- Ако, ако... Нека се јадоса. Треба да разбере дека не е лесно да одведе во Ресен охридска девојка... - се закикоти Атина, која за сето време ѕиркаше низ пердето и гледаше сѐ што станува во чунот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Му се чинеше сега дека му се потсмеваат и рибарите во чунот, и луѓето на брегот, и куќите, и езерото - сите и сѐ знаеја за овој негов срам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Рибарот Дејко спас побара во бегање: го натовари семејството во чун и избега во езерото; натовари и храна колку што можеше да собере чунот и живееше сред езерото, далеку од селото, далеку од допирите на луѓето и болеста.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А Марин Крусиќ? И Марина Крусиќ го виде рибарот токму вака: како од брегот, час-два откога заврши третата попладневна муслиманска молитва, го спушта погледот од тапа тага врз него во чунот, меѓу петнаесеттината чунови што се подготвуваа со мрежите да завеслаат на езеро.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Гардистите не ги гонеа. Само ревеа. Потоа ме бутнаа во чунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А одонде, од работ на шумата на четирите годишни времиња, Пишпирик и Барбут- бег се одмаздуваа со зборови: - Измамници! - Џепџии! - Во сулфур да горите!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тие истрпнаа. Во чунот имаше само еден човек.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тргнавме со чунот, но кон средината на морето, ете ти несреќа: започна да дува ветер и да се креваат бранови; започнаа далги како ѕверки да рикаат, да удираат во чунот и да скокаат во него; се пулиме во чунџијата, а тој само жолтее како лимон; извадивме ракија од торбата, започнавме да тргаме од неа, да ја смириме душицата, да се окуражиме; му даваме на чунџијата, но тој вели: не пијам; гледа во нас, удира со веслата и дофрлува: „За малку пари тргнав да ве возам... Ќе дадете по десет лири“. „Ќе дадеме“, му вели Ѓеро.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Фоте се исправи во чунот, замавна со стапот и ја фрли јадицата што подалеку.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потем, стариот ја прекинал песната. Сакал сам да пее. Да остане сам во чунот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега јас бев сам во чунот на судбината, пловејќи кон другиот брег на егзилот. Бев без Татко и без Мајка, без постарите браќа...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Меѓу малкуте спасени Таткови книги, во чунот кој нѐ пренесуваше преку границата, Татко го забележа Мајкиниот каталог Ла Ринашенте. Мило ја погледна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Побратимот Гури Порадеци, утрото кога наминал за да ѝ каже сѐ на Мајка, ѝ укажал колку слободно место има во чунот за неопходните предмети, а колку за семејството и за него, без да биде опасно при пловењето кон другиот брег.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)