Него го погоди сарказмот во тонот на партискиот водач, а уште пред тоа, неговата сигурност во висината на планинските врвови му се стори смешна и лекомислена.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нешто во тонот на неговиот глас како да додаде, „таа проклета будала“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ми се обрати во тон на полудоверба, излегувајќи од својата постојана бучност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но, каква изненада, во тонот на неговиот глас дофати тврдост и што досега не ја познавал, некое подигање упорно и тврдоглаво.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Богами убави гаќички си избрал. А и комбинезонот е во тон“, го пофалив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Но она, за гревот, не спомнувај го. Има такви работи што треба да ги заобиколуваме. Од таквите нешта ми е шубе!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А и боите се погодени. Сѐ е во тон“, го пофалив уште еднаш а тој, сетив, дали од моите зборови, или по своја вина, сѐ повеќе го забрзуваше здивот: „Ох, замижувам кога избирам“ одвај шепотеше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Избирам со јаготките на прстите. Умирам од желба да ми се случи да напалам таква долна облека што нема да ја сеќавам кога ќе ја допирам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И се чинеше дека во нивните очи гледаш исчекување, во тонот – потсмешливост и прашање: што ли ќе одговори?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Имаше голем број страници пишувани во тонот на егзалтирана балканофилија, како противтежа на дефетистичките расположби од балканската историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Освен тоа, можеме да замислиме како истата сцена некој би ја снимил како Хичкок: како 40 Margina #21 [1995] | okno.mk најблиску до протагонистите, со континуиран дијалог, со употреба на строго кадрирање и со „off” простор за така да ја создаде атмосферата и премините во тонот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Наредното прашање го поставив речиси непосредно, што од моја страна можеби беше избрзување: "Добро", реков со нетрпеливост во тонот на гласот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сепак, најпосле, по долго и упорно набљудување на Тумбица, речиси со нескриена свеченост во тонот, тој на брезничани им објави: „Сега ај ноу што ќе направиме!“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тогаш ги затворија вратите и повторно се зачу гигантскиот звук на дождот што лееше, во тони и лавини, насекаде и засекогаш.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
” само ми рече а јас во тонот на гласот сетив притаен немир што се закануваше да ме растревожи уште вака сабајлечки и да ми ги стромачка намерите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)