А сега? И натаму во топлината на песокот ја чувствувам сопствената порозност, додека над мене, низ небото со боја на ’рѓа зачкрипува надразнетиот крик на галебот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Различноста беше видлива, и за неа, и за другите околу неа, посебно за прифатените жени во Центарот, а тоа ја исполнуваше со радост што преминуваше во топлина, во необична мекост и непосредност во однесувањето кон нив, станувајќи им на тој начин блиска и пријатна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Го понесуваше и го ужасуваше жената од која бликаа зрелоста и подготвеноста страсно да даде сè што извираше од длабочините на нејзиното срце, од душата и од пичката, а притоа да биде детски наивна во виртуозната игра со која двајцата се спојуваа во мирис на свежа пот и едвај чујни, неартикулирани гласови, во топлина и сласт разлеани по чаршафот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И само шушлакот шуми во тишината на зимата шушти легајќи по сувите лисја како да иде од некое друго време што повторно ќе попаѓа по тревата пресушена по виделото што се повлекува зад прозорците во топлината на пролетта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Тогаш, во топлината на селските куќи во какви што никогаш не живеел, тој сфаќаше колку во тој миг му треба да ја слушне музиката и колку многу му треба да ја сети жената што ја љуби.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
3. Забрането празно во празнина Забранета празнина во мазното Забранети еднороги меѓу еднооки Забрането колвање на зборот Забрането качување по јаже Забрането копање во гробишта Забрането солење на потта Забранета пот под јазикот Забранет шум меѓу трските Забранет чекор кон небиднина Забранета иднина на листот в есен Забрането плукање на јавни места Забранет топломер во топлина Забранета магла во ветар Забранет ветар пред метла Забрането слободно паѓање Забранета забрана за забрани Забранет зборот непреќутен, зборен Забрането гракање според „Неверморе!“
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Убавината на бегството пред студот е токму во повторното враќање, кога студот, немоќта се премавнуваат во топлина, победа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Чана стои под пенџерето, гледа надвор во белото платно на снегот, а едната рака сѐ повеќе и повеќе ја пика во пазувата, во топлината на цицките, стискајќи го пликото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но, бидејќи Аето, заседнат во топлината на роднинскиот прием на Паца заради кој беше дојден, го немаше да се појави, децата наскоро ги ставија своите љубопитни прстиња на колата поради што уште повеќе ги закопка иштата да видат што има во колата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Облечена во топлината на сонцето, покриена со бледата наметка на месечината и ѕвездите, кои порано забранети ми беа.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)