во (предл.) - чело (имн.)

Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Селаните ги палат стрништата полни презреани надежи и пак го превстасуваат дождот за кој однапред знаат дека е јадрокап и ги удира в чело урнатиние на животот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Едната казна шо може и ќе а врши она — тоа е куршумот в чело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поразмислете малку, та за мене веќе се знае.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мина злото, ја си казвах, син ми жив остана, го прегрнах, го целувах во чело, во очи.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Бојан ја фати Кротка за главата, нежно ја гушна, ја бакна в чело, меѓу очите, па и го одврза јаженцето од вратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знаеше што да прави: дали да ја бакне мајка си в чело, дали да се поздрави со непознатиот макар и со кимање на главата, дали да го прегрне стариот кој во сè личеше на татко му освен што јазикот му беше врзан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седеа еден спроти друг и се гледаа право в чело, а сонцето ги потпечуваше озгора како на тлеан оган и тие си зборуваа тивко, речиси со шепот, да не ги исплашат рибите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако излезе со главата напред, што значи херојски, може уште првиот куршум да го удри в чело и тој безимен да се срамни со земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грдан ја нарами искривен под неа и на вратата ја бакна Горда в чело, како домаќин што оди на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потем, се исправи, го изгледа Јосифа и се наведна кон него иисто така го бакна в чело...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го пушти сопрутот и ѝ пријде на Сандра, се наведна, ја бакна в чело.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој се наведна, со двете раце ѝ ја фати главата на Билјана и нежно, од длабината на срцето, ја бакна в чело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ај, со здравје. Да не те вртиме оти Панде ќе се кара. (Го бакнува во челото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Веројатно тие кои го определувале местото за нивно поставување, мислеле дека со првиот истрел противникот треба да биде погоден в чело.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Домакинката наеднаш прекина да раскажува, со дланката се удри в чело и рече: - Ете, јас, кутрата, се заприкажав и заборавив да ве почестам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се чини дека црните очи на пушкарниците ти гледаат право в чело и дека во секој миг ќе блесне оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со едното ја погодува в чело жената која лакомо си ги гризе прстите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другото камче удира во ногата на старецот кој се обидува на другите да им каже нешто потсвирнувајќи како врапче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сестро моја…,“ како со кажувањето на сродството да ја кажуваше сета моја судбина, сето она што го знаеше и не го знаеше, и плачеше меѓу изговарањето на сродството, го оплакуваше она што го искажуваше изговарајќи го тоа „сестро моја“. Ме бакна во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сетив како во нашето детство ме бакнуваше в чело некако скришум, кога мајка не беше покрај нас, бидејќи му се потсмеваше на таквата нежност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја свртев главата кон ѕидот, кон крвавата трага, а тој побрза да излезе од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доктор Гете изваде игла од својот џеб, и врвот го забоде во челото на девојката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој се наведна и ме бакна во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се наведнав, и ја бакнав во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со завршувањето на најраното детство завршија и моите болувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се чинеше дека не дишам, ми се чинеше дека не чувствувам ништо, само допирот на неговите усни на моето теме, и топлината на неговиот здив што мирисаше на алкохол, и цврстината на неговите раце што ми ја притискаа главата во неговите гради.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сестра ми се врати во Виена уште истата вечер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ништо не ти подарив за раѓањето на ќеркичката. Немав што да ти подарам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ѝ пријдов, ја прегрнав и ја бакнав во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа се оттргна од мене, ја избриша од своето чело влажната трага од моите усни, и истрча од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станав, ја бакнав Ева в чело, ја бакнав Амалија во теменцето и, пред да тргнам, ја ставив раката над срцето, помеѓу градникот и левата града.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа искуство се таложело и се множело во челото, во темето и само јас тоа знаење го поседувам, го средувам и го боледувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Приказната која следи е обична: бикот го отепал командирот на милиционерската станица, поради кое и нему треба да му се пресуди, со куршум во чело.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Овде тој си се поднасмевна себеси кога помисли дека некогаш можеше да издржи повеќе, а некогаш помалку, но секогаш од тој бран што од слабините ќе го удреше право во челото испливуваше со истата мисла – дека целосно, неповторливо и очајно ја љуби жената што во него ја откри таа жед по нејзината љубов...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ВАСИЛКА: Да ми се ќердосате... (ги бакнува во челата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: (ја зема главата на Антица на градите свои и ја бакнува во челото).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Денот беше еден бесен налет заискрена белина, како бран, како еден бран од виделина, удрен во челото на онаа страна од планината, по чијшто грб се искачуваше тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така рекла и зинала да голтнит, арно ама ќелешот бидејќи јунак, ја удрил со топузо в чело и наместо ја умртвил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зел секирата и ја вчелосал лиса в чело, та ја отепал, а јазоецо го пуштил од стапица да си оди по работата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Чудна беше таа глава со мускулести вилици, широка во брадата, тесна во челото покриено со црна остра коса. Држејќи го паднатиот и го кошна со нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И тој остана. Еве го, гледаш. Погледнав во челото на раскажувачот но не видов белег.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чудна беше таа глава со мускулести вилици, широка во брадата, тесна во челото покриено со црна остра коса.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постарите веќе имаа научено, знаеја дека во стројот треба да се гледа право во челото на татенцето, другарот Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Точно во челото, проклет да бидам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Азра се штрекна, го фрли ножот преку масата, го избриша лицето со подлактицата и се загледа во челото на Ханка која токму тогаш ги подотвори очите и устата, како да сакаше нешто да каже и со очите и со устата, за миг ѝ се појави некоја чудна, необјаснива ведрина на челото, но одеднаш спласна, се затвори, ја снема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Света Пречиста нека те чува од лошо... (Тихо плаче и го бацува в чело). (Печалбарите се определуваат во група и скоро ритуално почнуваат да ја пеат песната на разделбата): Жали моме, да жалиме, еј моме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Откако го бакна чедото во челото, внимателно ми го врати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За да се искупиме од борчот, за да му помогне свети Наум да оздрави, ви го подарувам јунецов...“ го бацува во челото како синот да си го бацува и му го подава на калуѓерот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од мракот демнат зелени очи, од мракот машинките стрелаат в нозе, в 'рбет, в чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се пристори дека токму ова прашање упатено по сè изгледа кон мене најмногу ја збуни Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Навистина, во кого ќе се вљубиш?” Откако ја бакна во челото и се врати на својот стол Стариот писател погледна кон мене: “Кој ќе стане среќно вљубениот што толку нестрпливо ја очекувал смртта на нашиот пријател?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
6. Ти доаѓам забрадена со море и песна Како ден за проштевања роден Јас, дремката на ливадите Јас, името на бездните Да те бакнам во челото на спокојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пушти го бе, доста еј!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Малку, во чело.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
И верен на честа, на должноста верен, млад Дичо што уште душа крепи страдна, во челото свое со парабел вперен, од својата рака тој усмртен падна.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Млад комита пушка фрли, Лумана во чело удри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
АРСО: Ајде сега за кум Томче и кума Стојанка едно оро!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: (Ја бацува в чело.) Да си ми жива и здрава ќерко, да се ќердосаш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го нанишанив в чело и му реков: „Збогум, збогум, душо ...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Вадам пиштол и го вртам кон него: кај ли е најдобро да пукам, кај ли можам побезболно да го убијам: в слепоочница, в срце, в чело?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Молкнало грлото - куршуми в чело.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
ВЕЛКОВ: (Приоѓа до Михајло. Го бацува во чело.) Јас сум поп Велков. Одбивате да ги премачкувате фреските. Вие сте мал светилник во ова мрачно море.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Со здравје, мајко... - врати Циљка и се загледа во челото на колоната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Изморени и капнати од целодневното одење, легнуваат на влажните лисја и слама - една додруга, тело до тело, притиснати, гушнати; си дишат в лице, в чело, в грб, превиткани од студенилото и влагата што влегува под кожа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И вие да ми одите со здравје, - рече и двајцата ги баци в чело, истотака расплакана и меѓувремено велејќи:- Мојата милост на сина ми да му се врати и господ жив да ми го донесе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Него едноставно го здоболе нешто во челото како да е наместен пред куршум.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)