Гледањето низ појавата на нештата може да бара не само посебен напор, туку исто така и тренинг и експертиза.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Интуицијата се појавува уште кај предмодернистите како што е Демокрит, кој зборува за атомите, кај Хераклит, кој ги зема спротивностите како сеопшти придвижувачи, кај Платон, кој ги наложува Идеите како принцип на реалноста зад подвижниот свет, и кај средновековните философи кои во Бог гледаат придвижувач на сѐ во универзумот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што е лесно да се види тие го сметаат за површинско - т.е. нешто што не наведува во погрешна насока.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За дел од секундата времето во универзумот застана, кога погледите од длабочините на душите на двајца смртници во кулоарите на хаосот и хармонијата се претвори во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не сакам никаков удел во човековите истражувања во универзумот! Паранојата почнува да надоаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
7.00 Ацтечката цивилизација разви своја колонија на месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој чип, тој лост во човекот е преземен од духовната супстанца што е содржана во универзумот, во стварноста, во земјата на која луѓето живеат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Милан и Кети беа стоички луѓе и многу практични, на нивни сопствен начин, но како прости селски луѓе, вродено веруваа во моќта и влијанијата на работењето во универзумот, нешта што тие не можеа да ги разберат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Даниел се движеше со голема брзина во својата сопствена орбита, една во универзумот на другите, сите јуреа кон дестинациите и кон судбините што не беа нивни избор.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Чудесното во сложениот систем на моментот – богатството на неброени осетливи нишки со кои сме впиени во универзумот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И сè поразјарено се обидуваше да му биде потврдена доминацијата во овој разговор, па потоа, секако, во семејството, па потоа на работното место, па потоа во општеството, па на планетата Земја, па во Универзумот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тука е нивната грешка во сфаќањето на картузијанскиот субјект како ултимативно антропоцентричка идеја, додека всушност со растеж на картузијанизмот и со него поврзаната коперниканска револуција, субјектот ја губи својата вкоренетост во природата како и своето средишно место во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Обете својот морален момент го црпат од човечката вера во централната позиција на човештвото во универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
За Албер Ками, распнат меѓу медитеранските екстази од детството младоста и пресметките со европската историја, ова раздвојување на животот, го предизвикува чувството на апсурдот, кое ќе ја структурира во сегмент од филозофски систем...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога ги одвои своите усни од моите, рече: „Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, и се надевав дека низ таа запрашаност ќе стигнам до одговорот за сопствената суштина која ме поврзува со сѐ што постои во универзумот - состојба до која треба да стигне секое човечко суштество поставувајќи си го тоа прашање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, а сега знам: јас сум ништо.“ Идниот ден разговарав со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)