Погледнувам во часовникот и почнувам како да ќе ме обземе паника. Треба да брзам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Вчераутро, на пример, по доручекот во 9:00 часот, со длабоко воздивнување, погледнувајќи во часовникот од каршија, почувствував некоја мачнина од бавното минување на времето и од помислата за преостанатите 8 работни часови кои требаше храбро да се издржат.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тогаш, кога веќе сите папсаа, најстариот на масата не погледна во часовникот на раката туку во прозорецот што зазоруваше, па рече: „Никоја доба. Само за мадиња бесење“.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Станав од подот и си заминав. Одново не отидов до крајот на улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Време е да си одиш,“ рече Рајнер, погледнувајќи во часовникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Или можеби времето застанало и песокта во часовникот ќе застане, ни ваму ни таму, а тасовите на вагата во својата рамнотежа покажуваат дека веќе сѐ е сеедно и нема значење, а ѕвоното нема зошто да удри.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меланхолијата седи пред својата недовршена градба, окружена со инструментите, седната и загледана така како да се откажува од сѐ, како нешто да ѝ вели дека градбата никогаш нема да биде завршена; една скала е потпрена на градбата, а на земјата покрај долниот крај на скалата лежи камен блок – дали Меланхолијата треба да го искачи, по скалата, на градбата?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој постојано погледнува во часовникот и нервозно шета по собата. Влегува Фезлиев.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Не ми се допаѓа ова нивно задоцнување. (Погледнува кој знае по кој пат во часовникот.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ја прашав часовничарката, вчера кога менуваше батерија во часовникот,... жената рече не трепкал, нормално гледа, а гласот му бил баритон.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се повлеков од една пуста, ширум отворена врата и погледнав во часовникот. Десет!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Станувам и шетам; се чувствувам малку зашеметено, но басот на Ди-џеј Седоу ми дава цврста основа и се чувствувам одлично.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Гледам во часовникот, 23.45.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Запали цигара и погледна во часовникот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пак погледна во часовникот и се изненади од неочекуваната идеја дека Мануш, недораснат за вакви акции, се лизнал низ сенките уште пред да го опомене со свирење и го оставил да го исчекува изгревот на сонцето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој застана и по третпат погледна во часовникот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
оние што споро одат, стапало пред стапало, како да го мерат патот, како да ги тера бавен механизам - бавни се во сè; во реакциите, во мислите, во рефлексите, во постапките, во зборувањето; понекогаш одат толку бавно што ти се чини дека двапати згазнуваат со иста нога: како да гмечат или набиваат нешто под нозете; рацете ги држат до телото или во џебови; не се пулат во часовник; ги сакаат оние луѓе што одат исто така бавно како нив; спрема одењето го одбираат и патот по кој ќе одат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Коњаникот во часовникот го минуваше својот пат оставајќи зад себе трага на огромна празнина. Не брзаше нигде.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Так-так-так! биеше ковачот во часовникот. И неочекувано стивна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зашто коњаникот во часовникот галопираше а јас немав збор да го запрам како што запре тој самиот во една ноќ пред тоа. Од тага.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Деца, дали сте подготвени?“ погледна во часовникот. „Дааааа!“ сите одговорија. „Сите сте тука?“ „Сите, сите!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Наскоро ќе биде“, рече тој. Кимна; не мораше да гледа во часовникот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тогаш секогаш погледнувам во часовникот. Ама тоа не е страшно.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тој ќе купи и завршена работа, јас ќе ги испржам кога ќе дојде дома.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
(Стево се гледа на огледало. Се чешла. Седнува. Гледа во часовникот. Тишина. Пауза. Сите чекаат.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Најпосле погледна нервозно во часовникот и излезе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Затоа тој погледна во часовникот на раката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)