Имав чувство, небаре оставајќи го понастрана, самиот живот во течењето на еден ден, да се оддалечам од него, од ритамот на живеењето на моето потесно семејство со мене во Париз, и поширокото во Македонија, Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Колку и да навикнуваше на новиот ред на живеење, колку и да се помируваше со реалноста на еден друг начин на живот, колку и да беше Мајка внимателна, тој не можеше да ја прикрие тивката меланхолија што го обземаше кога ќе останеше долго време загледан во течењето на реката, свесен дека никогаш повеќе нема да ја има илузијата дека ќе замине, некаде далеку, кон Цариград, или кон Америка...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)