Но кога се видов со Жене и почнав да му зборувам за делото, тој веднаш ме пресече велејќи дека е лошо и дека ќе го фрли в ѓубре, одбивајќи да расправа за него.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Знаете, овие деца поминуваат покрај овие стрипови и гледаат во ѓубрето веднаш до нив.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во извесна смисла, тоа беше самоодбрана кога Англичаните тврдеа дека Хичкок се продал за материјалните богатства на Америка, дека ги исекол своите корени и така го уништил својот талент.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Неколку години подоцна, кога вистинските побуди од овие гласини полека почнаа да паѓаат во заборав, се случуваше некој американски сноб да се сети на помодната идеја за Хичкоковиот пад и да ја прогласи за своја критичка оцена. •Хичкок:„Немојте да мислите дека бев луд по сето она што беше американско, но за филмот сметав дека е нивен начин на работа, бидејќи навистина беше професионален, далеку понапред во однос на другите земји.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
После ќе се намачам да ја одлепам мастиката, а јас сум виновна што ме мрзеше да ја фрлам во ѓубрето.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Но таа бргу го стресе стравот од себе, ја стутка салфетата обележана со кафени кругови и ја фрли во ѓубрето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Влегуваме во тесно патче кое завршува со гумно, околу кое во круг стојат наредени куќите на седуммина најродени браќа и на секоја има по една надградба и доградба со скали однадвор за да не се пресретнуваат снаата со јатрвата и со свекрвата, па, не дај Боже, да си ѕирнат во ѓубрето и така да дојдат дома и да кажат: „Оној брат ти, нема пари, а ваму лушпи од банани и портокали фрлаат, па и тетрапак од млеко!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Светот на комунистите си имал свои војски, ќе си имал и свои генерали, ако не веднаш, тогаш малку подоцна; броси јево; фрли го тој царски генерал в ѓубре, сосе рамка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Којзнае зошто, го послушав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)