Спорот на Авдиќ настанува како резултат превирањата во претпријатието и добивањето отказно решение поради наводна дисциплинска повреда, 3 од летото 1999 година – кое, всушност, нему никогаш и не му беше врачено, иако заменикот на генералниот директор (З. Андов), тврдел дека, уште во јули истата година, на Авдиќ му било испратено препорачано писмо за тој да се јави на разговор во управната зграда на друштвото во Велес на која средба тој не дошол, поради што против него била поведена дисциплинска постапка за кршење на работниот ред!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа потенцира дека е крајно незадоволна од недоличното однесување на судијката- претседател на советот (Л. Ивановска) – за време на парницата, таа како да имаше аверзија од тоа што Зефиќ 76 претходно била директор на КПУЗ- Скопје и, за време на распитот во својство на странка, цело време тенденциозно ја опструираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Друштвото доби свој нов газда- сопственик и, само осум месеци по трансформацијата на сопственоста, се јавуваат и првите проблеми при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа дијагноза, во јули 2007 и повторно во март 2008, му беше констатирана и со конзилијарно мислење на очни лека- ри-специјалисти од Клиниката за очни болести во Скопје (д-р С. Теодоров, д-р С. Ѓурчинова и прим. д-р Љ. Величкова) – кадешто болнички се лекуваше околу две недели, по што му беше утвр- ден статус на инвалидно лице, поточно „лице со оштетен вид“ со ограничена и битно намалена општа работна способност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На крајот на мај 2008-та, судијката (С. Мирковска – претседател на советот), и судиите поротници (З. Ѓоргиева и М. Карабеговиќ – како членови), го усвојуваат тужбеното барање на Митревски, при што тужениот НУЦК – Битола беше задолжен: а) да го врати Митревски на работа, на работи и работни за- дачи согласно неговата стручна спрема;9 и б) да му ги исплати парничните трошоци, во износ од 35.570 МКД (585 ЕУР) – а сè во рок од осум дена по доставата т.е. прие- мот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некои од вработените во претпријатието што покренале судски спор се вклучиле во колективна тужба, но В.И. – во јуни 2003 – решава да покрене индивидуална тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како нејзин договорен застапник се јавува правник од ССМ (Д.Михајловска) – која е овластена како нејзин полномошник во парницата, за што таа и е крајно благодарна.2 Самиот судски спор не траеше воопшто долго и, дури и невообичаено за нашата судска практика, сѐ се заврши само на едно рочиште за главна расправа кое се одржа кон крајот на октомври 244 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со 23 години работен стаж, Марковски, како што ќе видиме подолу, во два наврата – и тоа во јули 2001 и подоцна во јуни 2004 – се решава да покрене приватни судски спорови против својот работодавач, поради серија прекршувања на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На пример, на вработените им беше забрането да внесуваат дневни весници во кругот на фабриката, а околу 70-на вработени што се имаа решено да организираат штрајк, по автоматизам, беа избркани од работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нејзиното барање, врз основа на Наодот, оцената и мислењето бр. 2322 на Првостепената комисија, раководителот на подрачната единица го усвои и – во јули 2002 – донесе решение со кое се констатира преостаната т.е. намалена работна способност, со препорака за работа со скратено работно време.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веднаш после приемот на писмената пресуда, во јули 2008, НУЦК – незадоволен од истата, преку својот адвокат (А.Димитровски), поведе жалбена постапка и предметот беше препратен до Апелациониот суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По овој привремен неуспех, а по приемот на писмено изработената пресуда,7 во јули 2009, следуваше жалбена постапка, иницирана од страна на незадоволната Зефиќ, по што предметот стигна до повисокиот Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судијката (М.Панговска), по добиената писмена изјава за признание – поднесена во јули 2003 – од страна на директорот на туженото претпријатие, донесе пресуда врз основа на признание со којашто во целост го уважи нејзиното тужбено барање и го задолжи тужениот да и исплати:3 а) на име неисплатени плати – сума од 116.917 МКД (1.900 ЕУР); и б) на име неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско оси- гурување да уплати во ФПИОМ – сума од 74.523 МКД (1.220 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, таа, во мај 2002, иницира посебна управна постапка за признавање право од инвалидско осигурување пред ФПИОМ, поточно пред Стручната 140 служба на Фондот – ПЕ Велес.3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При онаа средба во јули, ме замоли да му ја дадам книгата на Алберт Сониксен, американски новинар и публицист, кој за време на востаничкиот период на почетокот од веков, се движел заедно со четите, вклучително, и во нашите краишта.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Догледање, догледање во јули, или во август!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Трново е град со триесетина илјади жители, еден од најстарите бугарски градови, градови, престолнината на Второто бугарско царство (од 1185 до 1396 година), а во јули 1393 година на тримесечната разурнувачка опсада паѓа во рацете на Турците.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По потпишувањето на германско- италијанскиот договор било јавно прокламирано формирањето на Оската „Берлин- Рим“ (октомври- ноември 1936), а во март 1939 се придружила и Шпанија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во септември се одржаа изборите за народни пратеници за Уставотворното собрание на НРМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Германија во 1934 потпишала пакт за ненапаѓање со Полска; во јуни 1935 бил потпишан британско-германски поморски договор; во март 1936 Хитлер ја зазел демилитаризаираната Рајнска област со што договорот од Версај бил поништен; во јули 1936 Германија потпишала договор со Австрија; во ноември 1936 Германија го потпишала Анти-коминтерна пактот со Јапонија кон кој во јануари 1937 год се придружила и Италија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во март 1946 година е донесен Законот за промена на името од ДФМ во Народна Република Македонија, а во јули е донесен законот за задругите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Од февруари до март 1943 година, Черчил им ставил на располагање 10 авиони халифакс, кои пристигнале дури во јули, кога била донесена и одлуката бројот на авионите да се зголеми на триесет и шест.19 Исто така на располагање на СОЕ бил ставен и аеродромот во Бари што било и многу поблиску до Југославија и Грција, отколку аеродромите во Африка (дотогаш полетувале од Протвилеа во Тунис).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со почетокот на Втората светска војна Велика Британија извршила и реорганизација на своите политички, воени и известителни служби. во однос на известителната служба до промена дошло само по десет месеци од почетокот на војаната т.е. непосредно по падот на Франција во јули 1940 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Британските политички кругови се обидувале и се обидуваат тоа да го објаснат со тоа што во јули 1940 година движењата на отпорот во Европа се сметале за тајни армии и нивните активности биле спротивни на законите на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Втора измена на чл. 23 се случи во јули 2014 каде се дефинира содржината на јавниот оглас кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, тој е должен во јавниот оглас да ги наведе: (1) називот на работното место; (2) условите што се бараат за вршење на работата; (3) почетокот и крајот на дневното и неделното работно време; (4) распоредот на работното време; (5) паричнот износ на основната нето плата за конкретното работно место; (6) се дефинираше временскиот рок за пријавување кој не смее да биде пократок од пет работни дена; (7) рокот во кој работодавачот ќе го изврши изборот и (8) точните податоци за работодавачот (назив, седиште, (лице за) контакт и сл.) (чл. 4 од ЗИДЗРО/ јул.14); г) измените кои ги претрпе ЗРО во делот на правата на неизбраните кандидати може да се толкуваат дека тие донесоа и позитивни и негативни промени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
XVII Дипломатите заминуваат да го следат ловот на јато туни кои според проценките на старите рибари-морнари, треба да пристигне крај Сиди Дауд, на најистурената точка на Добриот `рт неколку часа пред амбасадорската ескорта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека се присетував на историјата на бродот Галеб и на неговиот пристан во Тунис, со кој Тито во јули 1953 година патуваше во прва посета на Велика Британија, се вратив во далечната 1952 година, во времето на раното детство кога се најдов на големиот митинг во Скопје на големиот плоштад, на кој говореше маршалот од средишниот свечен балкон на Офицерскиот дом (се сруши во земјотресот од 1963 година).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Југословенскиот простор кој Тито успеа да го обедини и одржи во авторитетна државна заедница во текот на половина век, што никогаш не му успеало на друг владетел на овие простори, започнуваше да напукнува...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во јули и август заедно ќе работат во Грција, на плантажа, за да спечалат нешто, да си купат наесен облека и книги.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
До 109 заострување на прекршочните одредби дојде во јули 2008.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Најпрво, во јули 1992 година исплатата на надоместоците за исхрана на работниците во текот на работата престана да биде регулирана со закон, а тоа понатаму беше регулирано со Општиот колективен договор на РМ (чл. 5, ЗИДЗИПДНДР/јули.92), за во октомври 1992 година исплатата и на останатите надоместоци да престане да биде регулирано со овој закон, при што понатаму беше регулирано со Општиот колективен договор на РМ (чл. 1 ЗИДЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На крајот, во јули 2008 година уште еднаш дојде до промена на висината на наве- дените средства, сега, обратно, од 5% на 10% (чл. 3, ЗИДЗВИЛ/јули.08), односно, висината на овие средства е вратена на нивото од 2005 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со последната измена и дополнување на ЗИПРМ (1994) изгласана во јули 2009 година се ограничи периодот во кој работодавачот може да ја зголеми платата за по 10% годишно.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, во јули 2001 година беше прецизирано дека овие лица правото на старосна пензија ќе можат да го остварат со навршување на 40 години (мажи), односно 35 години (жени) пензиски стаж, без оглед на возраста (чл. 10, ЗИДЗПИО/јули.01).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Промените до кои дојде кај членот 16-а во јули 2005 се следните.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога сите тие poules perdue ќе се вратат? 70 okno.mk Еве еден, цивкајќи доаѓа од инкубаторот на помнењето или ѕвечкајќи од расфрлената ризница на изгубени парички: le franc perdu на единствениот буквален клуч што се сеќавам дека било кога сум го изгубил: во јули 1983-та мојата жена и јас изнајмивме едно рашрафено мало рено комби во Тангер, во Мароко, кадешто бевме дошле за јас да одржам предавање за менструалните циклуси на Шехерезада како клуч за читање на 1001 ноќ.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Надвор се простираше глетка со сочно зелени јаболкници, беше квечерина на летен ден во јули.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Летот не смее да се прекине. Благиот лет на пролетта. – Но веќе сме во јули – реков тивко.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И уште се потсети Маркос на средбата со Захаријадис во јули 1946-та.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка ти и тетка ти береа шумски јагоди крај реката, што во јули ги има во огромен број, а јас ја разгледував околината.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
2. Во јули месец ја заземаме кота 620.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во јули и август ќе одите со комарници на глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со копањето први почнале Шатев и Коштанов во јули 1900 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Преку демагогија, измама и сила цончевистите успеале тоа да го сторат на Деветтиот конгрес во јули 1901 година51.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На Десеттиот конгрес во јули 1902 година му било одговорено на Сарафов дека сметките ги прегледал Цончевиот комитет и нашол кусок од 6.000 лева.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
200 Бидејќи на овој конгрес бил избран Врховен комитет од приврзаниците на МРО, на Сарафов и на Цончев, бидејќи, значи, Цончев не можел сам да раководи, во јули истата година бил одржан Деветтиот редовен конгрес на македонската емиграитска организација во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)