Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ама ни офна, ни писна, песот еден. Ене го не! Рие ничкум како свиња во тиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На три четири метра пред целиот танец го исправи простум, му се овргали како бивол во тиња и му се врекна со страшен машки глас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака: — Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се поставуе прашање во што е проблемот при толку „интелектуалци”, а ние сѐ уште тонеме во тињата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Нозете ми натежнале, небаре во тиња, во жив песок да газам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не знам колку време така сум мешала во тињата, во блатото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ми пропаѓаат нозете во тињата, вели, па тињата станува песок, па песокта кал, а јас пропаѓам, вели, и викам: луѓе, ја најдов солта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)