во (предл.) - читање (имн.)

Напати, кога беше преморен, од ноќта мината во читање, слушаше од длабината на стерната зарипнато, прекинато гргорење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Андре Декостер , француски експерт по козарство Тивко и расположено се впуштив во читањето на романот Времето на козите на Луан Старова.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој дури сега забележа дека заправо за сето време го држел показалецот од левата рака токму на тоа место меѓу листовите, за да не си го загуби редот во читањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја губеше концентрацијата во читањето која, инаку, постојано му беше силна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Навистина постои нешто соновидно во читањето на хиперлитературата, бидејќи тоа е чуден простор, тоа хиперместо, многу послично на внатрешниот отколку на надворешниот простор, простор кој не им припаѓа на координатите, туку на фантазијата без обем.“ (Robert Coover) оберт Кувер, познатиот американски писател, во својот текст „Крај на книгите“ (“The End of Books” - The New York Times, June 21, 1992), кој би можел да се нарече програмски на еден специфичен начин, и во прилично обемната статија со наслов “Хиперлитература: романи од компјутер“ (“Hyperfiction: Novels for the Computer” - The New York Times, August 29, 1993.), зборува за една појава настаната во Америка во рамките на постмодерната, па потоа проширена и во Европа и Јапонија, и чиешто, можеби, наједекватно име би било: компјутерска литература.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Целта на овој избор не е да се разгледуваат границите во читањето на сатирата, напротив - целта е да се раздвижи таа граница, да се отстапи од неа колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
( - Значи, сатирата се движи од богатството на формата кон богатство на содржината, - вели Помошничката. - Токму, - блажено вели Преведувачот, затоа што се чувствува добро, а во сосема догледно време ќе се чувствува уште подобро, за што јасен придонес ќе има токму Помошничката.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бидејќи на човекот, на секој човек верувам, а особено на осамениот, најмногу од сé, можеби повеќе и од самата вулгарна храна, му треба човечки збор, јас него го наоѓав во деновите пред вселувањето во оваа “моја” гарсониера, во читањето оти тоа за мене беше најдобар, највдахновен и најбезбеден разговор со човекот што се потрудил, ризикувјќи ја сопствената приватност, да ги стави своите размисли и чувства на хартија а потоа, претрпувајќи го цел оној унижувачки чин на оценка, уште okno.mk 71 и да ги обелодени пред јавноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Рада и Јана занесени во читањето во ист миг ги штрекна остриот звук на јантарниот германски телефон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во периодот кога Татко, по читањето на Книгата за воспитувањето на детето, беше обземен во читањето и размислувањето за балканските лавиринти во својата библиотека, дојде Климент Камилски со неколку книги со себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот се употребува и во политиката: Боже, сочувај нѐ од аџамии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова стануваше битен принцип во постојаниот жив и променлив распоред во читањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, како и секогаш, занесен во читањето, само се сеќаваше дека купоните за цел месец ги беше оставил во една книга, но не се сеќаваше во која.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде младите се воведувале во читање, пишување, проучување на исламот и воените вештини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
VIII Климент Камилски во еден период толку многу се внесе во читањето и размислувањето за делото на големиот француски филозоф и математичар Рене Декарт што со сигурност можеше да се смета за редок, ако не и единствен картезијанец на овој дел од Балканот, ако не и на целиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поминаа долго време во читање книги за кабалата од нивните библиотеки задлабочувајќи се во темата на универзалните лавиринти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Излез од таквата состојба може да најде само во лавиринтот на својата библиотека, во читањето на книгите според неговиот утврден распоред.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Послабите ученици ги поучувал во читање и правење слободни состави, книгата била неговиот најмил другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се обидував да го стигнам во читањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во времето кога го немаше стариот каталог на Ла Ринашенте, во периодот од 1939 до 1949 година, Мајка најмногу време минуваше во читање и во толкување на светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги бараше страниците кои беа обележани од пепел­та на Татковите цигари, која тој не стигнуваше, занесен во читањето, да ја истури во пепелникот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И таа, како јас некогаш, ги барала страниците со специфичните белези, бидејќи Татко, задлабочен во читањето, заборавал да го истресе пепелот во пепелникот којшто Мајка го оставала пред него и го потсетувала на него.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Продолжуваше да се внесува во читањето на Татковите книги, како последна редовна молитва до крајот на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш не ја заборавив репликата на Татко и на Мајка за душата, предизвикана од мојата љубопитност. – Што е душата? – го прашав еднаш Татко, ненадејно, додека беше внесен во читањето, крај Мајка на чардакот, наведната над плеталото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, внесен во читањето, се случуваше и да не ги сети тивките Мајкини чекори, чекорењето на Мајкината тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, како и секогаш, внесен во читањето, не го слушна добро прашањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една вечер, кога Татко беше задлабочен во читање­то на чардакот, Мајка носталгично му го спомена катало­гот од стоковната куќа Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не мина долго време, Мајка, сакајќи да му даде друг тек на разговорот, напуштајќи ги своите сентиментални спомени, ненадејно го праша Татко, кога тој веќе се внесуваше во читањето на една книга, со која сакаше да заспие: – Што стана подоцна со грофот Чано? Како заврши?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во еден период, пред да заминат, Татко се задлабочи во читањето на записите за кабалистите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Следната година, во деветнаесеттата, кога како бруцош се запишав во Louis-le-Grand, тоа просто беше моето прво патување во животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но едновремено додека се задлабочував во читањето и во други осаменички нешта, живеев, би рекол, на посебен, паралелен начин, со живот на еден млад мангуп, во својата “тајфа” која повеќе се интересираше за фудбал и излети отколку за некакво проучување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И таа е внимателна во читањето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но добро, би ми било тешко да го купам целиот тираж на книгата во издание на Фајар за да го дистрибуирам самата јас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога нашиот национале Бернар Кушнер ја изразува својата нестррливост и својот очај пред сведувањето на сметките на различните заедници на теренот со кои се соочува, тоа е исто така нормално; но има и други позначајни работи отколку да се испраќаат емисари да трагаат во регионот, има таму и неколку мудреци кои ги минуваат нивните животи во читање и медитација на импресивен збир книги, меѓу кои и Библијата, Талмудот и Куранот... и кои на нивните деца им даваат пример на достоинство и благородност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со цел да најдам роденденски подарок на една од моите внуки, студент, штотуку бев решила да и ја подарам книгата Времето на козите, а јас веќе бев нурната во читањето на вашиот роман Атеистички музеј.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А една личност се качи до мене и ми ги зема очилата за да ме спречи во читањето; и лампата покрај која читав беше разбиена, меѓутоа некој веднаш донесе нова сијалица , а јас погледнав во момчето кое ми ги зема очилата и нешто во мојот израз на лицето го натера да ми ги врати. Така продолжив два и пол часа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Што е душата? – го прашав еднаш Татко, ненадејно, додека беше внесен во читањето, крај Мајка над вечното плетало.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко беше внесен како и секогаш во читањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но сега, без Татко, натажената мајка, колку и да се бореше ѝ остануваше верна во читањето, библиотеката тивко замираше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Скршнување предизвикано од грешка во читањето на автокартите. Заталкувачки крак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Награди се себеси за оние избори што водат кон пријателство и задоволство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Промена на умот (реформатирање) може да се случи само во услови што ја дуплираат “домашната култура”. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 32 Тимоти Лири ЕЛЕКТРОНСКИ КУЛТУРИ Ако родителите не читаат или ако дома нема весници, списанија, книги, децата се во голема мера хендикепирани кога срамежливо (или дрско) ќе влезат во застрашувачката, обезличена првоодделенска училница. (Многу добри учители го разбираат овој принцип, па ја претвораат училницата во домашна атмосфера на поддршка.) Сите ние ги чувствуваме импликациите за реформатирање на умствените фајлови (широко познати како помош во читањето).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Културите или индивидуите кои сакаат да се променат мораат да користат различен јазичен медиум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На средината, голема, јасно направена беше буквата „А“, а од страните на буквата имаше направено крилја и вака ни објаснуваше: - Еве, оваа е буквата аз, а, а крилјата кажуваат од кој збор е таа за да знаеш која е и зошто ти е во читањето и пишувањето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во Скопје секој некаде брза, секој има некакви обврски, сите сме распрскани на разни страни и никогаш не се случило во исто време четворицата да уживаме, долго и непречено, во читањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас ја читав „Страдата на младиот Вертер”, брат ми имаше собрано цел куп огромни книжишта и имаше направено план сите да го прочита до денот на заминувањето во Франција, каде што одеше на реновирање на стари замоци и цркви и на учење на јазик.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)