ќе поминува неговата поворка, за да види рајата какво славје е тоа!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Телото на ибн Пајко го внесоа во џамијата, во дел определен за бањање, и неколку мажи брзо го соблекоа и го избањаа, додека оџата за сето време читаше џеназе намази.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Овој ќе биде прав Турчин”, си рече Петре, и почна да мисли какво име ќе му даде оџата во џамијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се чудеше ден, се чудеше два, па продолжи да си се крсти пред своите стари икони и кандила да пали, криејќи го пламенчето од кодошки очи, ама кога требаше одеше и во џамијата и се клањаше петпати на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шестемина селани од Ајдинци мирно го спуштија ковчегот на земја, а шестмина гавази веднаш го позедоа и го однесоа во џамијата на ибн Тајко, каде што одново, само според други обичаи, требаше да се подготви телото за вонземскиот живот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му рекоа со „сељам алејкум“ дека може да влезе во џамијата, иако не е Турчин, зашто не се благословени само оние што клањаат, туку и оние што ги гледаат клањањата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одеднаш, тој се потсети со гордост и што, уште како дете, ги беше видел насликаните фрески во охридската црква „Света Софија”, само неколку години пред Турците да ја претворат во џамија!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа ме погледна изненадено: – Ние, сине, си палевме свеќи во цркви и во џамии одевме. И рисјани доаѓаа во нив!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде луѓето успеваа полесно да ги помират разликите, да си ги смират страстите, да го најдат патот на братимењето, да почитуваат добрини на исти светилишта, во манастири, во џамии и во цркви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зачуден зошто мајка ми пали свеќа кога е од друга религија, таа ни одговараше дека и кога живеела во Поградец, палела свеќа во манастирот Свети Наум, како што православните Албаници, оделе во џамии...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, тие мудро ги следат двете вери одејќи в петок во џамија а в недела во црква.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Албанскиот муслиманин често се женел со рисјанка, а таа со ќерките одела во џамија, а пак тие со мајка им муслиманка оделе в црква.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исто така ригорозно бил чуван тој кога секој петок одел во џамијата “Хамидие“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Атентаторите планирале првин султанот да биде убиен со бомба кога ќе оди во џамијата “Топкапи“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Обидите да се набави некаква карта-пропусница и да се влезе во џамијата и таму да се убие султанот исто така не успеале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Султанот излегувал од својата палата само кога одел на молитва во џамијата “Хамидие џамиси“, или пак кога на петнаесеттиот ден од рамазан, по случај празникот на Мухамед, одел во џамијата при Топкапи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)