во (предл.) - ѕид (имн.)

Женката се стиска во ѕидот така што мажјакот не може да ѝ ја префрли и таа нога што е услов за да може да ѝ го стегне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да се ослободиш од неа треба да се раздвижиш, ништо не ти помага седењето над книга и гледањето во ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дупката што ја издлабив во ѕидот се чини води в неврат ако го изземеме удобното сврталиште на семејството стаорци и прилично згодно зацврстената закачалка во влажниот агол на која виси мало јато лилјаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Дали некој досега те замолил да заѕидаш нешто во ѕид?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел беше готов да ја заѕида тулата, кога една сенка падна врз неговата глетка и некаква интуиција го задржа да не ја стави тулата на местото каде што требаше да ја заѕида во ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе направиш ли место овде во ѕидот за да го зацементираш.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тука Фисот не можеше веќе да се воздржи и фрли со тешкиот часовник од масата по мене; часовникот удри една педа од мојата глава, во ѕидот и направи пристојна дупка; рече: „Ти признаваш сѐ?!“ Јас реков: „Да“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја зграпчив за косата и ја повлеков назад; таа офна и падна; јас го фрлив шишето во ѕидот, тоа се скрши, и јас веќе следниот миг нафрлив врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, не, и тој, без упатства и без совети го избра оној пат што и ние го избравме кога тргнавме да се избориме за она што го посакувавме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или поприфатливо ќе ти прозвучеше ако речев дека наш Иван го избрал тунелот за патека верувајќи дека и таа негова јунаштина ќе му помогне да го открие она по што можеби и со години трага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, за жал, и нему му се случи истото она што ние одамна го имаме откриено и доживеано: она, кога веруваш дека со раката брцаш во бочва со мед се случува да утврдиш дека раката си ја пикнал во помии.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она, дека и Иван пропуштил да се обиде со главата в ѕид?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Моше бен Азај не можеше да се оддели од чудесниот камен, туку го чуваше во едно ковчеже, засолнето во скриената преграда во ѕидот за која знаеше само жена му.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одеднаш сѐ повторно стивна, како нешто да ги задави сите отворени грла. Тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледала во своите родители онака како што се гледа во ѕид.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повремено удираа со главите или со тупаниците во ѕидот. Тапи удари како заборавена болка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од другите соби до нас допираа врисоци, ревења, плачења и смеа, ѕвечења, чкрипења и удари.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во ќеркичката која ја родила неколку месеци пред тоа гледала како во некој предмет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трчаше бикот кон кожарата и со таква сила удир со роговите во ѕидот што тој пукна и се свалка пред нозете, како да не беше од камен ѕидан и со години печен, туку како да е детска реденица, лефтерна сувоѕидица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Језекил можеше само да ги дослуша сите тие тупи удари надолу, без да направи ниеден чекор, тоа таму, удирајќи де во ѕидовите, де во скелињата, продолжуваше да паѓа младото цврсто тело на малтерџијата со големите бакарни топки на мускулите по рамениците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога тој пречекори кон печката, малиот пак го најде своето местенце од синојка и се притисна во ѕидот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се притисна во ѕидот и исто онака потрепери. Но, Змејко сега знаеше токму што треба да стори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Моментален бес проструи низ мускулите на Глигора и одвај се здржа да не го зграпчи и сплеска во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вклештена меѓу рабовите и железната рамка, таа го притискаше своето тешко тело во ѕидот и ја спречуваше светлината да продре во ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гласовите ја губеа јасноста, се претопува во нервозен шум што звучно трепереше во ѕидовите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор го зграпчи за рамења и го тресна жестоко во ѕидот. Арсо се струполи наземи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Премногу е жестоко тоа. Немаше сили дури да си ја тресне главата во ѕидот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Брчат ко оси куршумите и удираат во ѕидот од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти оган веќе не држи и деца веќе не плачат во таа куќа. Само бурјани трева, бозје и цволика ѝ се пикаат во темелите, во ѕидовите и ја поткопуваат отсекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си ја удира на коралницата, на јаслите, во ѕидот и офка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гласот ѝ ѕуни, удира во ѕидовите од собата, си бара пошироко место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш без лелек и солзи оставила деверите да ја одведат до вдлабнатината во ѕидот на кулата: чунки и самата знаела дека мора да умре, барем можела да се воздржи да не плаче.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Точно дека треба да си јак и упорен, но немој да удираш со глава во ѕид.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас бегав, се криев, влегував во ѕидот за да не ме види, за да не го гледам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А најчудно и во почетокот најнесфаливо дејствуваше фактот што и самата зграда беше претворена во ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мала пукнатина во ѕидот. Ќе го затворам едното око.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во ѕидовите направени некои долапи и внатре се ставаа ситни работи – по турски.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Или да удри со главата во ѕидот, да ја ритне масата, или да ја зафучи мастилницата преку прозорецот - да направи некоја насилна или бучна и болна работа, што ќе го помати сеќавањето што го измачуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ѕидовите на неговата полукабина имаше три отвори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На другиот крај од просторијата имаше еден мал бар, обична дупка во ѕидот каде што можеше да се купи џин за десет центи во голема чашка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите вознемирени очи зјапаа во ѕидот на околу еден метар над Винстоновата глава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Баба Петра пак се крсти до трипати, станува од софрата, откај камарчето во ѕидот - со икона и кандило - зима суво стракче босилек и го фрла врз гламјата во огништето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Колку толку, со што се најде, особено со стари куверти, беа затворени сите дупки во ѕидовите, па огнот можеше да ги исправи пламењата, а и топлината подалеку да стигне.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сликата се поизбиструва и станува свесна дека луѓето што се напикани во оваа просторија, особено мажите, се обидуваат да ги затворат празните дупки во ѕидовите со што ќе најдат за да му забранат на ветрот да поминува од едниот отвор до другиот, се обидуваат да го подзасилат огнот за да може малку малку сите да ги потстопли.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ѕидовите се украсени со народна резба. Долапите се вградени во ѕидот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка" (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кременот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде ѝ е „виделото".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
липа _ 1) дрво липа, 2) несреќа, зло го најде, човекот. Му се стори липата маѓер — готвач мазгалка — камарче во ѕидот мака — волку мака — сермија макцам — дете малечко, неразвиено уште мал — имот, земја малчок — исто нагалено (диминутив) мандак — пес.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во ѕидот на оваа страна допуштено е да има набиено два три кола на кои зимно време се обесуваат водените сакми и гуни, или некое котле со вода, да не го локаат пците или избурбатат прасињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заѕидано дрво во ѕидот сугурци — завиткана коса — локни на српски тагар — сад за брашно како ситото и решетото што е само неиздупчен таим — следување, оброк на војниците такам — 1) руба, 2) спрема за куќата, за добитокот итн. такцир — несреќа татки — понатака тезгере — направа за фрлање ѓубрето од дома тек лав — пререкување теклив — забелешка. Не ти фаќам теклив — не ти правам забелешка текна — се сетив тешка (жена) — бремена тизап — киселина за вапцување тисов — столче од тисово дрво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се обиде со рацете да ги размрда железните прачки на прозорчето, но тие беа цврсто заѕидани во ѕидот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се маваше од ѕид во ѕид.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Или, ако не можеш да смислиш нешто поумно, тогаш, кога ќе тргнеш од горни двор, на првиот свиок во сокачето удри со автомобилот во ѕидот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам дека секој камен заѕидан во ѕидот на бунарот го имам видено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стига да го поткренеш стаклото кон светлината и златото ќе те огрее.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кутрите Евреи, најчесто, велиш, своите скапоцености ги клаваа во ѕидовите, во тегли?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури во последниот миг, пред да влезе, се сети да го извлече змиулчето од џебот; тоа молскавично се измолкна низ тротоарот и се вовлече во ѕидот на куќата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тресна во ѕид. Падна на подот и видот му се врати. Виножитата исчезнаа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Внатре вресок ечи, молба, како екот се враќа, во ѕидови удира на телото, кое во грч бранови го носат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
МИХАЈЛО: Пак нема да ми зборувате денес? (Пауза) Свињата се фрла од ѕид во ѕид. Ѝ дадов да јаде. Ќе се менува времето.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Евто го зема Михајло под рака. Го влече зад себе. Прават движења како кружно да летаат низ собата. Удираат од ѕид во ѕид. Несигурно се смеат.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Знаете дека се заклучува во соба и игра балет. Удира од ѕид во ѕид. Или не знаете дека е жива.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во огништето ископано во ѕидот на земјанката згасна пламенчето и земјанката заедно со големите сенки расфрлени на ѕидовите, потона во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почнав да скокам и да се удирам во ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја кревам главата уште повисоко и гледам дупка во ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секаде сретнував претепани луѓе, јачеа и удираа со глава во ѕид не би ли ја повикале смртта пред време.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)