Како во тенисот, едниот сервира, а другиот одбива.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ете кој работи, греши, па предложил, како скромен придонес во нереалната желба на момчето еден ден да дотурка до Вимблдон, да го вклучат во тимот кој ќе настапи на државното првенство во тенис.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Јана по најмекиот килим газеше како по груб, дрвен под, со воздржан презир ги победуваше во тенис, секоја недела, машките партнери (а на големо задоволство на групата дечиња, што слепени за мрежестата ограда, ги следеа партиите), во најжестоките турканици по градските улици возеше минимално во трета, а откако ги пушти веѓите, доби тврд речиси андрогин изглед.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)