Потоа сѐ се престори во проѕирна и жолтеникава празнина што му искреше од очи и пак во нив, во очите, некаде зад нив, во тилот, се купчеше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа почна да пишува со брзи неуредни чкрабаници: „Тие ќе ме стрелаат не ми е гајле тие ќе ми пукаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат тие секогаш стрелаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа почувствував страотна болка во тилот, во пределот кај што ми беше малиот мозок, и се изгубив.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За време на кино проекциите во салите масовно се грицкало семки и слични нешта, а лушпите ги плукале пред нозете или во тилот на оние што седеле пред нив, се разбира, ако за истите не располагале со податоци кои ги откриваат како активни членови на боксерски клуб со назив „Младост“ или на борачки со назив „Балканец“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се наежува, камата се извлекува од канијата. Два-три скока и право во тилот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Си дишеа еден на друг во тиловите, наслонети над сите цепутки на бараките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислам дека веќе ја нема, ама мене ми е арно во најзадниот ред со ѕидот зад грбот од проста причина што никој не може да ми гледа во вратот, во алиштата, во тилот, а јас можам сите да ги гледам и да ги анализирам.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Стариот му се приближи на кадијата, кој ја поткрена главата и сакаше нешто да преговори, но тој замавна со јатаганот и го удри со тилјето в тил, а овој се онесвести и се испружи врз подот, клоцајќи со нозете.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„Зашто можат да станат некакви компликации.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Си се удрил во тилот и може да стане потрес на мозокот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Гледаат кон нас и нѐ заплашуваат со пцуење, со куршум во тилот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)