во (предл.) - униформа (имн.)

Колку е ова точно, сфатив кога Аугуст де Лоор (основачот на Бирото за советување) ме повика да му се придружам во собата за Прва помош, каде што на една девојка ѝ беше лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Облечени во униформи кои и се и не се униформи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Видовме девојка која лежи на кревет, утешувана од нејзиното момче, а крај нив една жена облечена во униформа на Црвен крст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие, кои се потполно нејасни? Можеби демонски, можеби недолжни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ама и како да не беше гроб туку некоја мермерна трпеза околу која беа наседнати дебелкави и дебели тркалезнообрзани луѓе, сите облечени повеќето во униформи, со тешки ордени на градите, со златни колани и позлатени гранчиња на капите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Меѓутоа, ваквата препоставка брзо отпадна кога, минувајќи низ големиот плоштад „Конкорд“ и упатувајќи се кон „Сен Лазар“, една од невралгичните точки за сообраќајот во Париз, со моите скопјани забележавме дека улиците се преполни со полицајци, со толку многу полицајци што во еден момент, ако не ги препознавав во униформите, ќе помислев дека се војници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Господине поручнику”, вика на својот мајчин јазик кон старешината на групата во униформи на вермахтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Многу полезен.  И гледај: На големата површина распослана покрај морето меѓу стелите и преполовените мермерни столбови се појавуваат слатки мечиња, берлински производи наполнети со слама и дисциплинирано маршираат меѓу плочите на гробовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Првиот е на човекот во униформа и е во прашална форма: „И, велиш едноставно да ги убиеме, силуваме, ограбиме... расониме?“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Човекот во униформа вели да не се плаши, (тој не бил како другите, имал фин адреналин).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Зошто баш во униформа? - ...што случајно ги допира градите, непокриените делови на кожата, бутките, пукнатините, мислите што се откриваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ѝ пречи рапавата рака на човекот во униформа...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Германскиот военостопански офицер во Софија, во својот извештај од 30 април 1943 година истакнува: „Кај Прилеп од страна на бугарската полиција се фатени три лица, очигледно фрлени од англиски авиони, и тоа поранешниот директор на Алатини-Мајнс господин Морган во униформа на англиски мајор, еден југословенски офицер во униформа на поручник и еден англиски механичар (десетар).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Практично, секој оној кој се борел со илегални средства против непријателот и не бил во униформа технички бил партизан и како таков можел да биде убиен или фатен.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Човекот во униформа брзо го вртеше механизмот на полскиот телефон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека ги гледаше овие луѓе во униформи, со колку внимание и со колку грижа ги пренесуваа сиџилите, Татко размислуваше што ќе се случеше доколку не беше интервенцијата на Самир Мустафа, па разбирањето на Водачот, па интервенциите на другарот Чапаев!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Крај нив имаше и други луѓе, во униформи и во цивилна облека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само Полицаецот останува во униформа, но и тој ја врти работата, глуми крадец и ужива во “сластите на предавството”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ете, по тоа женствените улоги се разликуваат од мажествените улоги, кои можат отворено да си полагаат право на природност и на автентичност (дури и мажите во униформа изгледаат понекостимирано и понеизвештачено од конвенционалните жени во вечерно руво: тоа е тоа што ја исцртува разликата помеѓу женствената маскарада и мажествената парада).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И си имаат стрејт-мажи да им бидат икони што ќе ги посакуваат – спортски јунаци, фотомодели, ѕвезди од големото платно и од малите екрани, мажи во униформа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите. ‌Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Длабоко згрозен од едноличниот свет на ниската средна класа во кој се родил, Пол особено, и постојано, се потплашува од „мрсната реа“ на готвено (122, 125, 131), која за него го претставува сето она што има врска со непрефинетата тмурност, со долната телесност и со задушните секојдневни обреди на репродуктивната хетеросексуалност – сѐ што има врска со естетскиот пустош на секојдневниот семеен живот – против кој му се бунтува душата. ‌Пол ќе си најдел сродна душа во ќерка ѝ на Милдред Пирс, Веда, која исто така копнее да избега (како што ѝ нагласува на мајка си) од „твоите пилиња и од твоите пити и од твоите кујни и од сѐ што базди на маст, ... од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
КАДАР (6) назад на (1) ВЕДА: Ќе можам да побегнам од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони. [Се враќа кај масата, го зема чантичето.] МИЛДРЕД: Веда, стварно како првпат во животов да те гледам вистински и евтина си и ужасна си.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите не ги возбудуваат геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите си имаат женски икони – диви, манекенки, холивудски ѕвезди, а денес дури и политичарки – со кои ќе си се идентификуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие си се неговите, си рече.“ 258
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можат геј-мажите да си тврдат дека сакаат да гледаат прикази за самите нив и за своите животи, но ним честопати знаат да не им се допаѓаат приказите за геј-мажите што ги создале геј-мажи или, пак, не успева да им потрае таа заинтересираност за нив. ‌И може да им се разбере неполетноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видоа голем број луѓе во униформи и во цивилна облека, а во шумата беа скриени санитетски коли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во посета повремено ни доаѓаше по некоја сосетка, по некоја пријателка, и тогаш ќе се споменеше дека ќе започне војна, “уште една голема војна,” така велеа сите, а потоа војната навистина започна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ни кажа: пред да преминеме во следната просторија, да се соблечеме, и секоја од нас да помни каде си ја остава облеката. Се соблекувавме бавно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега таму живееше некој човек во униформа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една жена во униформа ни рече дека прво ќе треба да се тушираме пред да нѐ сместат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Над ковчегот фотографија на млад офицер во униформа на кралска српска војска.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Низ дождот се наѕираше џип и нејасна фигура на возач во униформа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Фрапантно е откритието дека возрасни луѓе со факултетско образование, во униформи со чинови, натежнати од крупни одго­ворности, се всушност комплетни идиоти.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Господ да те чува и да ти помогне и да те врати жив, брате!“ зад грбот тивко му рече младиот човек во униформа што пред тоа му ја подаде вреќата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Покрај неа лежи скапа бунда.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во ходникот ја очекува лакеј во униформа, на улицата пар вранци и санки со мечкино крзно...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„А ти си таква добра душа, чиста и нерасипана“, ја фалиш за на крај да ѝ предвидиш дека ќе ѝ помогне човек во униформа... доктор, цариник, банкар... келнер не е!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така настанаа милиони слики на дробни дечиња во униформи плави, сите весели и здрави.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но се премисли кога виде неколку жени во униформи, кои ги пречекуваа на вратата од автобусот и им ги покриваа главите со наметки за да не накиснат, а потоа ги поставуваа во ред еднододруго, водејќи ги тивко и со решителен ритмичен чекор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ќе се исуши по пат,“ ѝ рече жената, мавтајќи ѝ од вратата на автобусот, а потоа додаде: „Со среќа!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Официјалната верзија беше дека таа црна овца е од една позната, стара фамилија и дека имала бурна историја на сомнителни несреќи во неколку лудници во Шпанија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледот на лицето од болничарката беше доволен за да сфати дека никаква молба нема да ѝ помогне пред таа џиновска жена во униформа која, поради нејзината извонредна сила, ја викаа Херкулина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Македонија беше застапувана во дипломатијата со своите десет проценти! И јас бев меѓу нив... Еден процент...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Плоштадот беше набиен со неколку илјади луѓе, вклучувајќи и една маса од околу илјада ученици во униформи на Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хм, умен, се пази, си велам. И така, по кусо време, таму видов двајца луѓе во цивил и еден полицаец во униформа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Својата прва емигрантска Нова година ја дочекав во униформа на валеј на луксузниот Дабл-Ју Хотел.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Господин капетане. Зора е. За човек во униформа доволно е толку спиење.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Нека седне – се јави повторно студениот глас на грофот. – Слободен си – му се обрати потоа на службеникот кој со увежбано движење на рацете го заглави кожениот качкет ниско над челото и излезе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Рековте да го доведам кога ќе се разбуди – рече службеникот во униформа. – Мислам дека е буден – додаде и при тоа дури и се понаведна како да проверува случајно да не сум заспан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не носев доволно ведрина тоа утро додека младиот службеник во униформа ме воведуваше во канцеларијата на другарот Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тате се движеше полека во униформата за да го видиме. „Сврти се повторно“, рече Мама.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Никогаш не сум го видел во униформа, и на крајот тој рече: „Па, добро.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега јас сум облечен во униформа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот се сомнева дека си му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајката, будали оние од управата, бре.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зборуваше долго. Прекина за миг и потоа покажа на планините и рече: - Зад оние планини утре ќе се води тешка борба.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Десно езерото, лево високи, шилести врвови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред неговите очи почнаа да се појавуваат лицата на момците со кои ги помина годините со пушка и во униформа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не чекаше одговор. Рече: - Ќе ве вратиме, магариња, пак во Романија. Да јадете таму мамалига!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По два дена дојдоа некои во униформи, други во цивилни алишта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Момче и девојка во униформа на борци на ДАГ, со автомати в раце, зад нив планини, бункери, експлозии, а под нив и над нив со големи букви: „Непријателот на Вичо нема да помине!“ и „О оехтрос сто Вици ден та пераси!“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Четир... петнаесет...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сè млади, стројни луѓе во униформа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Младиот човек во униформа ми пријде, ми го побара билетот, внимателно го разгледа и ме замоли да појдам кон Терминалот С (with bus).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа штотуку ја газеше испушената цигара, кога тој, со кавалерски, иако пребрз гест (типично козачки!), ѝ понуди нова, Marlboro.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ЈАКОВ: Те предвидов во униформа во драмата, но не знаев дека животот толку ќе ја надмине уметноста.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тие во своите партали, а јас во униформа, ама сега без шмајзер.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веше беше околу 22 часот и нам ни се приспа, кога на вратата се појави дедо ми со еден милиционер во униформа и со вистински пиштол на појасот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мора Чакарвелика добро да ја завршила работата та што толку брзо и лесно Србин и Шишман се најдоа облечени во униформи на бугарски војници, со лавчиња на мусите капи и валани објала со опути на нозете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А пред наседнатата толпа, со подрасчекорени нозе во брич пантолони стоеја тројца офицери во униформи од сив офицерски габардин, само со револвери на појасите, нешто на луѓето им велеа или ги прашуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме гледаат во униформа, а мевот кренат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во униформите на англиската авијација.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ти е прилично во униформа да бидеш труден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)