Ако сакате да го консумирате во храна, тогаш подгответе се за подраматични ефекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Уживаа во храната, во одморањето и во пријателскиот разговор, весел за Френк, а главно сериозен и важен за Даниел.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Посакав да уживам во музиката, во храната, во виното, во оној што го сакам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Првата зима на ова војна не само возрасните единоверци, туку и нивните деца умираат како муви.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јадев како кучињата скитници, без ред во оброците, без место за јадење, не го знаев местото во домот ниту пак часот во кој загризував во храната, џвакав, голтав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во деновите кои се прелеваа еден во друг чекорев по улиците, со наведнат поглед со каков што чекорат осамените, небаре мислат дека изродство од светот им е втиснато во зениците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Утре в зори ќе ја земеме таа што ќе дојде да ни донесе храна, и неа ќе ја заѕидаме во темелите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)