во (предл.) - харем (имн.)

Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко е во Истанбул да се најдат поубави места за живеење од оние каде што со векови живееле турските падишаси, уживале во харемите и покрај шадрваните ја кроеле историјата и судбината на рајата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пашата тогај дваесет дена не си го испи кафето под охридскиот чинар ниту со пријатели се собра на разговор, ниту жена погали во харемот, ниту в џамија влезе, ниту пак хазна отвори да слага нов намет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Една од најубавите моми во Рајчани, на коњ, пред нив како јагне што се носи, ја префрлија на коњ,ја одведоа со себе... веројатно за во харемот...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Седум жени во еден месец поминуваат во харемот на Џемал-ага. А од нив нема вест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нека си ги гледа тој своите анами во харемот.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АНТИЦА: Се само во харем и фереџе не! (потрчува сама кон вратата, а останатите сите по неа и излегуваат). (На сцената нема никој.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој сака да ужива со тебе во харемот!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Иде со Арнаути за, ако не му одиш да те дигнат на раце, да те потурчи, да те стави во харем... а не да те заколи“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја водеше Ајша секоја вечер во харемот каде што се приредуваа веселби, смеи, кокотења, песни и ора, но не да се весели Анѓа со другите кадани, ами да ги служи и да им стои диван.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата стана, ги позасука своите мустаќи, си ја помазни брадата, ја направи да не му е многу испупчен грбот, пак се огледа во огледалото, и излезе од одајата, та се најде во харемот свој кој горе-долу вака изгледаше: ...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Добар е нашиот кадија; од сонцето е подобар – ѝ зборуваше Ајша на Анѓа уште по десет дена од доведувањето во харемот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа кога кадијата нареди да му ја одведат во харемот, никој не помисли ни да се противи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ботичели најпосле крева раце од се и собира лажички со грбови на градовите низ кои талкал.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На терасата во Уфичи една група турчинки сркаат кафе со многу шеќер и шепотат нешто за тоа дали Ботичели би се шекнал со умот ако наместо во Фиренца судбината го турнала во харемот на султанот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ќе заборавев да ја споменам вадиотров сауната што јас ја ескивирав а препородените ме искараа небаре одбив да влезам во харем.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)