во (предл.) - ходник (имн.)

Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сопрев едно возило. Па друго. Стигнав до Кичево, ни јас не знам како, ама го фатив автобусот за Скопје.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Вангел умре, рече - како куче во ходникот на клиника.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа, препнувајќи се во мракот, излезе во ходникот осветлен со слабата жолта сијалица, повлекувајќи ја вратата од канцеларијата зад себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но од друга страна, имаше и оправдание за мојата нерешителност: воспитачот, професорот по филозофија, до која уште не бев стигнал, одеше важно, со крената руменолика глава, и јас - на кого тој досега одвај да погледнал - требаше одеднаш да му пристапам, да трчкам да го привтасам во ходникот, да го пречекувам како случајно на скали или, о боже мој!, да му одам нарочно за тоа в канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вечерта воспитачот ме запре во ходникот, ме чепна со прст преку носот и ми рече: „Добро е, мали.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја оставаше во ходникот или во дворот, а таа постојано врескаше гризејќи земја и вар по ѕидот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во ходникот, како и секојпат од левата врата допира миризба на пржени јајца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас излегов в ходник без да ја затворам вратата од кујната, минав низ студените делови од куќата, претрчав низ поплочениот двор и ја отворив портата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ноќта Ване не ја преседе, туку ја престоја - и тоа не во ходникот ами на папучата од вагонот, тукуречи на една нога.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Човекот станува и во ходникот наидува на лебарката која сѐ уште прета. Ја згазнува дефинитивно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Помислувам да му се смилувам и прикаската да ја срочам, така што братучедот Герман, откако ќе влезе во ходникот, да се премисли и да се врати да викне некого за да не влезе во собата кај мене сам, да биде со некого кој ќе му го држи стравот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Клупите ги фрливме надвор и во училниците, во ходниците, па дури и на скалите ги легнавме ранетите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Легнав, го покрив лицето со рацете и плачев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас се вратив во ходникот, и отрчав во собата во која беше мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Леле, задоцнив!“ - извика Соња, се стрча и за миг се најде во ходникот.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Покрај неа лежи скапа бунда.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во ходникот ја очекува лакеј во униформа, на улицата пар вранци и санки со мечкино крзно...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беа само двајца џандари. Под нивните чекори подот во ходникот речиси потонуваше од чкртање, а тие веќе влегуваа во вратата на младиот Брат. Го одведоа, уште веднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Брзаше меѓу луѓето. И во брзањето пак залута во ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама, нема да биде наведено дека во ходникот треба да направиш плакар од ѕид до ѕид, само за чевли, патики, штикли и чорапи внатре во секој чевел, заборавени, се разбира, и смрдливи, се разбира уште повеќе; и табла со шајки за сите комплети клучеви закачени заедно со „амбрелите“, и секогаш фали твојот клуч, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Проблематични, ама подготвени (во зимски јакни), пронижани од промајата што бричи во ходничето, како да сме сред зима.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Наоколу само ликови, сенки, зборови... итаат секаде а јас само таму некаде... каде се спојуваат бесконечноста и мигот... каде сенките се сенки и во ноќта... во одаите на скриените спомени во ходниците на копнежите... таму и она ништо е сѐ... а тоа сѐ е она што ти дава сила... за денот, за ноќта, сонот, за некаде каде никогаш не ќе појдеш, каде еднаш некаде... Едноставно, а незаборавно...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А, ме опкружуваа кутии од зејтин, прашок за перење, стоби-флипс смоки и чипс, сапуни и празни цедеа подеднакво прекрасни како и оние кои веќе го најдоа своето место во ходникот - складилиште.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се отвори врата, и во ходникот се појави Блиската роднина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во шкафот во ходникот имаше облека.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но како што му го даваше писмото, одеднаш во ходникот неочекувано се појави братот Коле кој виде дека нешто се случува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Петар влезе во ходникот кој беше многу едноставно уреден со дрвен под и тенка, долга но многу убава черга.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тогаш сестрата се присети дека тоа движење го беше видела во ходникот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Едното од нив беше една девојка со која често се разминуваше во ходниците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој им даде знак на стражарите во ходникот да го внесат затвореникот што го водеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На третиот ден Винстон отиде во ходникот на Одделот за документација за да погледне на огласната табла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Времето минуваше. Дваесет минути, еден час... тешко беше да се оцени. Повторно се слушнаа чизми во ходникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во каминот имаше решо на гас, а имаше и една полица на која се чуваше храната, додека во ходникот пред вратата имаше еден кафеав водник од печена глина, заеднички за станарите од неколку соби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еднаш кога се разминаа во ходникот, таа му упати брз страничен поглед, кој како да проби право во него и за миг го исполни со црн ужас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ходникот се слушна тежок тропот на чизми.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ходникот се слушнаа нови, полесни чекори. Во собата влезе г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ходникот се слушнаа чекори што се оддалечуваа во правецот кон трпезаријата. Во близината на Центарот виеше пес.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тој момент во ходникот гласно зборуваа собарките Кристина и Мери.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Се трудев да ѝ ја објаснам мојата положба, непријатностите со сенките, мислам дека го спомнав и недоветното будалесто смеење на Јана, на твојата пријателка Јана, (токму така ѝ реков), но Катерина се преправаше дека ниту нешто слушнала, ниту нешто видела; (постојат такви моменти кога мојата Катерина в очи ми се руга, а лицето ѝ е невино, невино, како на палаво годиначе кое тукушто проодило), а притоа сепак, најприсутно барем во моите размисли беше она нејзино одречување, дури и спротивставување (како сум смеел да си претпоставувам дека таа дружи со сенки, а посебно со сенката на некоја Јана), а посебно ме изненади нејзината забелешка дека неа никогаш не ја интересирале русокосите фолиранки, и наеднаш ме заплисна некоја заедничка смеа, смеењето на двете жени, на Јана и на Катерина, кои како сенки се оддалечуваа по некоја спирална скала, а јас (тоа беше навистина за чудење) открив дека се наоѓам во ходникот, дека сум седнат на бетонот, и тоа пред врата што веројатно беше нашата, а притоа вратата беше заклучана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го закачи во ходникот сакото што го носеше наметнато преку рака а во собата додека седнуваше на столчето со скусени ногарки не престана да си ја брише потта од челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зар можеше да е тоа истата онаа девојка која уште пред некој ден ме дочекуваше во ходникот за да ме обавести дека во вечерната програма на телевизијата ќе се прикажат прекрасни филмови, но дека најдобрите играат сепак во киното Центар.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колку сум грешел! Значи и без моја помош ја имаш допирано по меките места личноста што ја среќаваше во ходникот кога идеше на работа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во ходникот, како и секојпат, од левата врата доаѓа миризба на пржени јајца.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Со секоја секунда бев подалеку од тебе но поблиску до вистината, не можеме да го сокриеме тоа што сме, ќе не пресретне еден ден каде и да е, по кој пат и да одиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено во ходниците на потсвеста, подвижни слики кои се премногу ранливи и приватни, проживеани, срамежливи приказни, соголување на душата од тврдиот кожурец на времето, ослободување од напнатоста и драмите кои сами ги создаваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ема само што се беше вратила од училиште тој ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ние на факултет имаме историја на Англија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чекаше цела вечност пред да слушне шлапкање од влечки во ходникот и вртење на клучот во бравата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија само ја подотвори устата и од што беше шокиран и разочаран заборави да ја излиже големата тегавица плунка што му се залепи за забот и усната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги фрли палтото и чантата во ходник и побрза да се заклучи во бањата. Се погледна во огледало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А кога Господин Бертран пак го напушти станот со тресок на вратата јас сѐ уште збунета стоев во ходникот и се прашував дали се посомнева дека штотуку излегов од нивната спална соба во моментот кога тој влезе во станот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Досадно ми беше. Тивко ја отварав вратата од купето, излегував во ходникот, гледав низ прозорецот и пак влегував во купето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пак излегоа во ходникот каде што оној војник делкаше друго јаболко.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А една мраморна тишина во ходникот: го слушам и џвакањето, млезгањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ходникот седнала една дебела жена и си јаде бел леб и кашкавал. Ја преполнила устата, ќе ѝ пукнат образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Самиот Шатев признава дека некој од посадата бил во ходникот и дека за тоа морал да го чека додека тој не се оддалечи, за да може безбедно да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
104 Хр. Коцев, 48-49. 105 Според некои податоци (Makedonika), заменикот на капетанот на паробродот го забележал Шатев кога во ходникот барал место за да го остави пакетчето со динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Слушнав како силно тресна надворешната врата, потоа брзи чекори во ходникот и пак тресок на вратата од собата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мочла една! – и ме потчукна по глава додека минував крај него во ходникот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)