На приложената тврда хартија беше фино испишаниот хронограм со црвени и со златни иницијали: Кога Добрата Управа и Благородната Вештина Си подадоа рака една со друга, Настана овој прекрасен мост, Радост на поданиците и гордост Јусуфова На обата света.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ние си продолжувавме да придонесуваме, секој на свој начин, во фондовите на Мајка, наменети за сиромасите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По долго размислување, везирот нареди од трите преостанати дела, еден дел да й се исплати на болницата, а другите два дела да се вложат во фондот за сиромаси, за леб и за чорба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)