Седејки в хаос од мислите мачни во земјата очите беше ги впила, бидејќи сонила соништа мрачни: Потпорните греди од нивната куќа се ведат, паѓаат шумно во мракот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Како може нешто толку чисто, невино, едноставно, совршено, безгрешно да се преточи, изобличи и преобрази во хаос, во завист, љубомора, пасивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Прегрни ме, утешиме, кажи ми некој едноставен убав збор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ја отворив душава и градиве, длабоко во нив сѐ уште имаше место за непредвидливите бранови на животот, креативно создавање, раѓање и умирање во хаосот и хармонијата на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И ако таа не ве одвлече во безумноста на догмата или во хаосот на локалноста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ова е добар пример за преминот од правилно движење во хаос поради променети услови.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И дека живеам во хаос од мисли дење, а сонувам ужасни соништа од вистини што само со допир на рамото се бришат како на компјутерот со копчето „дилит“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во хаосот на мисли кои му ја наполнија главата, од тоа што ќе биде со неговите родители па до тоа дека наскоро ќе ја облече логорошката униформа на НОВ ЧОВЕК , на Александар едно му се разбистри – не по своја волја стана дел од отпорот против генералот Стојан. ***
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во хаосот околу нив лушпи од ореви, допушени црноглави гасеници во пепелницата, лепливи лочки ликер и нејасни привиденија со недооформени лица.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледано од под вода, секој бран се распрснува во хаос од меурчиња чиешто вртложење е непредвидливо, иако можеби може да се објасни ретроспективно; блескавите тропски риби се влечкани ваму-таму без страв, будни но без ум и сосема одомаќени во својот восхитувачки сложен, огромен и протејски, потполно безумен елемент. 64 okno.mk __________________
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Немоќта да се открие преку ноќ демократијата, да се откријат тајните на пазарното стопанство, ги доведоа мафиозните структури на превласт и со пирамидалните штедилници земјата се најде во хаос, државата се распаѓаше, луѓето дојдоа до оружје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Овој настан му оставил силен впечаток.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бледо, испреплашено и без шинел, наместо кај Каролина Ивановна, тоа си дошло дома, се довлечкало некако до својата соба и ја минало ноќта сосема во хаос, така што следното утро за време на појадокот ќерката отворено му кажала: „Денеска си сосема блед, тате“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)