во (предл.) - јадење (имн.)

Пред да се разболи, тој имаше ред во јадењето. Никогаш не претеруваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
ВОЛШЕБНИ ПЕЧУРКИ (MAGIC MUSHROOMS) Форма: свежи или исушени печурки кои понекогаш се ставаат во јадење, како во омлет на пример, или од нив се прави чај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите овие приказни завршуваат речиси на ист начин: имамот се онесвестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од различните состојки во јадењето, а според трети имамот се прејал од превкусното јадење и се онесвестил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да внимаваме и ние да не се прејадеме? рече во шега Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Коте ја крена главата кон прозорецот и гледајќи пред себе во јадењето рече: - Жено, девојките нека бегаат на нива да откопуваат компири.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Храната што овој човек ја јаде има само еден недостаток за кој тој не е свесен: страшно многу одпад останува така што колку што ужива во јадењето двојно повеќе ужива во фрлањето на отпадоците што сепак заплашуваат да го задушат со сето свое смрдливо испаливо гниење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И велам - во кујна се носат гумени чизми за да не ти се намократ нозете, па бел мантил, скутале, а на главата шамиче, за влакно да не ти падне во јадењето“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Краста: Многу чудно, Во кафето неколку пати наоѓам масен гној од акни, во пивото пепел од цигари, а во јадењето некакви влакна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Какви знаци?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никогаш не се враќаше од работа уморен или намуртен, напротив, секогаш расположен не само да кажува туку и да измислува шеги, и не забораваше да проверува дали децата си ги измиле рацете со сапун и дали ги држат виљушките со левата а ножевите со десната рака, имало или немало месо во јадењето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Набрзина зедовме цел преграб, тивко го отворивме вратичето од плевната и откако добро се покривме со сено, се вдадовме во јадење праз.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)