Нешто сакаа сите да навестат НОВИНА... ама никој не знаеше каква. Блажина сети во утробата Невена.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тој сигурно се крие во утробата на Калето... – Со козите? – го прекинавме во хор. – Со козите!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така продолжи ноќниот лов на Чанга и на козите во утробата на Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга со козите се крие во утробата на Калето! Само во Калето, никаде на друго место!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Меѓутоа, татко ми мораше по исчезнувањето на Чанга со козите во утробата на тврдината да најде некаков пристан за своите неспокојни мисли.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми претпоставуваше дека Чанга со козите е во утробата на Калето и дека и тој и козите сега се на границата меѓу смртта и животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Авторот со ова дело ја збогатува варијантата на балканската легенда за жртвувањето, овој пат сведочејќи за жртвуваните кози во утробата на планината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга претпоставуваше дека многубројните пештери во утробата на Калето ги длабела реката со своите вечни, незадржливи поплави.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го бараа младите бремени жени со незакрепната рожба во утробите, го бараа мајките на кои им пресушуваше млекото.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не требаше татко ми повеќе да длаби во сеќавањето за да дојде до нови докази дека некоја од пештерите во утробата на Калето ќе му биде гробница на Чанга со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Откако повеќе немаше каде со чекорењето низ куќи, сега наполно сигурен дека Чанга со козите се крие во утробата на тврдината, тој нè собра нас, сите свои синови, да ни ја довери сопствената голема тајна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој е херој на безусловната љубов кон животните, бунтовник којшто ќе исчезне со козите во утробата на еден недофатлив рид.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Цела ноќ лежев будна мислејќи на живите мравки во утробата на апаратот, па кога в зори конечно заспав, се најдов себеси во страшниот тунел на цевката- смукалка каде што пред себе ги слушнав: стотици тела што шушкаат во гнасотијата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Цветот што прв ќе ороне, треба по секоја цена повторно да расцути, ама тоа е како новороденчето да го враќаш назад во утробата на мајката, како откорнатикот да го засадуваш во родината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Таму каде што се беше претворил веќе во вода, брзаше долу низ долчињата да ги натопи зелените ливади и да се скрие во утробата на мајката земја за да се врати на есен или зима преку матните облаци и да се обнови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама тоа доцна го разбравме, во утробата на бродот, кога одвај се разбравме со другите гурбетчии.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога бевме толку нагнетени во утробите што мислевме ќе ни пукнат како надуени гајди, во ниедна доба се простивме од гостилничарот и воденицата, па којзнае како се извлековме од темницата на патот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со бес во утробата што му се крева до повраќање, и со метеж во мозокот што не знае каде му е главата, Баге се метка по улиците на градот како билјардска топка под последен удар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не сакаше повеќе да ги гледа ни да ги слуша грстовите земја што паѓаа на капакот од сандакот во гробот, како камења што го доубиваат пулсот на слепоочниците закопувајќи го длабоко во утробата на умата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па така сме ти задремале штом од тумбите сме излегле на рамно, вслушани во галежното клацкање на виното не во балонот од багажникот туку во утробата на секој од нас.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Детето плаче во утробата на заспаната мајка.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бев сосема излуден; навечер горев во треска, имав температура по целото тело, однатре, во утробата; го одбивав Земанек да дојдам кај него на спиење, оти сакав да бидам сам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од големото аморфно штофено тело на тезгата извлекува парчиња како црева, ги одмерува и повторно ги враќа во утробата на неговиот нем расчеречен пациент.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Продолжува да брсти. Прстите му се вешти како на тајландски хирург- шарлатан.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сакам тоа,“ и кога го изговарав ‘тоа’, чувствував како нешто ме боли во утробата, „да биде направено на мојот кревет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Изгледаа како да се откинати од светот, како тукушто да ги пуштиле да минат низ портите на рајот, или како пак да ги вратиле во утробите на нивните мајки. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Следниот ден лежев со раширени нозе на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ставајќи си го јажето околу вратот, Жерар де Нервал се сеќава на своите стихови: Мојата ѕвезда е мртва, - а мојата лаута ѕвездена Носи Сонце црно на Меланхолијата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас сега конечно ќе се упокојам, ќе спепелам и ќе се вратам во утробата на земјата од која бев создаден.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Чувствувајќи во утробата некакво валчесто издолжен бигор, врел и поврел од крвта и со свој крак низ целиот душник, болниот ја барал со тврд показалец жилата меѓу своите очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го обземало несовладливо трепетење, го присилувало со болка да го надраснува оној златен и зелен жабурник, она море со мртви води, поинакви од оние што ги гледал кога по казна го воделе во солунската кула и кога го враќале од тој гроб од чии окови не се спасувал ни еден на десет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа љубов, значи, почнала во една пролетна мугра.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа, во миг ќе го растопеше ледот, ќе му ја заблажеше горчината во утробата, ќе ги смиреше брановите кои во секој момент му ја давеа душата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Внатре во утробата ги чувствуваше невидливите бранови, кои ја преплавуваа неговата душа, а таа, час тонеше, час земаше воздух.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Млака задоволеност му се шири во утробата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од зелениот ликер во утробата му се роеја полноглавци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Набргу се откри дека тоа не било митско млеко, како од жртвувани заѕидани мајки, со отвори за градите за доенчињата, како во многу балкански легенди, туку краеви на цевките на механизми кои го дотураа насобраното млеко од козите заробени во утробата на Тврдината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Европските алхемичари овој пат го означиле со латинскиот збор vitrol (visita interiora terae rechtificando inventis lapidem), што значи: престој во утробата на земјата, во потрага по скриениот камен...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Предвидов нешто друго. Можеби другпат.“ Се затвораше и учеше со некоја нејасна мака во утробата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа беше кратковечно бегство, целта, ако тоа беше денот, лежеше уште во утробата на времето зад недогледните ридови на мракот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
После ја виде со некаков хармоникаш мал и долгонос како Грк и се сети на некогашната мака во утробата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Гледаше и чувствуваше леплив мраз во утробата: прстите на хирургот трепереа како нишки трева под благ ветар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа повторно почувствува како забрзано ѝ чука срцето, но и силен скокот одвнатре во утробата кој се ширеше низ целото тело.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во утробата на Томеица во една милисекунда зовре еден крвоскок кој како да ѝ шикна нагоре низ вратот, директно и тресна во лицето и се разлеа насекаде.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Чувствуваше нешто многу силно во утробата, нешто што притиска од внатре, што гори, што се буди, што сака да пробие и силно да ја распрсне својата светлина насекаде од себе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Петок Август ...бела столица, некоја сива мисла исткаена - непроткаена, стуткана во утробата наречена постоење.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Порасни во утробата на тоа бремено утро Истури го сјајот врз синевината Разбуди го ова дете кутро што моли за изгрејсонце Прошири ја виделината ти – Кама Сутро Пренеси им знаење на грешните Облагороди ги овдешните!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Го чуваа само за децата, а тие тројцата ги тутнеа дните со неколку желади дневно, колку да не бидат без ништо во утробите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Му велам Си велам Развеан во утробата На Мајката Вселена Јас Прашина на Векот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Со девет лути закани ме наговараа Да го именувам тој изладен камен Што ќе ја бакне Мајката Прародителка И во утробата нејзина Ќе биде фетус, Нов Свет на потомците што плачат Во студениот саркофаг На мојата скаменета мисла.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
5.6 Јас сум камен фрлен Во утробата на земјата И во утробата на морето.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
И велам: Нека долетаат сите орли За да им го отсликам Сродството со каменот За да им истечат очите во каменот И каменот да им се всели во утробата Како нивна рожба Како статуа неподвижна.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Додека самувам Сам Во самица. Дрвото на животот го паметам Како дете во утробата на векот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Ми се доближува, Гали камен. Сам самувам Во утробата На Мајка.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Не гледај никаде Право в земи гледај Во утробата на оваа планина легни Длабоко закопај се Друг да се родиш.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Било во утробата на мајката, било и да е родено.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка немоќно нè гледаше, да нè рани нас, или рожбата што ја носеше во утробата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
„Претпоставувам дека одвреме на време и ги пронаоѓаат тие клучеви”, допушти нејзиниот маж - и малку се потпре на нејзината рака кога грчот на неговата сега постојана болка во утробата се закани да го свитка.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Речиси сум сигурен дека ако не бев овде Бојка ќе му беше веќе во утробата на мојот постар брат. На Бојка, изгледа, помалку ѝ пречам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Шетате!“ „Токму така“, рече тој едноставно, но нешто му се превртуваше во утробата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Вистина ти велам“, ми објаснуваше тој, „додека збиравме со мајсторот воздух долу, во утробата на чудовиштето, јас постојано мислев за убавината што ќе ја уживаат билките во дворот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ја сети во утробата ѝ света! И се згрчиле небото и земјата...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
А нишките на огнот Олимпија ги сетила во утробата под двојно набљудување: и од громовите и од ангелите!“ ***
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
И потоа птиците, круг од светлини направиле голем... а со клунот ѝ ги донеле во утробата на Олимпија... пламените растрснати и ѝ ги всадиле и ѝ создале чедо!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Спасените кози со врховниот козар Чанга завршија во скривалиштата во Скопје од Втората светска војна во утробата на блискиот рид крај реката Вардар, над која се извишуваше големата тврдина Кале.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Писателот Ален Боске пишувајќи за книгата толкуваше дека козите со козарот Чанга завршиле како жртви во утробата на ридот под тврдината, а авторот се надоврзал на познатата балканска традиција на жртвување на мајка со рожба со изговор за истрајување на големите градби како храмови, мостови, тврдини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
ЈАКОВ: Тоа се чувствува во утробата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Си мислиш барале нешто во утробата своја и така заспале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
а отспроти Паун Радевски ја пресоставува песната „Ена карави апто Пиреја“ и, наместо еден брод тргнува од Пиреја, тој пее „еден брод со нофисти17 тргнува од Драч во незнајно“, ааааа, тис, си пее „ена карави аптом дирахион пуехи меса Нофитис“, си пее, а нас ни се приплакува, морнарите не знаат зошто ни иде така и нѐ бркаат од палубата долу, во утробата на бродот нѐ слегуваат, кај котлите, кај машините и тогаш Паун Радевски запира со песната, се истава настрана и настрана нѐ гледа,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)