Еве неколку примери од перото на Џил Хенри, американски професор по антропологија и социологија, а од неговата студија за американскиот школски систем: Советничката влегува во училницата на петто одделение.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тишината во училницата е пријатна и чудна.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ќе стивне и вревата во училниците и ходникот што често нервираше...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но на Васе, ѓаволчето, не знам што му текна: ја спрашти накај дома и пред часот зазбивано дојури во училницата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во училницата стана мешаница и хаос.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во училницата втрча возбудено прислужникот чичко Петре и му шепна нешто на учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Влеговме во училницата и молчевме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Стоев зашеметен и нем. Некој ме забра за раменици и ме пикна во училницата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ѕвончето ја олесни тишината во училницата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Станавме како и секогаш кога некој ќе влезе в училница.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Па и во училницата сте заедно: машки и девојчиња, другари и другарки.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тукушто екна ѕвончето, а наставничката по историја излезе, во училницата се втурна Ташко и радосно извика: „Добив сестричка! “ Сите се насобравме околу него.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ама кога се вцрвев, тој се пошегува: „Е, де, зошто се срамиш!?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Имаше само уште еден облак, тој полека влегуваше во собите, криеше сѐ, малку-помалку минуваше насекаде, во училницата, меѓу клинците...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога влегуваше во училницата ја ваѓаше книгата а потоа трпеливо им читаше на децата За секоја педа на нивната татковина: За огнот на нејзиното име кој исцелува сѐ, за ветриштата што ја нишаат земјата пролети, за неопходноста постојано да се наслушува говорот на коските запретани во неа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Додека учителот испитуваше на таблата една задача по делење, во училницата се разнесе ѕвон на искршено стакло. Тоа дојде така одненадеж.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Не знаеме што тоа [г. Халперин] прави во училницата“, матно пререче Гери Глен, претседателот на мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности (АФА), но „нечуено е тоа што мичигенските даночни обврзници мораат да плаќаат за предмет чија отворена цел е да ’експериментира’со ’иницијација’ на млади луѓе во самоуништувачки хомосексуален стил на живеење“.21
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Скоро на секој час, кога обработувавме дела од светската или домашната книжевност, пред таблата во училницата излегуваше една ученичка - таа што имаше најдобра дикција и читаше фрагменти од делото.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но кога ја подотвори вратата се штрекна и пак ја затвори, зашто во училницата седеа други ученици.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Знаевме, не еднаш, со газиена ламба денот да го дочекаме во училницата, и без да се враќаме дома, да продолжиме на редовните часови од првиот клас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Школниците ги прибраа во училниците, Друже Србине во канцеларијата на Мандулски се пикна, а Корнулов и Папокот сѐ почесто ги посетувале двата вагона на споредниот , слепиот колосек.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Оти во другите деца не ми се гледа?" — се прашаше Нешка, кога влегуваше и фрлаше поглед во училницата, во сите ученици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Заборавена книга на рамница, пред гулабарник, во училница, на граничен премин, во пролет. Книга заборавена Книга за раѓањето.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Настрана викотница и пискотница во училницата. Но и плачење.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Но се предомислува. Нѐ внесува во училницата кај курсистите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Местата во училницата добро им ги паметам.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
УЧИТЕЛКАТА Денеска со нетрпение чекаме да влеземе в училница.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Утредента молк во училницата, гробна тишина: шета учителот со очите по нас, грицка на усните, чкрта со забите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Се качувавме на липата во дворот, шуштевме како сколовранци низ лисјата и ѕиркавме низ прозорците во училницата.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Започнаа и другите курсисти во училницата да се вртат кон нас.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Учителот и таа година му ја кроеше капата: при секое влегување во училницата го земаше на нишан: - Е, Коле, Коле, и оваа година, гледам, ќе те прерипа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога се засркнуваме од сланина или парче пилешка салама, си помагаме еден на друг во земањето воздух и сред воздишки се смееме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Колку е топло во училницата!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во училницата - штама. Што да се рече?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Постојано радост во училницата!“ раскажуваше учителката Мица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Влатко потврдно нишна глава, но разговорот прекрати - во училницата влезе одделенскиот раководител.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Едно влегување во училницата, тој фрлаше врз мене опуљ и отсечно ме прашуваше: - Како се вика дедо ти?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не се слушаше ни нашето дишење, а камо ли некаков друг звук во училницата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа, без било каква тешкотија, заедно со групата деца од своето одделение, тргна по учителката и влезе во училницата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бабата Перса и Мурџо ја допратуваа до влезот на дворот и таа веднаш ги забораваше, ама тие не се враќаа додека не се прелееја учениците од дворот во училниците.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)