А во чекорењето снагата честопати знаеше и сама да му се згрчи и да се наежи на она место во ногата над десното колено, каде што беше најблизок големиот остар заб; тоа дури и кога бегаше од тоа да помисли го сеќаваше секогаш, на оној миг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Преданието го сопнувало во чекорењето низ животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Мечкојад уште го бранел својот дедо и го повикувал и господа за сведок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)