Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На свој начин веќе сакат, не ќе пееш, не ќе кракаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа не е проста игра на зборови или барање влакно во јајце.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Удрил со клун во јајцето. Јајцето не се скршило. Се скршил клунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се раѓаше полека неговиот лик, се оформуваше споро - како пиле во јајце.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)